- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
ИВЗ бара вработување на џихадистите повратници од Исламската Држава
Проектот на Исламската верска заедница за спречување на радикализација и вклучување во тероризам на нејзините припадници, главно на страната на Исламската држава, а подготвен од хуманитарната организација ,,Хилал‘‘, не содржи само мерки за правилно разбирање на испамот, одвраќање на младите од радикалниот ислам, социо-психолошка и финансиска помош за семејствата на тие што заминале во Џихад, туку и ресоцијализација и вработување на повратниците од боиштата.
Токму делот на вработување, односно социјална и економска рехабилитација, предизвикува дилема, како потенцијални сурови убијци можат да бидат интегрирани во јавните установи или македонското стопанството.
Оттаму проектот предвидува, прво преквалификација или доквалификација на поранешните џихадисти во готвачи, столари, бербери и други слични занаети, пред се поради, во најголем дел нискиот степен на образование на овие лица.
Второто барање е всушност и најшокантно. Во проектот се предвидува вработување во јавниот сектор и преговори со приватниот сектор од страна на Министерствата за внатрешни работи или за труд и социјала, со кои би ги стимулирале бизнисите во земјава да вработуваат поранешни учесници во конфликтите, со целосно или делумно покривање на нивните платите.
Втората опција која ја предлага ИВЗ е микро-кредитни шеми како финансиска помош за поранешните учесници во војни со кои би влегле во одржливи мали бизниси.
Идеата на проектот, според поглаварот на ИВЗ, е благородна.
Сепак во самиот документ стои фактот дека се работи за комплексни прашања, како што се: периодот на враќање на учесниците кој е непредвидлив, како и соочување со законот на поранешните учесници во војни, кој предвидува затворска казна од 4 години.
Валентин Николоски
http://sitel.com.mk/ivz-bara-vrabotuvanje-na-dzhihadistite-povratnici-od-islamskata-drzhava-0
Не да ги казнуват ама да ги наградуват. Со други зборови одењето во Џихад би било како апликација за работно место.
Според мене за нив постои едно и единствено решение, веднаш и по кратка постапка одзимање на државјанството.