За денешниот празник

Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
В црква не се оди само за да се запали свеќа, ами за да се слуша светата богослужба, да се причестиме со нестворените Божествени енергии, да го слушнеме Светото Евангелие, заедно со целата Црква (која е заедница на сите живи и умрени православни христијани) да Му принесиме молитви на во Троединиот Бог наш... Значи в црква се оди кога ќе има богослужби, а богослужби има на празник (и неделата е празник - Воскресение, сека недела - Велигден). Царица на сите богослужби е светата литургија на која благословениот Леб и благословеното Вино се претвараат во вистински Тело и Крв Христови, кои им се делат на верниците кои се подготвувале за да ги примат. Индивидуална молитва и палење свеќи(и кандила) може да се врши и дома, пред домашниот иконостас.
Значи добро е да се оди в црква за да се запали свеќа, но уште подобро е да се присуствува на светите богослужби, па макар не се запалила ниедна свеќа или не се оставил ниту еден денар помош за црквата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom