ИЕ 1 и ИЕ 6

Член од
5 јуни 2008
Мислења
23
Поени од реакции
2
НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС Е АЛБАНЦИТЕ МЕДИУМСКИ ДА СЕ ИГНОРИРААТ

Албанците кои се помалку од 20%, вероватно околу 14%, станаа партнери на македонскиот народ, па прифативме Македонија политички да е претставена со две македонски и две албански партии, наместо според статистиката, еве дури и 24% според нивни тврдења, да биде соодносот 6 македонски наспроти 2 албански партии!
Еве овде сега наместо да разговараме за кризата во македонските партии, за нашата трагика, за закрвавеноста меѓу дпмне и сдсм, ние мудруваме, навиваме, се правиме експерти за ова диво племе кое не ни дозволува да профункционираме како современа демократска држава.
За мене патриот е оној политичар, новинар, граѓанин кој без неопходна причина нема да ги спомнува. Вака што правиме, ги промовиравме во фактор кој одлучува за нашата македонска иднина, дури онаа шизофренична мочла портпаролка на ДУИ (Елмира) не еднаш бара, и Албанците да биле вклучени во разговорите со Грција за името !? Или пак инфантилни корумпирани политичари и платени новинари тврдат дека ако не сме направеле компромис за името, и не сме влезеле во НАТО Албанците ке си оделе, алудирајќи на отцепување на дел од Македонија !? Е тоа е затоа што двете македонски партии со такви елити какви за срам на македонскиот народ ги имаат, ги уништија помалите патриотски партии, медиумите се во нивна функција, и наместо да слушаме или читаме и други македонски идеи, опции, сите како хипнотизирани го промовираме нашиот непријател во партнер, ја уриваме сами унитарна Македонија и самите преку Гегоизација и го менуваме културолошкиот, етничкиот карактер, и им дозволуваме на Албанците како нелојално малцинство, еднаш да не загрозуваат заради своите сепаратистички цели и вторпат во играта на нашето опкружување. Доказ е и изјавата на Бакојани пред самитот во Букурешт кога најави дестабилизација на Македонија заради `оправданите` барања на албанското малцинство во Македонија, што коинцидираше со уцената и излегувањето на ДПА од владината коалиција. Затоа мои драги форумџии патриоти, не се вознесувајте во овие теми каде во жижата на нештата ги ставате Албанците, размислувајте за нас Македонците надвор од накарадните партиски рамки, затоа што Македонија денес се урива преку македонската политика.
Се согласувам, наместо сами што им ги промовираме антимакедонските ставови, и го ослабнуваме македонскиот национален имунитет, треба целосно да бидат игнорирани, а нивните политички претставници кога настапуваат од позиција на рушење на уставниот поредок да се стават под:locked:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
АНТИГЛОБАЛИСТ, КОЈ КОРИСТИ ИНТЕРНЕТ....НЕ Е АНТИГЛОБАЛИСТ!
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
23
Поени од реакции
2
Да но живееме во време кога вообичаената терминологија не одговара на новите перцепци

Она што е контекст за глобализација од економски и политички аспект, сведоци сме дека од технолошки аспект како што е информатичката технологија глобализацијата е цивилизациска придобивка :wink:
Или околу контрадикцијата на значењата, на пример за согласноста во политиката, токму за спорот за името со Грција имаше еден многу интересен исказ од дипломат кој ни даде искрена подршка. Тој констатира со прашање, зашто во спорот со Грција да не се употреби формулата за согласност што ја постигнаа Грција и Турција за прашањето со Кипар ! Имено двете држави се согласија да не се согласат за Кипар, и имаме стаускво, сите притисоци од меѓународната заедница престанале, а не како со Македонија сите ни прават притисок да попуштиме.
ОК! ја прифаќам духовитата забелешка.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Демократската Унија за Интеграција, во овој ден на жалост за нашата партија, за Албанското општество и за демократијата во Македонија, во овој ден кога се организира погребот на херојот на демократијата, уште еднаш го афирмира нашиот став дека вчерашниот ден ќе биде симбол за најостро силување на слободниот глас.

Наместо да прогласиме победа, ние денес ја споделуваме болката со семејството кои за помалку од еден час ќе го испратат во вечниот дом Насер Ајвази, кој ќе биде запаметен како херој паднат во заштита на слободниот глас на граѓаните. Ние ја споделуваме жалоста со членовите на семејството, со жителите на Арачиново и Грушино и ја споделуваме жалоста со сите Албанци каде и да се.

Демократската Унија за Интеграција изразува бладодарност до сите активисти и симпатизери на партијата кои останаа доследни и не дозволија да бидат испровоцирани од тешките провокации кои организирано ги вршеа Алфите и милитантите на ДПА. Изразуваме огромна благодарност до сите граѓани Албанци кои не поддржаа со нивниот глас!

Шокантна е „храброста„ и ароганцијата на криминалците и фалангите на ДПА и Алфите кои на многу гласачки места, во присуство на меѓународните претставници, ги полнеа кутиите со фалсификувани гласачки ливчиња, се закануваа, напаѓаа и уценуваа не само членови на изборните комисии, туку особено граѓаните кои беа излегле на гласање. Шокантно е држењето во заложништво на официјални претставници на ДИК и меѓународни набљудувачи во селото Порој, Тетовско, во кое оперирал пратеникот во оставка и кандидат за пратеник на ДПА, Даут Реџепи Лека. Шокантно е присуството на синот на судијата Бедредин Ибрахими, Агон Ибрахими, на гласачкото место 1927 во Тетово, кој, откако им се заканил на овластените претставници на ДУИ и откако ги отстранил од гласачкото место, насилно полнел кутии. Скандалозно е учеството на Министерот за здравство во оставка и носител на листа во ИЕ 1, Имер Селмани, кој заедно со Кондовската банда, уште пред да бидат отворени гласачките места, полнел кутии со фалсификувани гласачки ливчиња. Скандалозно е тоа што Евро Амбасадорот Ерван Фуере бил лично сведок дека во просториите на Градоначалникот на Сарај, Беким Фазлиу, биле депонирани однапред полнетите гласачки кутии. Шокира присуството на кандидатот за пратеник и Потпретседател на ДПА, Ружди Матоши, во населбата Серава во Чаир, каде заедно со бандата на Бушат Хасани, Гафур Хасани и личниот шофер на Матоши, го оркестрирале обидот за убиство на членот на Претседателството на ДУИ, Бекир Хасани, кој се наоѓа во болница. Притворањето на Агим Красниќи со воен арсенал како ја тероризира целата ИЕ 1 не заслужува никаков друг коментар!

За сите овие дејствија бараме институциите на државата да превземат итни мерки бидејќи на 1ви јуни во Македонија потфрли правната држава. ДПА, со криминални и незаконски дејствија се однесуваше во целата ИЕ 1 и ИЕ 6 и во оваа прилика го повикуваме Јавното обвинителство и Јавниот обвинител итно да отвори досие и случај против ДПА и нејзиниот лидер.

Во оваа прилика, уште еднаш повторуваме дека ДУИ ги оспори резултатите во ИЕ 1 и ИЕ 6 каде на организиран начин се крадеа гласови и за сите овие случаи ние имаме подготвено посебно досие со филмски материјал. На сите овие места ќе бараме целосно прегласување.


И покрај невидениот терор кој беше вршен вчера, ДУИ, сепак, излезе победник!


Денес - Алксандар Дамовски Демократијата, Ајвази, Ермира и владините фотелји Падна во борба за демократијата, ја дефинира портпаролката на ДУИ смртта на членот на нивната партија Насер Ајвази, кој загина демократски пукајќи во полицаец, со демократска намера да го рани или убие.
Приказната е оваа: на денот на изборите, во неделата наутро, Насер Ајвази свечено зел демократска пушка на рамо и тргнал во борба за демократијата. По некое време му текнало дека патот до демократијата сепак не е толку лесен и дека тешко ќе може да го совлада непријателот само со една пушка, па се вратил дома и, овојпат не на рамо, туку на кола, заденал вистински демократски пушкомитралез. И тргнал на пат за Арачиново. Партиската задача е дека народот мора да се просветлува, да се учи, што знае проста маса како се заокружува гласачкото ливче. Мора демократски да му се покаже како и за кого да гласа, да не случајно потклекне пред својот личен избор. Нивниот лидер се слика со книга во рака, на неговиот испеглан костум нема траги од рововска кал, но тие, теренските борци за демократија, за правата на народот, знаат како навистина се стигнува до целта. А и секогаш е полесно со пушкомитралез да просветлуваш еден се уште заостанат, нецивилизиран и понекогаш и неписмен народ. Тој не ја разбира книгата, дури и ако се слика со неа.

И нашиот прекален борец за демократијата Ајвази тоа утро наишол на својот непријател, на непријателот на развојот и напредокот - полицијата. Борбата сигурно траела најмалку еден час. Ајвази како и секој борец за демократија до последниот атом од своите сили, имајќи го на ум само правото на народот правилно да гласа, до последниот куршум се борел за таа кауза. Во нерамна и сурова борба на 1 јуни, тој тажен ден за демократијата, Насер Ајвази трагично го загуби животот среде бастионот на демократијата, Арачиново. Загина од куршумите на клетите полицајци, кои и понатаму не можат да погледнат ни чекор подалеку од својот нос и да дофрлат до демократијата,
и кои слепо веруваат во недемократското гласање на принципот еден човек, еден глас.
Правилниот избор е тој на Ајвази и на неговата партија, кои се убедени во тоа дека само со силни и јасни препораки и беспоговорни упатства демократијата еден убав светол ден ќе стигне насекаде по Земјината топка. Па и пошироко.

Нов, најсвеж пример на правење будали во македонската историја и соживот. Ова не ни е ни прв, а очигледно ни последен пат (живо се сеќаваме на легендарните мобилни телефони што ги “фрлаа” албанските терористи во 2001-та наместо бомби, на наместениот плач пред сите светски камери и на безброј не толку екстремни примери на правење будали. Такви работи не се забораваат).
Значи класичен криминалец, терорист, бандит, отпадник со илегално оружје пука во полицаец, односно во државата, и тој за партијата со најмногу терористи по пратеничко место е жртва, борец за демократија. Таа партија организира протести на кои му се оддава почит на овој “херој” и јавно раскажува приказни во кои веќе ни самата не верува. Истата таа партија од петни жили се бори да стане дел од власта и да го земе Министерството за транспорт за да може под маса да дели плацеви и дозволи, да дава концесии (како дел од нивната демократија), не се ни обидува да скрие дека пукачот во полицајци е нивен член. Не се ни обидува да го скрие, да го прикрие тој класичен криминален чин, за да не се откријат сите нивни факултативни активности, покрај политичките. Не, тие се храбри, отворени, искрени и беспрекорни. Затоа што, како што еднаш и на јавна сцена кажа нивниот лидер Али Ахмети, тие секогаш имаат и друг излез - шумата.
ДУИ не се ни обиде да објасни како тоа нивен истакнат член на денот на изборите, рано наутро од својот дом наместо со лична карта излегол со пушкомитралез. Никој од нив не се ни обиде да скрие, да каже дека тој не е член, дека не го познаваат и да го осудат излегувањето на гласање со секој цевкаст предмет освен пенкало. Не. Наместо тоа тие по итна постапка го прогласуваат бандитот за демократски херој, избираат организациски одбор што од државата ќе бара пензија за неговото семејство и оформува тим што до неговата родна куќа ќе гради споменик, белег за новите генерации да научат како се стигнува до демократија и да го продолжат патот на нивните татковци. “Овде почива борец за демократијата. Потпис: Секогаш твои - Али, Фазли, Ермира и Теута.”

Е овие наши пријателчиња многу сакаат да бидат во власта. Беа неколку години со Црвенковски, им се виде убаво. Во планина веќе не се издржуваше. Зима дојде. Фотелјите на власта се удобни, бифето е евтино, а и парно има. Па не џабе гласаа за предвремени избори. Идеологија! Лева десна опција! Принципи! Доследност! Право на избор на мандатарот! Јок! Се е тоа лук и вода во споредба со борецот за демократија Ајвази. Тоа е тоа! Така беше 2001, така и ќе биде, убедени се Ахмети и неговата камарила.
Како што реков, јуни е, лето, планините се тука, дрвјата се раззеленети, нема снег, топло е, зелено е. Зелената боја одмора, а каде најмногу ќе се одмориш ако не таму каде што е најзелено - во планината. А што можеш друго да правиш во планина освен да пукаш. Нивните сивомаслинести униформи најдобро одат со зелената шумска боја. Разлистаните дрвја стануваат одлична камуфлажа. Да не зборуваме за чистиот воздух, макробиотската исхрана и исконската блискост со природата.
Одамна се симнати во град и глумат мир, па најверојатно веќе сериозно ги чеша раката, навикната на топол митралез. Сето тоа е во ред, разбираме. Ама дајте малку подостоинствено до целта, ве молам. Ние пораснавме од мобилните досега. Пораснете и вие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom