Зошто во Македонија младите не отвараат бизниси ?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
прв проблем недовребата.
се додека се плашат од ортаклукот и бегаат од него како најголемо зло, ништо од бизнисот. сепак да си бидеме реални колку во македонија имаат и пари одповеќе за да почнат посериозен бизнис за производство на пример, а веќе не се зафатени со таков и имаат идеја за бизнис истовремено. реално или немаат идеја или немаат пари или и едното и другото.
друга работа е соработката.
јас досега на форумот ама никаде не забележав ( сепак немам прочитано се така да можи да имам промашено) неколку тука на форумот од различни градови да соработуваат или да почнат некој заеднички проект. некој има нешто , другиот има друго што овај го нема, а цело е кога има се. да не зборувам за логистика или проширување на потенцијалните потрошувачи. не ни мораат да се здружат туку едноставно да соработуваат. форумот е моќна алатка за да се оствари ваква соработка .
еве сега ке ви дадам еден најглуп пример што е остварлив и го има кај нас. дечкото едноставно си мести пвц дограма а од алати и машини има претпоставувам само рачен алат. фино лепо си ги порачува од незнам каде( скопје претпоставувам) и тука си ги мести и си ја зема разликата( работната рака). јас лично на истиот начин местам венецијанки и вариолајт завеси. сега кажете ми кој дел од тоа што го кажав погоре не се совпаѓа со реалноста. тие имаат машини, јас имам пазар.нив секако не им се исплаќа да идат до битола за три прозори, а мене ни на крај на памет не ми е до купвање на тие машини. вакви примери има безброј. така да не е се до парите туку малце треба и во глата да имаш.

Правилно би било тие да отворат претставништво во Битола за регионот, да те вработат тебе и да ти ги плакјаат сите осигурања и придонеси. Вака си нелојална конкуренција за некој во Битола што ги купил тие скапи машини (и најверојатно исплаќа кредит за нив), си плаќа даноци, придонеси, плата, а губи работа ради тебе...
 
Во Германија семејните компании се р'бетот на нивната економија, овие фирми палат и гасат на странските пазари, успеваат нивниот производ/услуга да го направат поконкурентен од земјите каде просечните плати се 200 евра.
Друже, извини, ама поголема глупост од ова не сум прочитал. Да не се рудниците во Рурската област, да не е одличната металуршка индустрија, најдобрата во свет автомобилска индустрија, исто така одлична хемиска индустрија, Германија ќе биде ништо. Факт е дека тоа е ’рбетот на германската економија.
 
И јас мислев така, до скоро, приказната за големите автомобилски гиганти со зилионте кооперативи.
Види на линков http://www.businessweek.com/globalbiz/content/sep2010/gb20100929_905740.htm
Прогуглај го зборот Mittelstand па ќе правиме муабет.
Абе остави ти гуглање и новинари. Оди во Германија, направи муабет со сопствениците на мали и средни бизниси и веднаш ти станува јасно дека се многу зависни од гигантите од секундарниот сектор. Едноставно тие гиганти ги креираат парите од кои овие бизниси живеат.
 
Германија е голема земја 82 милиони жители се, мислиш дека дека нејзината економија која тежи 2.5 трилиони евра е само поради гигантите ?
Немаш претстава колку само грешиш.
Зборам за семејни фирми кои директно прават експорт во иностранство, во проценти изразено учествуваат со околу 8% од вкупниот извоз што значи некаде околу 100 милјарди долари на годишно ниво.

70% од вработувањата и пола од GDP-то им е од Mittelstand.

.
 
Јас се уште тврдам дека ако немаа развиена индустрија, немаше шанса да стигнат до такви средни компании. Инаку точно е дека таквите компании апсорбираат најголем дел од работната сила, ама според мене на Македонија невработеноста не и е најголем проблем, туку немањето на индустриска гранка која би била локомотива, како во Германија металургијата.
 
Локомотивата кај нас треба да бидат технологијата, земјоделието и туризмот.
Кажи ми ти, очекуваш нашиве олигарси да ги отворат тие капацитети ?
Ако не ја земеме судбината у наши руки јас ти гарантирам дека за 10 до 15 години пола Македонија ќе се исели, денешниве генерации може се арогантни може се распекмезени гомна али имаат самопочит, нема да дозволат некој Рамковски или Штерјо Наков да игра курташак со нивната судбина.
 
Се согласувам за секторите. Едноставно за технологија треба знаење и иновација (значи се зависи од нас), додека за земјоделие и туризам имаме одлични предуслови.
Од нашиве олигарси не очекувам апсплутно ништо, затоа што капиталот не го стекнале со помош на работа и иновативност, туку на добропознатиот начин. Инаку се согласувам со тебе дека Македонија е пазар во кој може да успееш, заради неговата незаситеност. Ние сеуште не го сфаќаме тоа. Ама без грижа, Македонецот се’ учи на потешкиот начин. Ќе дојде нож до коска, па ќе почнеме да размислуваме.
 
Правилно би било тие да отворат претставништво во Битола за регионот, да те вработат тебе и да ти ги плакјаат сите осигурања и придонеси. Вака си нелојална конкуренција за некој во Битола што ги купил тие скапи машини (и најверојатно исплаќа кредит за нив), си плаќа даноци, придонеси, плата, а губи работа ради тебе...
правилно можеби е ама теоретски. практично си се прашал дали фирмата има капацитет и пари и обрт за да отвори претставништво во битола или во сите други населени места, па да плаќа канцеларии, еден до двајца вработени за плати башка додатни трошоци, па за алати,превоз, возила, гориво, греење и ај да не набројувам уште.
или додека сјача фирмата ние да седиме или на прозорците да клаваме крпи и кебиња.
и дали во некое мало место се испаќа да купиш машини ради малата популација, веќе кога сме кај тоа.
уба ти е мислата ама мноооогу високо леташ, дај приземјисе малце. ние збораме за бизнис некој каков таков како за почеток или збораме за фабрика отворање??
и од цел муабет што го кажав ти за венецијанките се фати.
ми иди сам клоца да си манам
 
Maкедонија води многу погрешна земјоделска политка. Субвенциите прават вистински хоас. Вештачки се форсираат гранки кој не се рентабилни, тутун и пченица на пример. Треба да се остави пазарот сам да одлучи што е рентабилно а што не е. Ако сакаат да помогнат може владата да го прави тоа. Но, со кредити и даночни олеснувања линеарно за сите гранки а, не селективно. Мора да има еден непријатен период на пренасочување на капиталот и ликвидација на лошите инвестиции за да може да се тргна од здрава основа.
--- надополнето: Aug 31, 2011 8:32 PM ---
Јас се уште тврдам дека ако немаа развиена индустрија, немаше шанса да стигнат до такви средни компании. Инаку точно е дека таквите компании апсорбираат најголем дел од работната сила, ама според мене на Македонија невработеноста не и е најголем проблем, туку немањето на индустриска гранка која би била локомотива, како во Германија металургијата.

Maкедонија во основа има мотор на индустријата тоа е Железара. 50% од македонскиот извоз е челик. Земјоделството е веднаш зад него.
 
Maкедонија во основа има мотор на индустријата тоа е Железара. 50% од македонскиот извоз е челик. Земјоделството е веднаш зад него.
Во ред дека имаме нешто, ама и ти сигурно не мислиш дека Макстил ни е доволен за развиена економија.
 
Maкедонија во основа има мотор на индустријата тоа е Железара. 50% од македонскиот извоз е челик. Земјоделството е веднаш зад него.

Од друга страна најголем увозник на железо.
 
Имаш 146 постови и 5 допаѓања споредено со моите 2921 постови и 342 допаѓања, немаш кредибилитет да збориш со мене на оваа тема.

Во овој момент можам да ти набројам најмалце 10 профитабилни идеи кои можеш да ги реализираш со 5 илјади евра.
Ти изгледа не си мрднал подалеку од детската соба штом правиш вакви несериозни муабети.

Дај ми две ако може?
 
Хмммм не ми е логичен податоков имаш линк. Да не е железна руда или старо железо?

Железо во ролни од најпознатата железара на Балканот во Зеница Босна. Магнезит влечат од Турција од местото Кутахија исто во големи количини. Железара има многу приватни делови и увозници (трговци за нив).
Овој извештај за надворешна трговија е од 2009. Понов неможам да најдам или немаат напишано, разгледај ги слободни сите групи на производи кој Македонија ги увезува. На 37 страница ти е железото и челикот:
http://www.sojuzkomori.org.mk/WBStorage/Files/Izvestaj za nadvoresna trgovija na RM 2009.pdf
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom