- Член од
- 7 мај 2010
- Мислења
- 10
- Поени од реакции
- 3
За Љубовта, како наша „лудост“
I ДЕЛ
Живееме во свет полн со радост, топлина и живот. Да, знам! После ова сум за сите луд и изгледам како парадокс. Не ... ние сме тие лудите. Не сакам со ова да ве навредам, само да ве испровоцирам да станеме уште полуди.
Да, живеeмe бидејќи нашите приоритети се оние вечните, метафизичките и гледано од оваа призма, безбожничкиот зрак паѓа во полето наречено лудост, а нашето во полето наречено љубов, затоа што љубовта како вечна дисциплина не може да е луда, бидејќи таа сите ги радува, грее и оживува не само во рамките на овој свет туку и понатака.
Затоа сите ние се трудиме овде на оваа, преубава земја, да ја вкусме неа, Вечната, која понекогаш, иако на тацна сервирана не ја прифаќаме. Не бидејќи не ја сакаме, туку и вртиме грб, бидејќи лудоста и глупоста зацариле во нашите срца. Од наша страна премногу гордо. Да, се сложувам, но тогаш кога и за Вас, Љубовта би претставувала вечен плен.
Нашиот плен се денешните похоти: парите, блудството, желбата за власт, хедонизомот и другите антидисциплини кои овој, за жал паднат свет, ги раѓа од своите пазуви, и како такви, примамливи за нас не се целосно одбивни. Но сепак, длабоко во нас знаеме што ни нуди правилниот Свет. Не само вечен живот во кој би „умреле од досада“, но живот во кој нема пад, туку усовршување во заедница.
Често „вечниот живот“ го перцепираме како целосен хедонизам во кој нема место за Љубовта. И сето тоа би било добро, но мртво, бидејќи е смртно по природа, неживо. Бидејќи Љубовта него не го родила туку го преминала, и како таква нуди многу поголемо „уживање“.
И пак не се обидувајте ова наше уживање да го сватите во рамките на телесното, туку во рамките на духовното.
Онакво какво треба да биде, духовно и облечено во ново бестрасно тело.