Зошто социјализам, од Алберт Ајнштајн

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.194
Поени од реакции
12.092
Го прочитав ова дело и она што ме натера да го ставам тука се очигледните работи кои Алберт ги предвидел уште во далечната '49, а она што мене најмногу ме иритира е фактот што истите денес се втемелени врз ова наше "општество". Кој го мрзи нека ги прочита само задебелените делчиња, доста се едукативни.

Овој есеј првенствено беше објавен во првиот број на Monthly Review (Мај 1949).

Дали е паметно за некој кој нема стручна експертиза во областа на економија и социјалните науки да искажува мислења од темата на социјализмот? Јас имам многу причини да верувам дека е така.

Најпрвин, да го земеме во обзир прашањето од поглед на научно познавање. Може да се установи дека нема големи методолошки разлики помеѓу астрономијата и економијата: научниците од обете науки се трудат да изнајдат општо прифатени правила на одредена група на феномени, со цел да ги воспостават меѓусебните внатрешни врски на ниво кое би било најпросто за разбирање воопшто. Но во реалноста, такви методолошки разлики не постојат. Откривањето на овие закони и правила во областа на економијата стана толку тешко што придонесе овие економски феномени да бидат под влијание на повеќе фактори за кои е многу тешко да бидат подложени на раздробување секој од нив посебно. Во продолжение, искуството со кое се здобивме од почетокот на таканаречениот цивилизиран период на човечката историја, како што добро знаеме, е подложен под големо влијание и ограничен од причини кои ни под разно не припаѓаат во природата на економскиот сектор. На пример, најголемиот број држави од историјата и го должат своето постоење на освојувањето. Освојувачките народи се етаблирале себеси, легално и економски, како привилегирана класа од освојувачкиот свет. Тие грабеле за себе огромни парчиња земја, на кои за одговорни ставале свештеници, кои биле од нивните редови. Свештениците, кои биле задолжени за образованието, направиле таква класна поделеност која била постојана институција и создадена од систем на вредности кои за луѓето им беа наметнати, во голем дел безсвесно, во нивното социјално однесување.

Но историската традиција е, да речеме, од вчера; никадене успеавме да ја победиме "фазата на предаторите" од човечкото развивање, како што Thorstein Veblen ја нарече. Економските факти кои припаѓаат на оваа фаза и дури таквите закони и правила што можеме да ги извлечеме од нив не можеме да ги примениме во другите фази. Бидејќи вистинската намена на социјалимзот е прецизно да ја победи и напредно да ја освои фазата на предатори од човечкиот развиток, економската наука во денешно време може да го осветли само малку социјалистичкото општество на иднината.

Второ, социјализмот е насочен кон социјално-етичкиот крај. Науката, како и да е, не може да создава вакви краеви, а пак најмалку им ги преточи во умовите на човечките суштества; науката, најмногу би можела да ги обезбеди начините на кои би успеале овие намени. Но, сепак тие се создадени од личности со многу племенити етички особини и идеи, и ако овие краеви не се родат без резултат, туку витални и силни, и ако се посвојат и се прифатат од оние личности кои, полусвесно го гледаат бавниот развиток на општеството.

За овие причини, ние не смееме да ја потценуваме науката и научните методи кои доаѓа прашањето на човечките проблеми; и не треба да претпоставуваме дека експерти се оние кои имаат право да го искажат своето мислење на проблемите кои влијаат на организацијата на општеството.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.194
Поени од реакции
12.092
Безброј гласови веќе подолго време велат дека човечкото општество плови низ криза, дека неговата стабилност е сериозно разнишена. Карактеристично за ваква една ситуација да одредени личности се чувствуваат индиферентно дури и непријателски кон одредена група, мала или голема, кон која тие припаѓаат. За да ви го отсликам подобро ова, дозволете ми ви објаснам едно лично искуство. Неодамна дискутирав со еден интелигентен и добро-етаблиран господин околу закана од друга војна, која според мое мислење сериозно ќе го загрози постоењето на човекот, и му дадов до знаење дека сметам единствениот начин на заштита од таква закана е создавање на . И тогаш, мојот гостин многу смирено и ладно, ми рече: "Зошто Вие толку многу се противите на исчезнувањето на човечкиот род?"

existence of mankind, and I remarked that only a supra-national organization would offer protection from that danger. Thereupon my visitor, very calmly and coolly, said to

Јас сум сигурен дека пред скоро еден век никој не би дал ваква изјава толку ладно и лесно. Оваа изјава му припаѓа на човек кој се толку многу тврдоглаво се стреми во успевање на еквилибриум со себе си и има повеќе или помалку надеж дека ќе успее. Болната самотија и изолацијата е она што многу луѓе денес патат. Што е причината? Има ли начин да се победи?

Многу е лесно да се прашаат вакви прашања, но многу тешко да се одговорат дури и со најмал степен на уверување. Морам да се обидам, како и да е, со најдоброто што можам иако сум доста свесен од фактот што нашите чувства и стремежи се често контрадикторни и непознати и тие неможат да се искажат во проста и лесна форма.

Човекот е, во исто време, и само суштество и социјално суштество. Како само суштество, тој се труди да го одбрани своето постоење и на оние кои му се најблиски, и во исто време да ги задоволи своите лични потреби и да ги развие своите внатрешн квалитети. Како социјално суштество, тој е во потрага по љубов и разбирање од своите човечки суштества, да ги дели своите задоволства, да ги теши тагите и да им ги подобри условите за живот. Само постоењето од овие е различно, често во конфликт, цели кон специјалниот карактер на човекот и неговите специфични комбинации кои го определуваат начинот на кој личностите го достигнуваат својот внатрешен еквилибриум (баланс) и можат да допринесат за општото добро на општеството. Возможно е врската помеѓу овие две особини да доаѓа од наследните гени. Но личноста која накрај се формира е создадена од околина во која главно се наоѓа човекот додека се развива, од структурата на општеството во кое тој расте, и по традиција на тоа општество и земајќи ги во предвид одредените типови на однесување. Апстрактниот концепт на "општество" придонесува на индивидуалното човечко суштество за неговите резултати од директните и индиректните релации со модерните и претходните генерации. Индивидуата е во состојба да мисли, чувствува, стреми и работи самостојно; но тој зависи од општеството во неговата физичка, интелектуална и емоционална егзистенција, што прави да е невозможно да се размислува за него, или да биде разбран надвор од рамките на општеството. Ваквото "општество" му обезбедува на човекот храна, облека, дом, алатки за работа, јазик, форма на мислата и најголемата содржина од неа; неговиот живот е создаден благодарение на многуте кои допринесле со тешка работа и кои се кријат зад еден мал збор "општество".

Очигледно е, од тука, зависноста на индивидуата од општеството е природен факт кој не може да биде отфрлен, слично како кај случајот на мравките и плечите. Додека целиот животен процес на мравки и пчели е наместен до најмалиот детаљ, според наследените инстинкти, социолошкиот шаблон и корелацијата на човечките суштества може да варира и доста да се менува. Меморијата, капацитетот да се направат нови комбинации, е подарок од оралната комбинација која придонесла да се оствари развитокот помеѓу човечките суштества кои не се диктираат од биолошките потреби. Ваквите развивања се манифестираат во традиции, институции и организации; во литературата, во науката и инжењерството и во уметноста. Ова објаснува како се случува, во одредени случаеви човекот да влијае врз неговиот живот од сопственото однесување, и во тој овој процес свесното размислување и сакање може да одигра голема улога.

Човекот кога се раѓа се здобива, преку наследство, биолошка конституција која мораме да ја сметаме како фиксна и неменлива, вклучувајќи ги природните нагони кои се карактеристика на човечкиот род. Во продолжение, за време на својот живот, тој се здобива со културна конституција која ја усвојува од општеството преку комуникација и преку многу видови на влијанија. Културната конституција е онаа која, со текот на времето е подложна на промени и која ја одредува во голема мера врската помеѓу индивидуата и општеството. Модерната антропологија не научи преку компаративни истражувања од така-наречените примитивни култури, дека социолошкото дружење на човечките суштества може да се разликува во голема мера и зависи од културните шеми и организацијата која владее во општеството. Ова е доказ за оние кои се обидуваат да ја подобрат големината на човекот, слободно можат да ги заборават своите надежи: човечките суштества не се проколнати поради нивната биолошка конституција, да се уништат себеси или да бидат на милоста на една крвава судбина.

Ако се запрашаме себеси како структурата на општеството и како културното однесување на човекот треба да биде сменето во корист на подобрување на човечкиот живот, ние мораме постојано да бидеме свесни на фактот дека постојат одредени услови кои не можеме да ги менуваме. Како што спомнав погоре, биолошката природа на човекот не е,за сите практични намени, подложна на промени. Понатака, технолошките и демографските развивања од последните неколку века направија услови кои исто нема да се сменат. Во релативно густо населените популации каде материјалните добра се апсолутно потребни за нивното постоење, екстремна дивизија на труд и високо централизирана продуктивна апаратура се апсолутно потребни. Времето - кое, кога гледаме наназад, изгледа толку идилично - завршува засекогаш кога индивидуата или релативно мала група може да бидат комплетно себеси потребни. Мало преувеличување на работите е да се рече дека човештвото конституира дури сега една планетарна заедница од производство и потрошувачка.

Сега имам достигнато точка каде на кратко покажувам што според мене ја сочинува суштината на кризата од времето во кое живееме. Се темели на врската помеѓу индивидуата и општеството. Индивидуата постана повеќе свесна од било кога за својата независност од општеството. Но тој не ја доживува оваа независност како позитивна вредност, како органски дел, како заштитна сила, но како закана на неговите природни права, дури и на неговата економска егзистенција. Се повеќе, неговата позиција во општеството е што себичниот егоистичен нагон постојано ја градат неговата индивидуа, додека пак неговите социјални нагони, кои по природа се послаби прогресивно страдаат. Сите човечки суштества, било која позиција во општеството ја имале, страдаат од процес на страдање. Без да знаат, тие страад од својот егоизам, чувство на осаменост и несигурност, и извлечени од наивното, едноставното и несофистицираното уживање на животот. Човекот може да најде смисла во животот, краток и периодичен каков што е, само преку посветување себеси на општеството.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.194
Поени од реакции
12.092
Економската анархија на капиталистичкото општество сеуште постои денес, и според мое мислење е вистински извор на злото. Пред нас гледаме огромна заедница на произведувачи чии членови без престан и постојано се стремат да ги извлечат овоштијата од трудот на некој друг - не со сила, туку на еден сосем друг ветувачки начин легално потковен со закони. Во овој поглед, важно е да се реализира дека значењето на производството, целиот производствен капацитет е потребен за производство добра за потрошувачите како и капитални добра - иако се легални, и во повеќето случаи, приватна сопственост на индивидуи.

Во интерес на едноставноста, дискусијата која следи, јас ќе ги нарекувам "работници" сите оние кои не ја делат сопственоста на значењето на производството - иако ова не кореспондира во целост со употребата на овој термин. Сопственикот на производството е во позиција да купи труд од работникот. Со користење на значењата од производството, работникот произведува нови добра кои стануваат сопственост на капиталистите. Суштинската цел околу овој процес е релацијата помеѓу тоа што работникот произведува и колку е платен за тоа, двете измерени во термини од вистинска вредност. И досега, како што трудовиот работник е "слободен", она што работникот го добива е одлучено не од вистинските вредности на продуктите кои тој ги произведува, туку од своите минимални потреби и потребите на капиталистот за трудова сила во врска со бројот на работнци кои се борат за работа. Важно е да се разбере дека дури и теоријата на плаќањето на работникот не е одредена од вредноста на продуктот.

Приватниот капитал тежнее кон постанување концентриран во неколку раце, дел поради конкуренцијата помеѓу капиталистите, и дел поради технолошкиот развиток и зголемените дивизии на трудови реформирања во големи единици на штетата на малите. Резулатот од овие развивања е олигархија од приватен капитал и огромната моќ која ја содржи а не може ефикасно да биде проверена преку демократски организирано политичко општество. Ова е точно бидејќи членовите од законодавното тело се избираат од политичките партии, кои се на голема рака под влијание и финансии од приватните капиталисти, кои, за сите практични намени, ги одделуваат електоратите од законодавното тело. Последиците се што пратениците кои ги застапуваат луѓето не ги заштитуваат во целост интересите на непривилегираните секции од популацијата. Повеќе, под постоечки услови, приватните капиталисти ги контролираат, директно или индиректно, главните извори на информација (печат, радио, образование). Со ова е екстремно тешко, и навистина во многу случаеви невозможно, за индивидуалниот граѓанин да носи објективни заклучоци и да интелигентно да ги користи своите политички права.

Ситуацијата каде економијата е составена од приватна сопственост од капиталисти е карактеризирана на два главни принципи: прво, целите на производството (капиталот) се приватна сопственост и нивните сопственици ги користат како тие сакаат, второ, трудовиот работник е слободен. Секако, не постои чисто капиталистичко општество во оваа смисла. Поточно, треба да биде споменато дека работниците, преку долгра и горчливи политички борби, успеале во осигурување на нешто кое во подобрена форма би било "слободен трудов работник" за одредени категории на работници. Но земено во целина, денешната економија воопшто не се разликува од чисто капиталистичка.

Производството се обавува поради профит, а не користење. Нема сигурност дека сите работоспособни секогаш ќе бидат во позиција да се вработат; армија од невработени секогаш ќе постои. Работникот постојано е во страв да не ја изгуби својата работа. Бидејќи невработеноста и слабо платениот работник не обезбедуваат профитабилен пазар, производството на потрошувачки добра е ограничено, и голем фактор е последицата. Технолошкиот прогрес често резултира со повеќе невработеност отколку во постигнување на обратното. Мотивот на профит, заедно со конкуренцијата помеѓу другите капиталисти, е одговорна за нестабилноста во акумулацијата на капитал кој води кон зголемени тешки депресии. Неограничена конкуренција води кон губиток на трудот, а тоа кон социјална свест на индивидуата која ја спомнав претходно.

Оваа парализираност кај индивидуите јас ја сметам како најголемо зло од капитализмот. Нашиот цел капиталистички систем пати од ова зло. Зголемено
натпреварувачко однесување е втурено на еден студент, кој е истрениран да ги возвишува освојувачките успеси како подготовка на неговата идна кариера.

Јас сум убеден дека постои само еден начин да се елиминира ова гробно зло, именувано преку основањето на социјалистичка економија, придружена со образовен систем кој би бил ориентиран према социјални цели. Во таква економија, целите на производството се сопственост на општеството и се користат на таков начин. Планирана економија, што ја прилагодува потребата на општеството, би ја дистрибуирало работата да биде завршена помеѓу оние кои се способни за тоа, гарантирајќи им кров над главата од секој маж, жена и дете. Образованието на индивидуата, во продолжение да ги промовира своите внатрешни квалитети, со што би развил сопствено чувство на одговорност за својот сонародник и да ја возвишува моќта и успехот на денешното општество.

Но како и да е, потребно е да се запамти дека планирана економија не е социјализам. Планирана економија како таква може да биде придружувана од комплетно робување на индивидуата. За достигнувањето на социјализмот потребно е решение од некои екстремно тешки социо-политички проблеми: како е возможно, во поглед на далечната централизација на политичката и економската сила, да се осигура од станување премногу моќен и премногу влијателен? Како можат правата на индивидуата да бидат заштитени а со тоа демократско право на осигурување на моќта на бирократијата?

Транспарентноста околу целите и проблемите на социјализмот се од најголемо значење од нашата ера на транзиција. Бидејќи, со оглед на денешниве околности, слободната дискусија на овие проблеми стана големо и моќно табу, јас го сметам основањето на овој магазин важен јавен сервис.
 

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
12
Во релација со капитализмо, де.
:)
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
интересно :) поќе коментар после, да ми легни муабето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom