Јас немам баш проблем со тоа.
Најубаво е да се најдеме на пола пат, ама ако видам дека е срамежлив а ми се допаџа, ќе му пријдам. Не значи дека ќе легнам со него истата вечер боже мој, ама тоа е еден балкански стереотип што ме вади од кожа.
Немам што да се плашам, знам да направам муабет а во такви ситуации и гледам колку и тој може да се снајде.
Зошто сакам некој еднаков на мене, ако ќути ко муле ил не знае да се снајде, турам пепел.
А инаку и од другари и од повеќе-од-другари имам добиено доста комплименти за таа моја храброст.
Може е и до друшките мои што се подеднакво отворени ил круговите каде се движам, не знам.
Сума сумарум, најчесто мене ми приоѓале ама не ми е проблем и обратно.