- Член од
- 3 јуни 2022
- Мислења
- 1.899
- Поени од реакции
- 4.699
Во повеќе теми се нафрлаат одвремена навреме вакви вести, па мислам убаво е да имаме една тема за земјоделството и прозводството на храна во државата.
pari.com.mk
Накратко бројот на земјоделци и вработени во земјоделство се намалува, производството се намалува, увозот на храна е се поголем, цените по пазарите и маркетите неретко стигнуваат и како во Европските маркети а граѓаните не можат да си ги дозволат тие цени со наши домашни плати. Некаде прочитав и дека просечната старост на земјоделците кај нас е околу 57 години така да каква иднина не очекува ?
Ако ги прашате земјоделците ќе речат дека откупните цени им се ниски, климатските проблеми им задаваат се поголеми проблеми особено во делот за наводнување каде што има стари системи за наводнување, влезните трошоци за производство значително зголемени (пр трактор што порано бил 6000 евра сега е 12000) додека субвенциите стагнираат (додека платите растеа на другите вработени)
Има ли Македонското земјоделство воопшто иднина ? По мене главен кривец за состојбата во која се наоѓа земјоделството е државата, децении уназад земјоделството е потценето и тргнато на страна. Државните органи немаат никакви стратегии и програми да го стават истото на добар пат, чист пример за тоа е консолидацијата (окрупнување) на земјиштето. Како да немаме ние државни пари па се чекаат странски пари од проекти за направат окрупнување, па така денеска имаме само 5-6 села каде што е извршено окрупнување - кое е основен предуслов за рентабилно производство. И кога ќе се додаде тука недоволното инвестирање во системи за наводнување, лошата инфраструктура во руралните средини од каде младите буквално се приморани да бегаат ќе имаме вакви лоши резултати.

Земјоделци сѐ помалку, храна од увоз сѐ повеќе - Pari.com.mk
Нивите обраснати со плевел, а на пазарите и во маркетите увезена храна. Тоа е реалноста со која Македонија се соочува години наназад. Само за една деценија работната сила е преполовена, производството се намалува, а потребите се задоволуваат со увоз, кој минатата година го надмина прагот од една...