Имаш 146 постови и 5 допаѓања споредено со моите 2921 постови и 342 допаѓања, немаш кредибилитет да збориш со мене на оваа тема.
Во овој момент можам да ти набројам најмалце 10 профитабилни идеи кои можеш да ги реализираш со 5 илјади евра.
Ти изгледа не си мрднал подалеку од детската соба штом правиш вакви несериозни муабети.
Немам обичај а ни време ниту да читам ниту да пишувам во теми надвор од ИТ делот на форумов, али морам да се умешам во темава зашто случајно ја отворив и се испровоцирав од некои постови...
Прва работа што ме интересира е со кого разговарам? Ако не се лажам активен беше во подфорумот за програмирање, па ќе претпоставам дека струката ти е поврзана со ИТ. Друго што ме интересира е што и каде работиш, и дали имаш некој бизнис на страна и нормално што е тој бизнис?
Околу тоа зашто не отвараат бизниси... повеќе од доволно причини се набројаа кои ти едноставно не ги прифаќаш а се надевам дека си свесен дека постојат сите пречки што ги набројаа во темава, така да нема да се навраќам на тоа.
Делот што ме испровоцира е тоа со 5те илјади евра. Свесен си бе што збориш? Знаеш колкави се 5000 евра за семејство што се рани од две просечни плати? Или што се рани само од една плата а другиот родител невработен? Колку треба да трга месечно на страна и колку ГОДИНИ треба да трга пари на страна за да стигне до 5000 евра? Нема да продолжам понатака, се надевам дека ќе се преиспиташ малце и ќе погледнеш околу тебе како живеат 98% од народот.
И да, јас сум во ИТ бизнис навлезен уште од почеток на средно. Нормално почнав тогаш како и секој што правел од мојата/нашата струка, се договараш со фирмине што продаваат хардвер, па стануваш нивни дилер. Многу пари заработив од тоа, и ден денес како трета работа ми е тоа, и сум извадил многу повеќе од 5000 евра само од тоа, со 0 евра вложени, со апсолутно никаков ризик.
Како што стекнував знаење почнав да работам и на помали и поголеми проекти, до скоро примарно ми беше тоа (инаку уште сум студент, 3та година на ФЕИТ односно сега на ФИНКИ). Од пред година и пол имам и моја фирма да можам се тоа да го легализирам, да може да се плаќа на фактура и слично... Али пак ќе кажам, ИТ бизнис е, тоа ми е струката и најважното 0 евра вложувам

Океј не е баш 0 со фирмата, али смешни трошоци имаш за фирма на годишно ниво што ќе ги имаш со билокоја дејност, али муабетот ми е не треба да купувам роба, не треба да правам обрт (да трошам месечно 500 кила патлиџани, инаку ќе ми ја кренат цената добавувачите...

), практично за ништо не ми требаат пари. Продавам воздух на некој начин. И моментално од пред 1 месец се вработив во една компанија каде си зимам убава уплата, а се останато останува да си постои.
Така да ИТ-то е најчесто во денешно време, али кога ќе видиш се повеќе луѓе отвараат бизниси каде се продава услуга токму поради тие 5те илјади евра кои знаеш и самиот дека не се 5. Татко ми кога отвараше книговодствено биро потоши повеќе само за да ги опреми канцелариите и тоа канцеларија како што би ти требала за што и да работиш. Кај е набавка на роба? Уште па гледам цело време целиш кон тоа да не увезуваме млеко туку да земеме сами да произведуваме, или немора млеко, нешто друго да е... Многу леташ, се надевам знаеш и самот. За услужна дејност 5000 евра може да не се доволно, не па да направиш фабрика или да кренеш некаков погон за нешто да произведуваш да правиш и тоа надвор од град каде најефтино ќе ти биде во поглед на трошоци...............
Да не продолжувам, али нема крај муабетов. И да ги нема сите тие сопки, парите се проблем.