ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
25 март 2019
Мислења
58
Поени од реакции
210
Тие од факултет и академија може да сакаат да почнат и со 800 евра, ама од 100 апликации прашање дали на 5 ќе ги викнат на интервју и дали на една ќе им понудат пракса, а не работа.
Ако аплицираш како почетник на оглас во кој е наведено дека бараат почетници и не добиеш ни покана за интервју, многу веројатно е дека CVто не ти е како што треба. Мене лично многу ми пречи кога ќе видам CV со нафрлани информации, куп печатни грешки, згрешени имиња на технологиите кои си навел дека ги знаеш или (и за жал повеќе од еднаш се случило) слика од плажа или кафиќ, со телефон на уво или наочари за сонце.

А да, колку што имам видено луѓе кои се потценуваат на пазарот, исто толку ги имам видено и што забегале во облаци и бараат ненормални суми, па се чудат зошто и покрај куп интервјуа, никој не им "дава шанса".

За нудење пракса наместо работа, не сум сигурна колку е популарно. Бар јас фирмите за кои знам, во најголем дел директно склучуваат работен однос, освен ако не е во прашање онаа задолжителната тримесечна пракса од факултет. Ама можеби тоа се погодило да е само во мое опкружување.

А дека е храбро (кхм) да бараш 800 евра плата со нула работно искуство, е. Затоа и викам дека нема ништо лошо во споделување на плати од различни луѓе, на различни позиции, во различни фирми, за да може тие што ги интересира да добијат слика за рангот во кој се движат сумите. Јас знам џуниори (во ранг од 0-2 години искуство) со плати од 300 евра, но и такви со 1000+. Е сега, втората никој нема да ти ја понуди ко почетна тазе излезен од факултет/академија/плуралсајт. Ќе почнеш негде со 300-600, во зависност од тоа како ќе успееш да се продадеш на интервју и во каква фирма, и после ќе се покажуваш и докажуваш за да напредуваш брзо.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564

Несредени CV-a, недоволно знаење, огромен број на луѓе со диплома во рака (од факултет или академија)...не е баш лесно за почетници во моментов.

Тоа со сумите е циркузи, на сред интервју се имаат јавувано дома да прашаат дали е ок да прифатат :D
Од досегашно искуство апла почетниците првите 3 месеци не знаат на која планета се паднати, следните 6 месеци едвај почнуваат да решаваат нешто поедноставно, продуктивност од нив дури после 1 година активна работа.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Тоа со сумите е циркузи, на сред интервју се имаат јавувано дома да прашаат дали е ок да прифатат :D
:pos::pos::pos:
И си викаш, леле ја заебавме работата со понудата?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
:pos::pos::pos:
И си викаш, леле ја заебавме работата со понудата?
Си викаш овој нема свое јас да одлучи дали сака да работи или не, а не пак да му дадам доверба и обврски :D
 
Член од
25 март 2019
Мислења
58
Поени од реакции
210
Тоа со сумите е циркузи, на сред интервју се имаат јавувано дома да прашаат дали е ок да прифатат :D
АМА ЗОШТО??? :uzi:Мислам, не можам ни да пробам да го објаснам мајндсетот во кој ова е нешто прифатливо.
Сум посведочила и јас на секакви интервјуа, ама вакво нешто да ми се случеше ќе мислев сонувам. :ROFLMAO:
Ок кога ќе размислам подобро, имав една колешка што одговара на ваков профил на човек. Можеби и не е така чудно. :confused:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
АМА ЗОШТО??? :uzi:Мислам, не можам ни да пробам да го објаснам мајндсетот во кој ова е нешто прифатливо.
Сум посведочила и јас на секакви интервјуа, ама вакво нешто да ми се случеше ќе мислев сонувам. :ROFLMAO:
Ок кога ќе размислам подобро, имав една колешка што одговара на ваков профил на човек. Можеби и не е така чудно. :confused:
Се вртиш и бараш каде е скриена камерата :D
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.595
Си викаш овој нема свое јас да одлучи дали сака да работи или не, а не пак да му дадам доверба и обврски :D
Може да има свое јас за платата, ама после тебе да не ти дојде женаму за расправање :D
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Дечки не се сите ситуации за терање сеир. Две фирми лично знам кои даваат понуда со обврзувачки клаузули во договорот, со пенали за напуштање, со исплата преку трети лица со цел да се избегне данок итн. И двете фирми бараат договорот да се потпише на лице место, не може да го земеш дома да го разгледаш. Сигурно има и повеќе вакви ситуации. И како некој кој прв пат гледа договор за работа, како најголем број почетници, не гледам ништо лошо во тоа да се биде претпазлив.
А и не гледам нишо лошо во тоа некој да се консултира за понудата со кој било, дали со мајка/татко/партнер/пријател/you name it. Ниту знаете како му се финансиите дома на некој, ниту треба да правите претпоставки, најмалце па да се исмејувате на јавен форум.

Искрено претеравте малце на темава, арно пиша некој погоре. Сите сме биле џуниори, сите сме поминале низ таа фаза. Не го терајте оној класичен филм "Ама во наше време вака беше, така беше". Чил малце.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516

Можел пред интервју да се консултира со родителите, партнерот, со кој сака. На сред интервју ако го прави тоа, е проблем. Утре ако имаме проблем на работа со него ќе го решавам, или со мајка му?
 
Па договор не се потпишува на интервју, реално. Се дава понуда и се остава простор на кандидатот да размисли,да го разгледа договорот дома, да се консултира итн.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Дечки не се сите ситуации за терање сеир. Две фирми лично знам кои даваат понуда со обврзувачки клаузули во договорот, со пенали за напуштање, со исплата преку трети лица со цел да се избегне данок итн. И двете фирми бараат договорот да се потпише на лице место, не може да го земеш дома да го разгледаш. Сигурно има и повеќе вакви ситуации. И како некој кој прв пат гледа договор за работа, како најголем број почетници, не гледам ништо лошо во тоа да се биде претпазлив.
А и не гледам нишо лошо во тоа некој да се консултира за понудата со кој било, дали со мајка/татко/партнер/пријател/you name it. Ниту знаете како му се финансиите дома на некој, ниту треба да правите претпоставки, најмалце па да се исмејувате на јавен форум.

Искрено претеравте малце на темава, арно пиша некој погоре. Сите сме биле џуниори, сите сме поминале низ таа фаза. Не го терајте оној класичен филм "Ама во наше време вака беше, така беше". Чил малце.
Стандарден договор со отказен рок од 1 месец, ништо посебно, а што е прифатливо со домашните се дискутира уште пред да отидеш. Не те викаат втор или трет пат оти си многу убав туку веројатно оти си во потесен круг.
Ако заглави со работата ќе ме поврзе со домашните да го решаваме?

Па договор не се потпишува на интервју, реално. Се дава понуда и се остава простор на кандидатот да размисли,да го разгледа договорот дома, да се консултира итн.
Во ниедна фирма каде што сум работел до сега не ми дале да извадам непотпишан договор надвор.

Може да има свое јас за платата, ама после тебе да не ти дојде женаму за расправање :D
Јас го бирам него, не жена му :D
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Стандарден договор со отказен рок од 1 месец, ништо посебно, а што е прифатливо со домашните се дискутира уште пред да отидеш. Не те викаат втор или трет пат оти си многу убав туку веројатно оти си во потесен круг.
Ако заглави со работата ќе ме поврзе со домашните да го решаваме?
Во ниедна фирма каде што сум работел до сега не ми дале да извадам непотпишан договор надвор.
Не го сфаќам процесов, викате кандидат на интервју и на лице место му давате понуда? Или го викате да му дадете/дискутирате понуда?

Освен на едно место,мене секаде ми го давале договорот, дали физички, дали на мејл. Шо е океј,пошо ти дава време да разгледаш и преговараш.

Вака ептен во небрано се става кандидатот,уште и глуп е ако се консултира со некој :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Не го сфаќам процесов, викате кандидат на интервју и на лице место му давате понуда? Или го викате да му дадете/дискутирате понуда?

Освен на едно место,мене секаде ми го давале договорот, дали физички, дали на мејл. Шо е океј,пошо ти дава време да разгледаш и преговараш.

Вака ептен во небрано се става кандидатот,уште и глуп е ако се консултира со некој :)
Го викаш да дискутираш понуда.

Дали праќаат или не е политика на фирмата, а ниту сум добил досега ниту ќе пратам непотпишан договор без да му дадам да потпише NDA.

Никој не ти клава нож на грло да потпишеш одма, може да кажеш ок ја видов понудата, дајте ми ден-два да размислам.
 
Член од
9 септември 2018
Мислења
17
Поени од реакции
8
Некој да сподели искуство со The Bright Box, гледам во последно активни се со понудите...
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Некој да сподели искуство со The Bright Box, гледам во последно активни се со понудите...
Даваат добри плати, ама незнам зошто сите што ги познавам за кратко време бегаат од таму.
И мислам дека имаат фиксно работно време од 8 до 4. Не се флексибилни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom