Дечкото најчесто се жени затоа што е уморен... ох толку уморен... Не може да издржи да биде сингл и не може да ги издржи предизвиците на животот. Тој скока во бракот како верверичка што скока насред пат, пред да ја смачкам со мојата кола.
Многу дечки се вакви. Зависни и уплашени, немајќи страст во животот која што ги задоволува нивните амбиции и идеали. Размислуваат како жени и затоа умираат никогаш недознавајќи што значи да се биде маж.
Друга работа. Правните слова кои што се однесуваат на бракот во денешно време (Закон за Семејство 1992, Закон за Вонпарнична Постапка 2008) се ужасни и треба да се сменат под итно.
Затоа, треба да се прави разлика помеѓу ПРАВЕН БРАК и ОПШТЕСТВЕН БРАК. ПРАВНИОТ БРАК е дефиниран од владата. ОПШТЕСТВЕНИОТ БРАК доаѓа од заедницата, како едно јавно лице на општеството.
Во постаро време, религиозните закони (кои што ја формираат заедницата) биле користени за да "праведно" ја венчаат двојката. Значи, ако си нашол женичка што ја сакаш и све тоа, остануваш со неа и све тоа, тогаш, тоа е брак. ЛЕГАЛНО можеби и не е, но сепак е брак.
Но не ги мешајте правните проблеми со самиот брак. Да се има животен партнер може да биде нешто најпрекрасно на светот.
Кога ќе кажеш "Нема да се женам, меѓутоа ќе си имам животен партнер", у суштина кажуваш "Нема да си ги наместам владините канџи на плеќи, меѓутоа ќе си имам животен партнер, со кој сум венчан (употребено во најстара смисла на зборот)".
Вие дечки не можете да бидете среќни само ако скокате од една женска на друга засекогаш.
Запамтете, вие не живеете за да дупите, вие дупите за да живеете!