Како прво и основно - да не е мамино синче. Значи, ако не е мамино синче, лигаво, кое ништо не знае да реши само, туку секогаш се крие зад кецелата на мајка му - тогаш е вистински маж.
Е сега, тоа беше најосновното, ама се разбира дека тоа не е единствената работа која го прави мажот маж, има и други работи со кои може да испадне дека не е прав маж.
Исто така, една од најважните работи ми е да се чувствувам сигурно кога сум покрај дечко ми, ако ја немам таа сигурност, тогаш не би ни требало да бидам со него. Сакам да знам дека сум покрај вистински маж кој може во секоја ситуација да ме заштити, а не покрај мамино синче кое при екстремна ситуација попрво би го спасило своето газенце.
Трета основна работа - ако на 25-6 години живее уште со мајка му (а нормално, до тогаш би требало да има завршено факултет), тоа би ми сметало, поготово ако веќе има работа, што значи дека може да си купи/изнајми стан, а тој сеуште живее со родителите.
Исто така би сакала и да е искусен, а не невино и збунето детенце.
Мислам дека доста кажав, тоа беа трите најважни и најосновни работи за мене, но секако дека секогаш има и некои исклучоци за било што, т.е. ситници, моменти кога би направила исклучок.
Само мислам дека не можеме да бираме во кого ќе се заљубиме, може да ги има сите маани како маж, а ниедна доблест, но ние сепак да го сакаме.
П.С. Заборавив да спомнам дека иако сакам да биде јак и мажевен, сакам да се знае кој е главен во врската - жената.