- Член од
- 30 декември 2005
- Мислења
- 1.190
- Поени од реакции
- 5
Контроверзниот разузнавач Зоран Верушевски повторно ја бранува јавноста. Тврди дека му подготвуваат атентат. Кои се луѓето кои сакаат физички да го ликвидираат разузнавачот Зоран Верушевски?
Тој не соопштува имиња и детали. Знае дека постои план за негова ликвидација, а тврди дека има и документација за тоа, добиена од негови полициски извори.
Со нив, од понеделник разузнавачот Верушевски ќе барал средба со јавниот обвинител Прчевски.
„Ќе се обидам таа документација да ја доставам и да побарам дали и по таа документација која на некој начин ми е доставена од страна на луѓе во МВР, дали МВР било што превзело да ги идентификува кои се луѓето кои сакаат физички да го ликвидираат Верушевски Зоран“, изјави Зоран Верушевски.
„Се надевам дека тогаш Јавниот обвинител во една легална постапка, во една истрага ќе може да ја допре целата структура која на некој начин е инволвирана во сите овие настани кои минатата година се случуваа со мојот син и со моето семејство“, вели Верушевски.
Во МВР со краток одговор. Немаме ниту сознанија, ниту информации дека некој сака да го ликвидира Зоран Верушевски.
Тој пред две недели, преку „Утрински весник“, се закани да престане хајката против неговото семејство, во спротивно во јавност ќе обелоденел многу работи.
„Не, тоа никогаш не сум го кажал, тоа се работи кои вие новинарите ги ставате во друг контекст“, рече Зоран Верушевски.
Зоран Верушевски стана познат откако беше обелоденето дека како полициски функционер користеше два стана во Скопје. По аферата вети дека едниот ќе го врати. Подоцна проблеми започна да му прави неговиот син.
Зоран Верушевски денеска беше во Основниот суд Скопје 2. Се појави на судењето на син му Александар, кој од минатиот месец повторно е во притвор.
Во населбата Аеродром беше фатен со оружје. Верушевски постариот негодуваше зошто обвинението се концентрира само на изјава од полицајците кои го уапсиле неговиот син.
За Александар Верушевски татко му ќе побара и информација од Прчевски до каде е истрагата за луѓето кои во Дебар пукаа во него.
Верушевски помалиот веќе е осуден на една година затвор за рекет и пукање во Струга, а поради спорното враќање на пасошот и излегувањето од Македонија Врховниот суд иницира разрешување на претседателот на двојката, Бојан Ефтимов.
www.a1.com.mk