И богатите прославуваа дома, а во кафана само прв роденден. Јас скоро на сите деца од школо имам идено дома на роденден, а учев во клас во кој пола и повеќе беа деца на богаташи.
На таа возраст се собиравме дома затоа што тогаш немаше игротеки, а можам да се кладам и тогаш да постоеа и ние ќе напињавме да е таму. И таму има музика, неограничени играчки и трескање од земја. Игротеките се најдобар избор и затоа има и најголем хејт.
Ние пораснавме и ни изгледа дека во игротека воопшто не е интересно, ни фали детството и мислиме дека не е тоа што беше порано, кога родендените се прославуваа дома. Оваа година и за двајцата ни беше во зоолошка градина. Децата премногу беа радосни, се изнатрчаа, изнаскокаа и го хранеа животните.
Не дека денешниве мајки сите се мрзеливи и поважно и е да шетаат со другарките (има и такви де како што ги наброја) и не знаат да направат кифли, ордевери и сендвичи, туку големо олеснување е и плус на роденденот си релаксиран, а не како умрен. Би сакал да видам ти со две мали деца дали ќе прифатиш да го правите дома во работен ден.
Си доаѓаш од работа во 4 часот и да спремаш роденден за во 5 часот, да ги земеш децата од закаженото место, нели некои не знаат каде живеете и цела вечер да посветуваш внимание и да одговараш за други 20-30 деца.
Тоа со поклоните е од оние лигавите мамички, само тие се замараат дали маичката треба да се замени или не. Истите тие детето од мала возраст го имаат научено да носи само бренд и дека од целиот роденден поколонот треба да му е најважен. Се` уште се носат такви поклони како тетратки, рамки за слики, парфеми и др. Знам внук ми се фалеше дека добил чаша, моливи и пенкала од овие со фудбалски клубови.