Звуците од универзумот

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Не реков дека му треба кислород. Зошто сите кога некој ќе спомне воздух или гас сите помислувате на кислород.. Мислев на други гасови кои на сонцето му се потребни за да гори...Јас не сум експерт и незнам кои се тие гасови.... И Феникс вселената не е вакум. Побарај на интернет ќе видиш. Сега малку забегувам од темата но морам за да ти докажам. Вака. ВО вселената постојат атоми и молекули на гасови. ДОколку Вселената би била вакум тоа значи дека ни на нашата планета нема да има гасови, ќе биде безвоздушен простор. Гасови има насекаде низ вселената. Вакуум простор може да се создаде само под потполна изолација од гасови што не е случај и со вселената. Тоа ти што го кажуваш, дека гасови во вселената нема туку само околу некои тела, би ти го претставил малку попросто. Земаш еден сад во кој нема гасови. Тој сад нека ја претставува вселената. Во него бидејќи е вакум не смее да има никакво присуство на молекул на гас, во спроптивно немад а биде вакуум. е сега ти во тој вакуум простор под лабораториски услови да внесеш еден молекул на гас(било каков), и според твојата теорија тоа ќе биде вакуум.
И колку за информација, ГАСОВИТЕ СЕ ШИРАТ. Прсни дезодоранс на едно место во просторијата и ќе се почувствува низ целата просторија.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Вакум е вселената ... и да има по некоја молекула .. но тоа нема врска .. никој вакуум не е идеален ..

Outer space has very low density and pressure, and is the closest physical approximation of a perfect vacuum. It has effectively no friction, allowing stars, planets and moons to move freely along ideal gravitational trajectories. But no vacuum is truly perfect, not even in interstellar space, where there are still a few hydrogen atoms per cubic centimetre
http://en.wikipedia.org/wiki/Vacuum#Outer_space

Значи најблиско нешто до перфектен вакуум е вселената ... :toe:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Интересно! :vozbud:
Особено звукот на Земјата и Сатурн.
Овај на Земјата многу потсеќа на бучење на коли....

--- надополнето ---

И Феникс вселената не е вакум.
Не, само во просек на еден кубен километар во отворена вселена има неколку атоми водород! :vozbud:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Не, само во просек на еден кубен километар во отворена вселена има неколку атоми водород! :vozbud:
Малку повеќе :) ама сепак ... како шо вели е најблизу до перфектен вакум

Outer space has very low density and pressure, and is the closest physical approximation of a perfect vacuum. It has effectively no friction, allowing stars, planets and moons to move freely along ideal gravitational trajectories. But no vacuum is truly perfect, not even in interstellar space, where there are still a few hydrogen atoms per cubic centimetre
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Вакум е вселената ... и да има по некоја молекула .. но тоа нема врска .. никој вакуум не е идеален ..


http://en.wikipedia.org/wiki/Vacuum#Outer_space

Значи најблиско нешто до перфектен вакуум е вселената ... :toe:
На википедија можеш да најдеш многу неточни податоци. КОга ќе најдеш цврст доказ тогаш постирај.

--- надополнето ---

Колку за информација на оние кои никогаш не отвориле учебник по физика. Вакуум е безвоздушен простор, во кој не смее да постои никакво присуство на гас.. Во спротивно тоа не е Вакуум. и 0,000000001111111% гас во тој простор, го прави да не биде вакуум односно го прави простор исполнет со воздух. Не постои "Неидеален" вакуум. Вакуумот не се дели на идеален и неидеален.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
На википедија можеш да најдеш многу неточни податоци. КОга ќе најдеш цврст доказ тогаш постирај.

--- надополнето ---

Колку за информација на оние кои никогаш не отвориле учебник по физика. Вакуум е безвоздушен простор, во кој не смее да постои никакво присуство на гас.. Во спротивно тоа не е Вакуум. и 0,000000001111111% гас во тој простор, го прави да не биде вакуум односно го прави простор исполнет со воздух. Не постои "Неидеален" вакуум. Вакуумот не се дели на идеален и неидеален.
Ваккумот е простор во кој нема честици. Сепак идеален ваккум ретко дека некаде постои, како што е и со сите закони во физиката. (т.е. нема идеален гас, течност во реалноста) Оттука, слободно може да се каже дека вселената е ваккум, во кој има честици, но кои се толку многу ретки што немаат скоро никакво влијание.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
На википедија можеш да најдеш многу неточни податоци. КОга ќе најдеш цврст доказ тогаш постирај.

--- надополнето ---

Колку за информација на оние кои никогаш не отвориле учебник по физика. Вакуум е безвоздушен простор, во кој не смее да постои никакво присуство на гас.. Во спротивно тоа не е Вакуум. и 0,000000001111111% гас во тој простор, го прави да не биде вакуум односно го прави простор исполнет со воздух. Не постои "Неидеален" вакуум. Вакуумот не се дели на идеален и неидеален.
Помалце од тоа.Сепак тие честички не играат речиси никаква улога.
 

da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Апсолутен вакум не постои...во свемирот или универзум нема истo апсолутен вакум. Апсолутен вакум значи дека нема ништо, празно! Ако универзумот е конечен тогаш зад универзумот може да има апсолутен вакум. ама тоа е само ако...

покрај што во празниот простор помеѓу видливите објекти има и невидливи...како што спомнавте неколку атоми на метар кубен има и други работи кои не се видлив, како на пр.светлината која патува и има дуална природа. Светлината (видлива и невидлива) може да се објасни како бранова должина или како енергетски пакети (фотони).
Ако ја сватиме како со бранова природа тогаш бранот да се шири бара материја....ако ја сватиме како енергетски пакети и тогаш енергетскиот пакет е материја. Покрај светлината тука е и неутриното, честица која без реакција со други продира низ материја..

значи во космосот има само релативен вакум.

На некои институти по западов имав прилика да ја видам во живо „cloud chamber„ ..по наше маглена комора.

оваа комора не е ништо друго освен еден голем стаклен сад во кој се продуцираат со око невидливи капки (пареа на етанол, алкохол кој го има во секој алкохолен пиалок)...фактички магла. Кога некоја честица koja од космосот стига до нас помине се гледаат линии, слични како тие на авионите во воздухот...

еве слика:


и видео
честиците кои поминуваат се: алфа честици кои оставаат трагови само неколку цм долги...поради што се работи за тешки честици со кратка дестинација.
Бета честици кои прават кривини...овие честици не се ништо друго освен електрони со негативно полнење и ради реакции со околината прават и цик цак линии...а и се лесни по маса и линиите се тенки. Гама зраците во комората не оставаат трагови...бидејќи зракот не е со електронско полнење. Гама може индиректно да се детектира при реакции со други честици...да не навлегувам длабоко како се потврдува.

Потоа има бета позитивни честици или позитрони, прават полукругови...

Да се видат овие работи во таа комора е вистинско доживување...сите тие делчиња не гаѓаат цел живот...алфа се блокирани лесно од кожата.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
На википедија можеш да најдеш многу неточни податоци. КОга ќе најдеш цврст доказ тогаш постирај.
Нема зошто да не верувам на Википедија за ваква информација ...
може да не верувам за некои политики каде влијаат пропаганди или незнам шо ...
ама за информации од општа култура си е ок ...

Постот на da be man се кажува ...

а ти кога ќе ми најдеш доказ за идеален вакум .. освен во теоријата ... постирај ...
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Не можеме да слушнеме ништо под 16 херци и над 20 килохерци.Звукот од супер нова неможе да не разнесе на парчиња поради тоа што нема што да го пренесе до нас звукот не патува во вакуум.
ја па се прашував што се сигналите кои доагаат од сатурн и од неколку иљадните пулсари а они да ти биле надвор од 'вакумот' :)
него ти да не си надвор од 'вакумот'?
а ако можеш да слушаш 16 херци свка част ти си изрод бидејки никој нормален човек неможе да слушне толку ниски фрекфенции
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Нема зошто да не верувам на Википедија за ваква информација ...
може да не верувам за некои политики каде влијаат пропаганди или незнам шо ...
ама за информации од општа култура си е ок ...

Постот на da be man се кажува ...

а ти кога ќе ми најдеш доказ за идеален вакум .. освен во теоријата ... постирај ...
ВИди Вака.Не мораш да бараш докази. Ќе најдам јас докази. Јас не бегам од предизвикот како тебе. ТОа е твое мислење и на некој друг, и ајс го почитувам туѓото мислење. НО Ќе ти докажам дека вселената не е вакуум и е невозможно да биди вакуум. А дека тоа е информации од општа куктура, не се, но спеак би требало секој да ги знае ако размисли малку. А не само да се лупаат постови без размислување.. Позз до следниот пост.
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Брат Вакуум е безводушен простор. Простор каде нема присуство на гасови. Тоа е закон во физиката. Е сега. Во твојот пост што си го нашол на википедија пишува дека вакуум има во the outer space, Односно просторот помеѓу секое тело во вселената вкулчувајќи ја и земјата. Тој простор вика не е вакуум, но поради ниската застапеност на гасови некои научници ја нарекуваат неидеален "вакуум". НО тоа е само поради ниската застапеност на гасови не заради тоа што навистина е вакуум. Таков вакуум не постоиии...ТОј простор е исполнет со хидроген плазма, електромагнетна радијација,магнетно поле, и неутрони исто така содржи Црна материја и Црна енергија.

Outer space (often simply called space) is the void that exists beyond any celestial body including the Earth. It is not completely empty (i.e. a perfect vacuum), but contains a low density of particles, predominantly hydrogen plasma, as well as electromagnetic radiation, magnetic fields, and neutrinos. Theoretically, it also contains dark matter and dark energy.


Процитај таму во твојот пост од википедија каде пишува дека the outer space is vacuum but not perfect vacuum. И еден клик на outer space i ќе добиеш подобро објаснување.


Outer space is the near-vacuum beyond the Earth's atmosphere. It has no air to scatter the light and so what we observe is a black emptiness spangled with stars and other extraterrestrial matter. People sometimes use the term "space" to describe this region beyond the Earth. However, space does include everything within the Earth's atmosphere as well as all of the land and water on its surface. A more accurate definition of the term "space" would be the continuous extension in all directions in which all matter exists.

И тука вика NEAR VACUUM што значи NOT A VACUUM.

http://wiki.answers.com/Q/What_is_outer_space
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
па точно тоа го постирав ...
значи не е перфектен вакуум како шо пишав и погоре .. а на самиот тој линк пишува и дека е скоро перфектен ...

Outer space has very low density and pressure, and is the closest physical approximation of a perfect vacuum. It has effectively no friction, allowing stars, planets and moons to move freely along ideal gravitational trajectories. But no vacuum is truly perfect, not even in interstellar space, where there are still a few hydrogen atoms per cubic centimetre
значи не е перфектен но најблиску нешто до перфектен вакум ...

But no vacuum is truly perfect, not even in interstellar space, where there are still a few hydrogen atoms per cubic centimetre
ама ок е се разбираме ..
и пишав и погоре .. не е перфектен но е најблиску нешто до тоа ...
разликава ни е шо за тебе тоа не е вакум, а за мене е ..
Но на истиот линк исто вели .. никој вакуум не е перфектен а оној таму е најблиску нешто до перфектен ...
тогаш заклучок според тебе би било дека Вакум перфектен не постои (освен во теорија) а оној вакум во Оутер Спејс кој го сметаат за скоро перфектен за тебе не е вакум? :)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
ја па се прашував што се сигналите кои доагаат од сатурн и од неколку иљадните пулсари а они да ти биле надвор од 'вакумот' :)
него ти да не си надвор од 'вакумот'?
а ако можеш да слушаш 16 херци свка част ти си изрод бидејки никој нормален човек неможе да слушне толку ниски фрекфенции
Испод 16 херци слушаат малите деца и старите луѓе. :)
Значи тие се изроди?!
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Не ме разбирас скроз.. Јас можам да кажам што сакам можам да кажам дека тоа е вакум. НО во физиката постои само еден вакуум а тој е ПЕРФЕКТЕН каде нема никакво присуство на воздух. ;)Јас се водам по законите на физиката. Единствено тоа ќе ме убеди во нешто. А на интернет можеме да сретнеме многу неточни податоци и претпоставки.Сепак разбирам што сакаш да кажеш, само што според физиката јас тоа не би го нарекол Вакуум.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom