За Тирана, половина Македонија е албанска - Kако на нас гледа Албанската академија на науките?

Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Во последното издание на Албанскиот енциклопедиски речник, зад кое стои Албанската академија на науките, пишува дека Kрушево и Битола се албански, а во објаснувањето за Балканот се вели дека Албанците биле најстарите народи на Полуостровот, по потекло од Илирите. По нив следуваат Грците, кои имаат потекло од Хелените, додека Македонците како древен народ воопшто не се споменуваат
Историјата на Балканот е како развластен двор. Секој влегува во него и зема што му треба. А секогаш треба нешто што ќе го пофали него и ќе ги демонизира соседите.

Овие неколку реченици на бугарскиот историчар Kрсто Манчев можеби најдобро илустрираат колку е тешко да се зборува заеднички за историјата на Балканот. Секоја земја од регионот се крие зад митовите на национализмот, нудејќи различна интерпретација на историските настани и личности. Историските страсти на нашите соседи особено ги разгоре Македонската енциклопедија, за која се очекува да разговараат МАНУ и Албанската академија на науките. Тоа неодамна во Скопје го најави Гудар Беќирај, претседател на Албанската академија, кој рече дека двете академии најдоцна до јуни ќе формираат заеднички совет за соработка, преку кој групи академици од Македонија и од Албанија ќе дискутираат за сите отворени прашања. Дали во разговорите меѓу двете академии ќе се отвори прашањето како Македонија, македонскиот народ и историјата се прикажани во изданијата на Албанската академија? Фрла ли Албанија свое светло врз историските факти и настани поврзани со Македонија?
„Дневник“ истражуваше што пишува во најновото издание на Албанскиот енциклопедиски речник, како последно издание на Албанската академија, издадено во 2008 година.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=63AD07BBB90CD6418468F7C42E9EEA3C

Маџунков: Нема волја да се заврши Македонската енциклопедија
Нема ниту волја ниту сили да продолжи реализацијата на проектот за Македонска енциклопедија и тука не се само средствата во прашање, вели за „Дневник“ академик Митко Маџунков, кој е главен редактор на овој проект на Македонската академија на науките и уметностите. Тој беше поставен за редактор пред две години откако заради многубројните реакции во јавноста беше повлечено тогашното издание на Македонската енциклопедија зад кое стоеше академик Блаже Ристовски. Но, и покрај формирањето на новата редакција, досега многу малку е направено за обновата на овој капитален проект за кој не се ни издвојуваат посебни средства од страна на МАНУ.

- Ми се чини дека не се само средствата во прашање, мислам дека нема создадено свест за важноста на таа работа. Се расправаме за ситни работи. Ние нашата работа ја завршивме уште кон крајот на минатата година и оттогаш чекаме - наведува академик Манџуков.

Во врска со претходната енциклопедија, тој наведува дека тогаш се отвориле некои прашања кои не се енциклопедиски.

- Такво прашање беше дали е некој автохтон на овие простори или не. Енциклопедијата е проект што ги регистрира фактите, а не се занимава со нечија автохтоност. Во мојата варијанта на Македонската енциклопедија, која можеби нема да се реализира, како централна идеја ја ставив државата, а не народот бидејќи секој влече кон сопствениот народ. Земете, на пример, што им се случило на Србите, тие сметаат дека е важен народот и потоа ја столчија државата која го чуваше токму тој народ - објаснува тој.

Неодамна и претседателот на МАНУ Владо Kамбовски рече дека засега нема доволно финансиски средства за проектот на Македонската енциклопедија. Тој сепак е убеден дека нема да се запре работата на ова капитално дело бидејќи на науката не ~ личи да запре некој проект.

- Сега се разгледуваат варијанти дали да се продолжи проектот или да се запре. По тоа, за него ќе се изјасни Собранието на МАНУ - рече Kамбовски, кој најави и заеднички расправи на македонски академици со колегите од балканските академии на науките и уметностите за прашањата за кои постојат различни гледишта. (Б.Ѓ.)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5FF31949F0945C42BFF9B550EAAA381A
:facepalm:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
За мене и 90% Македонци вклучително и МАНУ пола источна зевзекија е Македонска, илирите се изумрен народ, хелените се изумрени. Ние сме вечни и се останато може само да лаи додека караванот си врви!

 
V

Vollstandig

Гостин
За мене и 90% Македонци вклучително и МАНУ пола источна зевзекија е Македонска, илирите се изумрен народ, хелените се изумрени. Ние сме вечни и се останато може само да лаи додека караванот си врви!


Е така де, и ние за албанците сме изумрен народ во времето од распадот на александровата империја, словени,бугари и ред други придавки, за бугарите сме “един народ“ две држави, за грците сме словенски бугари, и за многу други.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.795
Поени од реакции
1.178
Треба веднаш да се реагира премногу работи знаеме за се што се прави против нас и упорно се седи со скрстени раце. Во Македонија убаво се знае која е целта на малцинството и што сака да предизвика кога ќе собере доволно моќ. На надворешниве соседи некој во очи ни кажуваат а ние упорно се правиме миротворци како ништо да не е. Па добро ќе бидеме ли еднаш држава бидејќи гледам секој проблем се закрива а со тоа ништо не се решава само се одолговлекува а со тоа и непријателот повеќе и повеќе ојачува. Македонците беа првите во Европа и Балканот што направија држава ниту хелените ниту илирите ја немаа направено државата. За хелените е јасно секој што не зборува хеленски е барбарин (брборко) никогаш не се обединија освен еднаш со походот на Персија над хелада па и од многу археолошки извори е докажано дека тие ја признавале тотално власта на Филип над нив ,а за илирите тие пак немале ни градови-држави тоа биле племиња кои обично напаѓале за храна,добиток не им била позната целта но биле далеку воено и економско послаби за разлика од Македонската држава особено за време на Филип II. И неможат албанците да се надеваат на тоа илирско потекло кога има податоци дека и областа кај Пула(Хрватска) била илирија , Јадранското крајбрежје па се до Црна Гора значи ако тие имаат право да се повикуваат на нешто илирско што преостанува за земјите на Јадранот :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Историјата на Балканот е како развластен двор. Секој влегува во него и зема што му треба. А секогаш треба нешто што ќе го пофали него и ќе ги демонизира соседите.
Историјата на Балканот постои, како што постои историја на Европа.
Погледнете во историјата на Европа.
Европската Заедница се заснива на соработката на Франција и Германија. Но пред половина век не било така, главни противници биле Франција и Германија. Од средината на 19 век, вклучително Првата и Втората Светска војна тие се едни од главните актери во војните во Европа. Порано Германија не постоела, туку постоело Светото Римско Царство а односите со Франција се посебна приказна.
Но и тоа не било стално така. Пред тоа главен противник на Франција била Англија. Имало периоди кога најголемиот дел на Франција бил во посед на Англиските кралеви,
прочитајте ги драмите на Шекспир ....
Постоле војни, меѓу Шпанија и Англија и Холандија Франција околу колониите.
Па верските војни, протестанти - католици. Тоа се веројатно нај крвавите и нај долготрајните војни во историјата, во кои страдало цивилно население
Пред неколку века, Шведска била главен противник на Русија, а Прусија главен сојузник.
Ќе завршам со една позајмена поговорка: Чувај се од луѓето што прочитале само една книга!



...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Не се секирајте, еден ден ќе се открие начин за патување низ времето и овие спорови ќе бидат разрешени, секако во наша корист бидејќи сме во право. :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Секоја Балканска држава си додава територии во учебниците по историја.Нема ништо чудно овде,ова е само начин на јачање на националниот дух.Реално гледано територии имаат изгубено само Македонија и Албанија.Македонија е особено осакатена со Букурешткиот договор.Пред балканските војни Србија,Бугарија и Грција си имале свои територии добиени со отфрлањето на османлиската власт,а тоа се територии каде што живее нивно етничко население додека Македонија и Албанија кои останале под османлиската власт си се бореле за независност на териториите на кои живее нивно етничко население.Но со ослабнувањето на османлиите си се полакомиле соседите за територија и ја започнале првата балканска војна.Си разграбале туѓа територија но за нејзина среќа Албанија си добила независност и дел од својата претпоставена територија додека Македонија треба да чека на Тито да и го даде Вардарскиот дел.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Ќе има раздвижување после самитот на НАТО овој мaj...се надевам!
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не се секирајте, еден ден ќе се открие начин за патување низ времето и овие спорови ќе бидат разрешени, секако во наша корист бидејќи сме во право. :)
Kога ќе се случи тоа грците и бугарите ќе изрипаат први да отидат во минатото за да го убедат Аце да се каже за грк а Самуил и Гоце за бугари и ние кога ќе стигнеме, ко и по обичај покасно бидејќи нашите ќе се караат кој да оди, ќе биде too late :)
 
M

Muranyi

Гостин
Ќе има раздвижување после самитот на НАТО овој мaj...се надевам!
Пријателе зошто би се надевал на тоа?Па со ваква пасивна и анемична политика на македонскиот политички блок би можеле само да изгубиме од евентуални раздвижувања,како што велиш.Јас искрено се надевам дека нема ништо да има,ма да сите случувања на терен го говорат спротивното.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.375
Поени од реакции
5.524
Алабанциве немаат никаква врска со Илирите. Tие живеле на територија на денешна Хрватска Црна Гора и Босна.
Албанциве само си праваат лажна историја
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Пријателе зошто би се надевал на тоа?Па со ваква пасивна и анемична политика на македонскиот политички блок би можеле само да изгубиме од евентуални раздвижувања,како што велиш.Јас искрено се надевам дека нема ништо да има,ма да сите случувања на терен го говорат спротивното.
Па да сега се анемични а се надевам ќе се раздвижат после Мајскиот самит. Се разбира под раздвижување не подразбирам насилство (освен легално и спроведено од државата :) ) туку расчистување на некои проблеми кои сега според некои извори се оставаат заради климата пред самитот на НАТО.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom