Зошто постоењето на Господ не е очигледно?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
И така, ако сакаш да се увериш дека Бог навистина постои, истражувај го барем створениов Свет и се‘ во него или пак, трагај по Вистината, оти кој ја бара вистината, ќе ја најде. А кога ќе поверуваш во Бога, ќе немаш потреба да Го видиш: вер(б)ата во Бога ќе ти биде појќе од доволна.
Заборави да му кажеш дека истражувањето и трагањето по вистината не смее да резултира со исход што ќе ја компромитира "објавената вистина", т.е исходот мора да биде идентичен со православната "објавена вистина", во спротивно е погрешна и лажна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Ц, не заборавив: ти си тука за да го потсети дотичниот члн, а воедно и да му сугерира дека не постојат објавени вистини, освен вистини по личен „укус„.[DOUBLEPOST=1420495975][/DOUBLEPOST]
1. Времето „пред нашата ера„, мерено наназад. (пред/до Христа).
2. Времето „од нашата ера„, мерено кон напред (по Христа).
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.503
Животот не е еден, тоа е најголема лага на сатаната.
Одлучи се дали си христијанин или хиндуист. Не може да се декларираш како христијанин, а да веруваш во реинкарнација. Или така ти одговора? Полесно ти е на душичето кога знаеш дека ќе имаш втора шанса? И да си фејлнал во овој живот, ќе имаш шанса за поправен и подобар живот во наредниот. Мало сутра.

Ти пријателе бараш утеха. Го гледаш она што сакаш да го видиш. Не си ти ни христијанин, ни будист, ни ништо. Ти бараш утеха и дежурен кривец за сите фејлови кои си ги направил. Кога нешто ќе заебеш - Господ така сакал, така требало да биде. Кога нешто лошо ќе се случи - сатаната е крив. Кога нешто што го читаш или гледаш, не е дел од твојот светоглед - лага на сатаната е.

Илузорниот свет во кој живееш си го моделираш спрема "вистините" кои тебе ти одговараат, да не се лажеме. Кој знае колку ви е убаво на вас верниците, знаејќи дека некој друг има план за вас и сè што ќе направите и ви се случи во животот - така требало да биде. :rolleyes:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Прво и основно, а согласно Божјата природа, според која Он Е дух/пнеума а не материјално битие, Го чини Бога невидлив за човековото телесно око. Просто кажано, Бог отсекогаш и бил невидлив, а Е невидлив како за Адама, кој битисувал со Бога, така и за денешниот отпадант човек, кој битисува без Бога. Згора на све, постојат и поединци кои сакаат да Го видат Бога, а се недостојни и недораснати за еден таков чин: Он им се јавува само на достојните и на очистените од гревот. Конечно, Бог стана и човек па на Себе ја облече и човековата природа, станувајќи Богочовек, сличен на нас, раѓајќи се во Витлеем, како што ни вели скорешниот празник за раѓањето Христово. Така, пред цца 2 000 г. Бог се „материјализира„ и стана видлив и слушлив, така што Он упадна во времето (кое се дели на време до Него и по Него...) и просторот, упадна во човековата историја и не‘ повикува на спасение и на вечен живот со Него, во Царството Небесно.

Не можеш да кажеш дека доказите за Божјото постоење се „недоволни и слаби„, оти не само што не се такви, туку тие докази се појќе од сетилно и разумно спознатливи, или, како што бо рекле мудрите старци: целата природа е отворена книга за Бога, односно. целата Вселена, се‘ што е во неа, целиот нејзин поредок, сите створени нешта и силите кои ги одржуваат тие нешта, сведочат дека имаат свој Творец.

Така, ако сакаш да Го видиш Бога со телесни очи, тоа тешко ќе ти „иде„, оти и Св. Ап. Тома нејќеше да поверува дур‘ не Го виде Бога. ама тогаш беше „доцна„, оти само Бог му ја покажа на Тома својата видливост, за која (видливост) нема потреба од верување: очигледните нешта не се предмет на вер(б)а.

И така, ако сакаш да се увериш дека Бог навистина постои, истражувај го барем створениов Свет и се‘ во него или пак, трагај по Вистината, оти кој ја бара вистината, ќе ја најде. А кога ќе поверуваш во Бога, ќе немаш потреба да Го видиш: вер(б)ата во Бога ќе ти биде појќе од доволна.
Ти благодарам за сериозниот одговор.

Сите овие настани кои ги наброи во првиот пасус ти ги земаш како недвосмислена вистина, а ако ги прегледаме можеме многу лесно да ја процениме нивниот недостаток како такви, многу лесно може да се отфрлат како митови со недостатоци.
Зошто и како ги земаш баш овие како вистина, кога не се тоа, напротив имаат многу контра аргументи и недостатоци?
Зошто ако целата наша потрага по Бог и вера треба да ни се темели врз овие вистини, тие не ни се дадени во некоја недвосмислена природа која ќе нема простор за дискусија, на пример дали воопшто човекот кој го знаеме како Исус навистина била отелотворение на Бог или само обичен човек, или пак воопшто не постоел?

Потоа, ако Бог е целиот природен свет и законите кои владеат со него, тогаш очигледно тоа не било доволно за да се убедат луѓето кои живееле за време на пишувањето на Светите книги, па Бог морал да интервенира со прекршување на законите, на пример правење чуда, воскреснување на мртви и слично.
Ова укажува на недостатокот и на тој доказ, дека целиот природен свет е доказ за Бог. Значи пак не е недвосмилесен показател за постоењето на бог и тоа баш твојот Бог, пак има простор за дискусија.

Што постигнува потребата од процес на верување? Каква цел има таа потреба од верување или „потрага по вистината“ наместо недвосмислена потврда на се она што се наговара и се обидува од петни жили да се докаже со недостаточни докази?

Или парафразирано на кратко, зошто се она што е претставено како вистина, ама со недостаточни докази, не е дадено со цврсти докази? Значи и воопшто да не доаѓаме до потребата за постоење на верување, зошто она што е дадено како вистина мора да се зема со слепа верба како резултат на индоктринација?
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Е ако де, ќе ме почека Госпот, во следниот живот можеби ќе имам повеќе воља. Сега за сега, толку.
Дали ќе те чека тоа не знам, но ти имаш шанса сега овде да ја спозанеш вистината, но ти по своја воља ја одби. Твоето срце е тврдо, ти ја праќам оваа песна да ја послушаш да ти го омекне срцето Госпдо Бог.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ц, не заборавив: ти си тука за да го потсети дотичниот члн, а воедно и да му сугерира дека не постојат објавени вистини, освен вистини по личен „укус„.
Кажи ми, што е поентата да советуваш некого да истражува и да ја бара вистината од една страна, а од друга да тврдиш дека постои "објавена вистина" и дека таа е баш онаа на православието? Што ќе истражува членот?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Одлучи се дали си христијанин или хиндуист. Не може да се декларираш како христијанин, а да веруваш во реинкарнација. Или така ти одговора? Полесно ти е на душичето кога знаеш дека ќе имаш втора шанса? И да си фејлнал во овој живот, ќе имаш шанса за поправен и подобар живот во наредниот. Мало сутра.

Ти пријателе бараш утеха. Го гледаш она што сакаш да го видиш. Не си ти ни христијанин, ни будист, ни ништо. Ти бараш утеха и дежурен кривец за сите фејлови кои си ги направил. Кога нешто ќе заебеш - Господ така сакал, така требало да биде. Кога нешто лошо ќе се случи - сатаната е крив. Кога нешто што го читаш или гледаш, не е дел од твојот светоглед - лага на сатаната е.

Илузорниот свет во кој живееш си го моделираш спрема "вистините" кои тебе ти одговараат, да не се лажеме. Кој знае колку ви е убаво на вас верниците, знаејќи дека некој друг има план за вас и сè што ќе направите и ви се случи во животот - така требало да биде. :rolleyes:
Јас сум вистина.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Дали ќе те чека тоа не знам, но ти имаш шанса сега овде да ја спозанеш вистината, но ти по своја воља ја одби. Твоето срце е тврдо, ти ја праќам оваа песна да ја послушаш да ти го омекне срцето Госпдо Бог.

Што пак се трудите да им објаснувате некои работи , нели гледате дека на секој голем празник сотониве се трудат да влеат недоверба и да разединат се што сеуште останало при себе и нормално ....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Кажи ми, што е поентата да советуваш некого да истражува и да ја бара вистината од една страна, а од друга да тврдиш дека постои "објавена вистина" и дека таа е баш онаа на православието? Што ќе истражува членот?
Членот треба да ја бара вистината, а трагајќи по вистината, ќе ја најде веќе објавената Вистина.
Секој кој бара, наоѓа.
Секој кој ја нашол вистината, за него како субјект, веќе објавената вистина е вистина со која за прв пат ќе се сретне, исто како што Светото Писмо, со сета своја „старост„ само по себе е „новост„ за субјектот кој за прв пат го чита Писмото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom