Извршителите тропаат на врата за сметки стари и по 15 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
@Let 3 Не, за физичко лице е.

И ова сега е ,, последна опомена пред присилно извршување за наплата на долг кај извршител,,.
Тужба не сме добиле до сега.

Што понатаму? Разбрав дека треба некој приговор за застареност на долг да пуштам, од кога ќе ме дадат на суд...
 
Треба да ти покажат дека за секоја сметка која ја побаруваат, поднеле тужба во рок од 1 година. Доколку тоа го направиле, веќе е покомплицирано
 
@Let 3 Не, за физичко лице е.

И ова сега е ,, последна опомена пред присилно извршување за наплата на долг кај извршител,,.
Тужба не сме добиле до сега.

Што понатаму? Разбрав дека треба некој приговор за застареност на долг да пуштам, од кога ќе ме дадат на суд...
Сметки за струја, телевизија, комуналии, вода, телефонија... за физички лица застарува во рок од 12 месеци.
Застарувањето не важи доколку во тие 12 месеци е поднесена тужба.
Значи ако нема тужба до 2006 година за тие застарени сметки, мој совет е да им пратиш писмо со повратница на ОНЕ да му наведеш законскиот член и побараш да долгот како застарен го избришат од книговодствената евиденција.
ПС
провери кај нив дали има тужба и од која дата е пошто може тужбата да не ти е стигната
 
@Let 3 Фала на помошта.
Ако ти дојде писмо од нотар ти ке поднесеш таму приговор дека според ЗОО член 367 се повикуваш на застареност , она ке го пушти на суд и таму истово ке го кажеш дека се повикуваш на тој член на застареност и Чао

Се што ке ти дојде било какво писмо , ако не е од нотар , нема печат од нотар, слободно запали си со тоа оганче ... Овие се финти од оне
 
Имам две прашања :
1. Дали некогаш застарува долгот за наплата кај извршителот?

2. Мојата комшивка е во мака па да и помогнам некако па ке прашам овде , се надевам ке помогнете :)
Комшивкава потпишала договор со Т Мобајл (телевизија , интернет и телефонска линија) Април 2014 година и договорот траел 2 години (Април 2016) , во мегу време зела телевизор од Т Мобајл на рати (,ратата во сметката заедно) ... И паднала во криза и од Мај 2015 ништо не плакала , и целосната цената на телевизорот и го фактурирале во Октомвриската сметка 2015 година ..... Дали е ова сега застарено дело ?
 
Не е застарено. Ке застари во Октомври 2020. Но претпоставувам дека таа е веке утужена од Т Мобајл и веке има правосилна и извршна исправа која е дадена на извршување. Ако е дадена на извршител на застареност ке може да се повика ако изминат 10 години од последното дејствие кое го превзел извршителот- практично никогаш.
 
Погрешно ме разбра
Комшивкава уште ништо не добила,само телефонски повици од наплатни агенции,ништо од нотар, но си се приготвува што ке следува... Нормално они ке почнат кога тогаш со процедура... Нели сметките застаруваат за една година?
Законот за Облигациони односи 367 ??
Како тоа 2020 година ке застари ? Како за 5 години ??

Првото прашање ми беше посебно , не се работи за истиот случај со комшиката, :) Дали некогаш застарува долг кај извршител ? Да или Не

Ај ве молам некој постручен да ми помогне и да ми одговори :)
 
Последно уредено:

Сметките застаруваат за една година. Но, иако телевизорот и го наплаќаат преку сметка, тоа не е долг за комунална услуга, па затоа кога и е раскинат договорот и го побаруваат остатокот да го плати одеднаш. Тој долг не застарува за една година. Друга работа е да се провери дали има правосилна пресуда за да ја бара извршител.
Такви агенции се јавуваат од БЕГ, за наплата на стари сметки на Топлификација. Практично, тие само заплашуваат, вознемируваат. Голем број од тие сметки немаат правосилна пресуда
 
Не е на извршител дадена сеуште... Зема пензија нормално , ништо не е блокирано , ниту писмо од нотар и е дојдено.... Иако телевизорот е фактуриран во октомвриската аметка 2015 год сепак тоа не заатарува?
Да напоменам дека договорот воопшто не го раакинле туку само ја фактурирале целосната цена на телевизорот во сметката
 
Најверојатно таков договор потпишала. Како и да е, не застарува долгот за телевизорот за една година. Меѓутоа, убаво распрашајте се, сега фирмите многу внимаваат на роковите за поднесување тужби

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Погрешно ме разбра
Комшивкава уште ништо не добила,само телефонски повици од наплатни агенции,ништо од нотар, но си се приготвува што ке следува... Нормално они ке почнат кога тогаш со процедура... Нели сметките застаруваат за една година?
Законот за Облигациони односи 367 ??
Како тоа 2020 година ке застари ? Како за 5 години ??

Првото прашање ми беше посебно , не се работи за истиот случај со комшиката, :) Дали некогаш застарува долг кај извршител ? Да или Не

Ај ве молам некој постручен да ми помогне и да ми одговори :)
Убаво ти одговорив, кај извршител може да застари побарувањето само ако не се превземет никакви дејствија во рок од 10 години. Дејствие насочено кон наплата на долгот може да биде секое дејствие кое го превзема извршителот (барање информација, издавање налог, заклучок......) но и секое дејствие кое ке го превземе доверителот (ургенција до извршителот, достава на некоја информација, барање известување до каде е наплатата....), значи застареноста кај извршител ке настане само ако по тој предмет нема ништо превземено во рок од 10 години од последното превземено дејствие и на таа застареност треба да се повика странката, на неа не се внимава по службена должност. Исто така застареност настапува и во случај ако поминале 10 години од извршноста (од денот кога доверителот можел да бара присилно извршување) на извршната исправа а доверителот не ја поднел на извршување. Во тој случај должникот може да се повика на застареност. Исто така застареност може да настане и во случај кога поминале 10 години од извршноста на извршната исправа и доверителот се зезне па го повлече барањето за извршување од еден извршител и го поднесе кај друг, кај тој друг извршител должникот ке може да се повика на застареност.

За телевизорот. Таму не се работи за сметка за телефон која би застерела за една година, тука рокот за застареност е 5 години (бидејќи се работи за физичко лице, ако е правно лице тогаш рокот е 3 години) па затоа ти реков 2020 година.

п.с. ако нешто не ти иде во прилог не значи дека е неточно и нестручно.
Ова ти го пишува човек кој 14 години е директно во извршувањето.
 
Дечки имам едно прашање, после колку време сметките од кабелските оператори се сметаат за застарени ? Од разговори со пријатели и колеги имам слушнато дека после две години лицето има право да не го плаќа долгот бидејќи истиот се смета за застарен. Е сега пробав да најдам нешто поврзано, но тешко да се снајдам со толку многу закони. :icon_mrgr:
 
година дена доколу е на физичко лице и не е тужена неплатената сметка
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom