Се прашувам дали златната средина ја индентификуваме со просечност? Зошто ако е тоа случајот, навистина не би го поднела него кога би се претворил во златна средина.
Настрана генерализацијата, колку и да е поткрепена со „урбани“ примери, сите преферираат различни луѓе кои најчесто се многу далеку од оваа шема, ако некој многу зборува, секогаш ќе бара некој што ќе биде или спремен многу да слуша или ќе парира во зборувањето, ако некој сака да биде опсипан со внимание, нема многу да му се допаѓа врска со некој што е ладнокрвен и летаргичен.
Нејсе, оние кои што трагаат по ваков човек се сами такви и верувам дека им е доволно лесно да го најдат.Леандра спомна претходно дека емоциите се главни детерминанти во една врска, балансирањето понекогаш оди со тек на време, не се мери во часовите од денот.