- Член од
- 25 март 2019
- Мислења
- 49
- Поени од реакции
- 205
Ако аплицираш како почетник на оглас во кој е наведено дека бараат почетници и не добиеш ни покана за интервју, многу веројатно е дека CVто не ти е како што треба. Мене лично многу ми пречи кога ќе видам CV со нафрлани информации, куп печатни грешки, згрешени имиња на технологиите кои си навел дека ги знаеш или (и за жал повеќе од еднаш се случило) слика од плажа или кафиќ, со телефон на уво или наочари за сонце.Тие од факултет и академија може да сакаат да почнат и со 800 евра, ама од 100 апликации прашање дали на 5 ќе ги викнат на интервју и дали на една ќе им понудат пракса, а не работа.
А да, колку што имам видено луѓе кои се потценуваат на пазарот, исто толку ги имам видено и што забегале во облаци и бараат ненормални суми, па се чудат зошто и покрај куп интервјуа, никој не им "дава шанса".
За нудење пракса наместо работа, не сум сигурна колку е популарно. Бар јас фирмите за кои знам, во најголем дел директно склучуваат работен однос, освен ако не е во прашање онаа задолжителната тримесечна пракса од факултет. Ама можеби тоа се погодило да е само во мое опкружување.
А дека е храбро (кхм) да бараш 800 евра плата со нула работно искуство, е. Затоа и викам дека нема ништо лошо во споделување на плати од различни луѓе, на различни позиции, во различни фирми, за да може тие што ги интересира да добијат слика за рангот во кој се движат сумите. Јас знам џуниори (во ранг од 0-2 години искуство) со плати од 300 евра, но и такви со 1000+. Е сега, втората никој нема да ти ја понуди ко почетна тазе излезен од факултет/академија/плуралсајт. Ќе почнеш негде со 300-600, во зависност од тоа како ќе успееш да се продадеш на интервју и во каква фирма, и после ќе се покажуваш и докажуваш за да напредуваш брзо.