Зошто левицата никогаш не може да биде патриотска?

Член од
2 април 2007
Мислења
394
Поени од реакции
13
Воне, а да прочиташ нешто конкретно наместо да толкуваш лаички?

Зарем терористички напади,атентати, заклетвата на Библија со кама и нож или можеби слоганите: “Слобода или Смрт за Македонија, За неа ние умираме, За Македонија се' арчиме, Подобро ужасен крај отколку ужас без крај, Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух“....

..се левичарски?

Сите наши револуционери пред се' биле религиозни, а дали комунистите ја почитуваа/т црквата и религијата?

Левицата се залага за сосема спротивни вредности од денешен аспект.

Делчев национализмот го дефинирал како идеја која ги тера оние кои ја сакаат својата земја и народ да создаваат и да креираат, како единствениот начин да „победат“ во културниот натпревар меѓу народите.

Првин треба да научите редефинирање на термините кои погрешно ги интерпретирате.
Нашите револуционери биле лево ориентирани.
Крушевската република е првата социјалистичка република во Европа.
Тропаш и немаш појма.....
Иди сокриј се....


Црквата е собиралиште на педофили - ништо друго.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4




Левицата како идеологија е глобално распространета и е исклучително широк поим, и затоа е невозможно да се опише еднозначно, па затоа, во овој пост, ќе се задржам исклучиво на македонската левица, како политичката така и интелектуалната - експертска.

Ако ги разгледате еволуциите на ставовите на македонските политичари кои себеси се нарекуваат левичари, како и на лево ориентираните интелектуалци и „интелектуалци“ во нашата земја, како основна константа, како нешто што сите го имаат заедничко (без оглед на нивнитие разлики) е – стравот од стандард или неприфаќањето на репер. Што значи ова?

Стравот од стандард означува упорно и речиси патолошко одбивање во општествените односи да се постави некој стандардизиран лик или појава или идеја според која ќе се проценуваат другите општествени ликови, појави или идеи.

Најсвеж пример кај нас е ликот на Александар Македонски, човек кој македонската левица да може (да е на власт) би го избришла од македонската историја. Александар Велики е нашиот историски стандард, нашиот лидерски репер, според чии достигнувања можеме да ги мериме и да ги оценуваме другите лидери во нашата историја.

Погледнете ги околните земји. Територијата на Бугарија некогаш не се викала Бугарија (т.е. Б’лгарија) туку била составена од два речиси неповрзани региони, Тракија и Мизија. Албанија некогаш не се викала Албанија (т.е. Шкиперија) туку заедно со голем дел од Црна Гора се викала Илирија. Косово не се викало Косово, туку Дарданија (ова значи „земја на крушите“ ако не сте знаеле). Македонија од друга страна, пред безмалку 30 векови се викала исто како што се вика денеска – Македонија. Зошто е тоа така? Кој е „крив“ за тоа?

Крив е Александар и неговите достигнувања. Народите кои ја населувале Тракија, Мезија и Илирија никогаш не дале некој значаен лик во својата историја поради кој целиот свет би ги запаметил како родни места на тој значаен лик. Но, Македонија го дала и тој не само што е најзначајниот лик во нашата историја, туку и еден од најважните и највлијателните личности во светската историја.

И токму затоа тој им пречи на денешните наши левичари. Затоа што во споредба со него, во споредба со тоа време, нивните политичко – лидерски достигнувања делуваат бедно и патетично. Се разбира, во однос на Александар Велики, сите македонски лидери од тогаш па наваму делуваат млако, но барем некои од нив (Јустиниан, Самуил, Карпош, Илинденците, АСНОМците...) се обиделе да копираат дел од неговите карактеристики и со тоа барем малку да се доближат до неговиот успех, до стандардот што тој го поставил.

Нашите левичари кога беа на власт беа сфатиле дека немаат никаква шанса да направат било што што би помогнало да заличат нивните напори барем малку на оние на најголемиот Македонец, пред сѐ поради тоа што беа длабоко мрзливи и страшливи пред странците (од Белград и од Брисел) па затоа, за да не заличат во очите на народот кој го водеа мизерно, тие направија сѐ во годините на едноумието да го запостават неговиот лик и дело. Бидејќи споредени со него и неговите следбеници, тие и нивните следбеници делуваа смешно.

Затоа е сега таа борба да се исфрли Александар од нашиот идентитет. За да немаат Македонците стандард на вистински успешен водач спрема кој ќе ги споредуваат денешните свои водачи.

Стравот од стандард македонската левица ја тера и да биде против црквата и религијата воопшто. Зошто? Бидејќи суштината на религијата е во нејзините морални стандарди – строги норми кои кажуваат што може да се прави и тоа да биде сметано за добро, а што не смее да се прави оти тоа ќе биде сметано за лошо.

Левицата бега од стандард и сака себеси да се постави за единица мерка, за репер за политичка идеја. По таа основа, левицата бара да се заборави сѐ друго кое има морална поука и да се прифати флуидната дневнополитичка „моралност“ на левичарските идеолози.

Ако ги погледнете десетте божји заповеди и ги споредите со ставовите на левичарските политичари од било која земја и било кој период на историјата ќе забележите дека тие се во директна спротиставеност. Левицата го отрфла Бога и на негово место за обожавање го става Големиот Водач (Ченин, Сталин, Тито, Мао...), левицата посакува она што е туѓо да го земе и стави под контрола на колективот (т.е. државата), левицата ја деградира забраната против прељуба со деградирањето на институцијата брак, забраната за убивање ја деградира преку логорите за неподобните оштествени класи, забраната за лажење (т.е. лажно сведочење) ја деградира преку забраната на слободата на печатот и непрестајната пропаганда од државните медиуми на кои единствено им е дозволено да постојат...

Стравот од стандард ја тера левицата да се противи и на развојот на слободниот пазар. Бидејќи, само на слободниот пазар, каде што секој има шанса да покаже колку „му сече ак’лот“ и да направи свој бизнис и да просперира или да банкротира, само во таков систем може да се покаже кој е паметен за економија, а кој не е. Но, токму тоа ги плаши левичарите. Оти во такви услови, на слободна конкуренција, тие ни приближно (поради својата мрзливост и суетност) не можат никогаш да се надеваат дека ќе се докажат како успешни.

Сонот на левицата е државата активно да ги контролира економските текови во општеството, со цел да се спречи било кој, само затоа што е паметен бизнисмен, да се збогати. За левицата, неправедно е оние кои работат паметно да заработуваат повеќе.
За левицата, државата мора да воведе едно чудно дозволи, контингенти, прогресивни оданочувања, бордови за акредитација, субвенции за непрофитабилните бизниси – со цел оние левичари кои не можат да просперираат на слободниот пазар (професори, академици, „авангардни“ уметници...) да можат да преживеат и со добиената плата од државата да глумаат економски успех.


Левицата бега и од размислувањето со своја глава и независното истражување токму поради стравот од стандард кој е длабоко всаден во нејзиниот идеолошки карактер. Бидејќи, ако им дозволите на луѓето да истражуваат, да размислуваат, да докажуваат дека можеби официјалната верзија на некој настан е погрешна, тогаш се руши догмата која левичарските режимски академици, историчари или економисти ја дефинирале како вечна и непогрешлива.
Силата на догмата е во авторитетот – ако некој овчар од Монголија зборува за економската политика во Македонија, никој нема да го слуша, но ако некој професор доктор академик од некој овдешен економски факултет каже нешто за истото прашање, тогаш неговите ставови се поприфатливи оти тие се изречени од „признат авторитет“.

Но, прашањето е кој ги признал авторитетите кои ги признаваат авторитетите кои треба да нѐ учат што е правилно а што неправилно? Историчарите од постарата генерација кај нас се сите со тапија од УДБа, која пак по директива од Белград на времето имала за задача да го задуши било кој изблик на македонската национална гордост.

Економистите од постарата генерација, со чест на ретки исклучоци, сите учествувале како советници и експерти во приватизацијата од средината на ’90ите кога беше изведена најголемата пљачка во Македонија. По кој основ, овие акедемици, професори, доктори на науки се релевантни да зборат за економија сега?

Сепак, најголем авторитет, непобедилив и неуништлив е логиката! А логиката, пуста останала, е секогаш логична и нема потреба да се потпира на некој авторитет за да биде прифатена за точна. Таа е евидентна, очигледна, конзистентна и разбирлива за секој кој има барем просечна интелигенција.

Логиката е најсилниот стандард и токму затоа од неа левицата беа како ѓавол од крст. До логички конзистентни одговори на многу прашања од нашата историја, култура, политика и економија може да се дојде само преку поставување под знак прашалник на авторитетноста на авторитетите. Т.е. на лажните авторитети. А ако ги поставите под лупа нашите авторитети од гореспоменатите области, добивате догми и митови. Нема логика.

Затоа во образованието левицата се противи на зголемување на бројот на фалкултети и на приватизацијата и ширењето на алтернативните начини за едукација. Оти, кога човек учи од независни извори, кога своите заклучоци ги добива по долго трагање и оценување на спротиставени теории и интерпретации – тешко му паѓа потоа да ги цени и возвишува догмите на „авторитетите“.


И така, дојдовме до прашањето од насловот: „зошто левицата никогаш на може да биде патриотска?“. Затоа што патриотизмот е пред сѐ љубов кон татковината, а не кон владеачката партија, не кон грст политиканти кои во тој период ја држат власта. Кога човек е искрен патриот, тој своите политички ставови и одлуки (на избори) ги донесува според тоа што е добро за неговата земја, а не за неговата партија.

Нашите гласачи се патриоти, во најголемиот дел. Тоа обајснува зошто кај нас никогаш не успеала да се наметне ултралева партија или ултрадесна партија. Затоа што екстремните политички движења не водат кон прогрес и по таа логика, гласачите ги отфрлаат редовно на избори.
Пред седум години, СДСМ дојде на власт со 500.000 гласови од луѓе кои сметаа дека партијата на Љубчо Георгиевски не работела во текот на својот мандат во интерес на државата. Денеска, СДСМ не може да се надева ни на половина од тие гласови, а и таа бројка полека се топи со секои наредни иозбори. Истовремено, Љубчо, жигосан уште во 2000та на локалните избори кога доби само 150.000 гласови, по излегувањето од ВМРО-ДПМНЕ си основа нова апритја, која исто така потона.

Луѓето чуствуваат дека сегашната гарнитура која раководи со десницата кај нас работи, колку толку, во интерес на татковината. Работи на развој на правна држава, на општество на знаење, инвестиции и економски просперитет. Воедно, го чува националтното достоинство, колку што тоа го дозволуваат условите.

Ако утре раководителите на десницата се зафатат со продавање на националните интереси со цел да си го наполнат џебот свој, ќе им се случи истото што му се случи и на Љубчо. Никој не гласа за Груевски затоа што е многу убав, висок и елоквентен, туку затоа што тој работи во интерес на македонскиот напредок. Ако утре тој го батали тоа, народот ќе го батали и него.

И конечно: токму затоа левицата наша не може да биде патриотска. Затоа што таа е неспособна да работи за македонските национални интереси, поради своите незнаење, мрзливост и злоба, поради желбата за збогатување на сметка на некој друг т.е. народот. Тоа сѐ повеќе луѓе го согледуваат и затоа тие не можат да пркнат и после два изборни порази и престојниот трет.

Затоа и толку напрно работи на уништување на патриотизмот и било кое национално чуство кај Македонците. Оти кога човек е патриот, тој ги става интересите на Македонија секогаш пред интересите на Партијата, било која и да е таа партија.
Затоа левицата мора да ја избрише Македонија од мислите на Македонците. Затоа што Македонија, кога ќе ја нема, кога ќе го нема стандардот кон кој ќе се стремиме, кога немаме историја која ќе нѐ инспирира, кога немаме религија која нѐ учи да бидеме добри и морални личности – тогаш единствениот авторитет е Партијата и Големиот Водач.


Преземено од блогаташ.
Ovoj blogatash...nesto kako stihoven...ili ti kako malo MK zamislja desnica...a bogami i levica...

Sto e najglupo vakov nacin na misla...vo novopeceno EU nosi glasovi...videte ja Ataka...videte go Vucic...Samaras ne go zaboravajte...

ps Ako mozi dedo mu na cool nesto od na Samaras pulenite prevod...thx
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
totalitarni rezimi ima i od desnica i od levica.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Нашите револуционери биле лево ориентирани.
Крушевската република е првата социјалистичка република во Европа.
Тропаш и немаш појма.....
Иди сокриј се....


Црквата е собиралиште на педофили - ништо друго.
Тежок е животов наш...

Би сакал да видам аргументи место празна реторика.



Македонските националисти беа третирани како сепаратисти - автономисти, од страна на Партијата.

Доказ, за ова што го зборам е писмото на Темпо од 10 август 1943 година до ЦК КПМ, каде покрај другото ги прекорува македонските комунисти:
”…Ние доволно енергично не удривме по тие “автономистички” тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија и кои се изразуваат во инсистирање, нашата партиска организација во Македонија да ја одделат од составот на КПЈ и да ја изолираат борбата на македонскиот народ од борбата којашто ја водат другите народи на Југославија



Дејствување на македонските револуционери и интелектуалци во рамките на Социјалистичките и Комунистичките кружоци е бидејќи немало друга опција, десна опција.

Тоа е така бидејќи во Македонија во изминативе 2 века никогаш не се развила аристократија или класична висока класа. :helou:

Немало предуслови.

Затоа во Македонија никогаш и не се развила Десна партија-опција, односно не се оформила.

Просторот на Македонија во периодот на НОВ бил под влијание на 2 сродни идеолошки партии - КПЈ и КПБ.

Бидејќи Социјализмот-Комунизмот не признава нација, како колективен идентитет, туку народ-како класа,
каде неможат да постојат национални интереси, туку партиски интереси.

Заради тоа, да кажеш дека македонските револуционери се бореле за партијата, а не за Македонија е апсурд.

Социјалисти биле Мусолини и Хитлер, а да ги изедначуваш идеолошки Македонските револуционери со “идеите“ на овие двајца е во најмала рака навреда.

Социјализмот исто се смета и за преодна фаза кон комунизам, односно тоталитарни режими.

Дефиниција за „социјалистичка партија“ се искажува преку следниве карактеристики:
Комунистичката партија во социјалистичките системи претставува здружение на граѓани, кое ја води и владее со целата заедница во вид на монопол.
Ваквата водечка улога партијата ја изведува од марксистичко-ленинистичката идеологија.

Партијата не ги артикулира интересите на народот, туку ги проголтува сопствените интереси во политичкиот систем.

Затоа денес кога ќе кажеме партиски полтрони кои работат за партијата, а не за земјата се подразбира за дериватите од комунизмот.

Имено, типичен пример за овој став - “Партијата пред Државата“ е присутен кај СДСМ и нејзиното членство.

Ги имаме и чуено овие ставови, не еднаш.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Братот не се мачи да му објаснуваш,не гледаш дека е трол и психопат?
Дефиницијата за “комунист“ ја чував за крај :smir:

Сепак фала ти.

Чекам да ме удостојат со вистински контра-аргументи,наместо млатење празна слама.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Makedonija Svajcarija na Balkanite.
So ovoj slogan desnicata se borese do 1945godina.
I denesnive vlastodrsci koga bi mozele,vednas bi gi amnestirale Vanco Mihajlov Protogerov i slicni desnicari.
Samo ovie se poperfidni.
Vlasta mozat da ja zadrzat so Aleksandar Makedonski za site drugi sto navivat vo novnite dusicki se predavnici na Makedonija.
Koga zboruvate sto pravela Levicata ,probajte da se prisetite i na ubistvata na Desnicata .
Ubivte do 1945 godina plejada na Makedonski socijalisti komunisti.

Sto sami vie kako desnica sto so pomos na vasite sponzori Bugari.
Vidi si go celo ratko i prasaj gi cii clenski kniski imaat oni.

Чул те Бог. Редно е да ни се каже вистинската историја, и да им се измие образот на Македонците од минатото.

Малку „сме“ убиле, мене ако ме прашуваш. Освен по некој србоман и по некоја партизанска курвичка, не знам на кој мислиш...
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Дефиницијата за “комунист“ ја чував за крај :smir:

Сепак фала ти.

Чекам да ме удостојат со вистински контра-аргументи,наместо млатење празна слама.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Чул те Бог. Редно е да ни се каже вистинската историја, и да им се измие образот на Македонците од минатото.

Малку „сме“ убиле, мене ако ме прашуваш. Освен по некој србоман и по некоја партизанска курвичка, не знам на кој мислиш...
Анастазија, не му се лепи на “бугарофилските“ етикети, бидејќи му даваш изговор и создаваш простор да се оддалечи од темата во насока на дефокусирање од вистинскиот тек кон некои препукувања кој бил бугарофил, а кој србофил.

Самата знаеш дека нема да каже ништо ново од она што веќе си го чула.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Зошто???
затоа што левицата по дефиниција е анационална, денек ориентирана кон работникот, пролетаријатот...т.е. интернационална, не познава граници, нација, култура...
Познава работник, којшто е угнетен од капиталистот.
Од такви, неможеш да очекуваш да создадат држава, ниту пак да го јакнат националното чувство.
Кратко и јасно!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Значи темата е ЗОШТО ЛЕВИЦАТА НИКОГАШ НЕМОЖЕ ДА БИДЕ ПАТРИОТСКА
Ова е левица сакал некој или нејќел
Начелата и дејствувањето е тоа пак сакал некој или нејќел

1. Државата е главна во економијата со „редистрибуција на богатството“ т.е. крадење од продуктивните луѓе и давање на украденото на владетелите и на нивните подржувачи во бирократијата.

Во комунизмот нема приватна сопственост, таа е во рацете на власта која што преку бироата за економско планирање ги одредува цените и платите.

Нема слободен пазар кај комунистите. Нема конкуренција.

2. Милитаризмот, односно носењето на униформи од страна на политичките раководители и честото нивно ословување дури и во цивилни пригоди со нивните воени титули.

Тито, Сталин, Хитлер, Мусолини парадираа во воени униформи, своевиден фетиш за милитаристичко владеење, односно изнудување почит спрема оние кои имаат поголем чин и слушање без приговор.



3. Нема слобода на говор и печат

Колку ТВ станици и дневни весници постоеле за време на СФРЈ?

Токму така, патолошкиот страв од вистината кој ги принудува да ги контролираат информациите за да се спречи народот да ја сфати погрешноста на идеите на Партијата.

Во услови на слободна размена на идеи, најдобрите идеи остваруваат доминација во умовите на луѓето.
А бидејќи “левите“ идеи се далеку од тоа да бидат добри, оти се нелогични и непродуктивни – тие во услови на слобода на говорот брзо би биле отфрлени од народот.
Заедно со власта која ги промовира, се подразбира.

4. Прогон на „неподобните“ и „непоправливи“ групи во општеството

Доколку било толку идеално за време на Југославија, зошто имало масовно иселување од земјата?

Зошто било забрането слободното изразување?

5. Зошто тајни полиции го чуваа поредокот?

Секој режим има потреба од силна тајна полиција чија задача е да се справува со политичкиот криминал.
А под политички криминал се подразбирало било каков чин на несогласување со власта. Било каков.

Сумирање = ТОТАЛИТАРЕН РЕЖИМ
:toe: што од ова не е точно нека наведе некој ... а ја тука не гледам никаков патриотизам ... патем темата тоа е ...

затоа што левицата по дефиниција е анационална, денек ориентирана кон работникот, пролетаријатот...т.е. интернационална, не познава граници, нација, култура...
Познава работник, којшто е угнетен од капиталистот.
Од такви, неможеш да очекуваш да создадат држава, ниту пак да го јакнат националното чувство.
Кратко и јасно!
токму така Струмикс ... кратко и јасно ...
 
M

marsovka

Гостин
When a whole nation is roaring Patriotism at the top of its voice, I am fain to explore the cleanness of its hands and purity of its heart.

A nation is a society united by a delusion about its ancestry and by common hatred of its neighbours.

Each nation feels superior to other nations. That breeds patriotism - and wars.


Nationalism is an infantile disease. It is the measles of mankind.



Patriotism is the willingness to kill and be killed for trivial reasons
Patriotism is your conviction that this country is superior to all others because you were born in it.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Легенда....реков јас.

И според горе напишаното сите треба да си ја продајме државата!
 
M

marsovka

Гостин
Легенда....реков јас.

И според горе напишаното сите треба да си ја продајме државата!
Иронијата на сево ова
државаат е веќе продадена само вие не сте информирани ах не ...
не
Јас сум од Марс не не не и лазар ми рече америте изградија амбасада таму за да ние бидеме нивна покраина
не ...лазар му рече на груевски води ги македончињата низ пустината 40 години и потоа до ветената земја наречена еу ах не лазар му рече на гвујо пола фирми припаѓаат на грчињата како ќе водите револуција ах не македониај е самостојна држава нема врска што политиката е креира според тоа како ќе им фурне на тие горе во еу и америте ах не јас само бладам
не не погрешно апче сум испила аххххх
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Иронијата на сево ова
државаат е веќе продадена само вие не сте информирани ах не ...
не
Јас сум од Марс не не не и лазар ми рече америте изградија амбасада таму за да ние бидеме нивна покраина
не ...лазар му рече на груевски води ги македончињата низ пустината 40 години и потоа до ветената земја наречена еу ах не лазар му рече на гвујо пола фирми припаѓаат на грчињата како ќе водите револуција ах не македониај е самостојна држава нема врска што политиката е креира според тоа како ќе им фурне на тие горе во еу и америте ах не јас само бладам
не не погрешно апче сум испила аххххх
И после деталната анализа,според тебе треба да минираме се и да се доиспомочаме на веќе посраната држава или да превземиме нешто во врска со тоа?
Или ти ќе бидиш новиот Мојсеј и сите ќе не водиш на Марс?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom