Пијам само во друштво (ако се пие) и тоа секогаш со мерка. И се случило повеќе да се забавувам кога сум скроз трезен, отколку некогаш кога сум бил пијан помалце или повеќе.
Сепак мислам дека многу зависи до карактерот, бидејќи познавам личности кои ако не се „начукаат“ добро, воопшто не знаат да се забавуваат, да џускаат и сл., а кога веќе ќе се начукаат, тогаш подобро да не се во твоја близина освен и ти ако не си во тешко пијанство западнат.
Некогаш алкохолот навистина помага за опуштање. Ми се случило да појдам на забава, атмосфера бум, а мене да ме мачат некои тековни проблеми, мислите ми се на 1000 километри подалеку и да сум ко претепан. Е, во такви случаи доволно е само некоја чаша, за да не мислиш на проблемите и да ти се растргаат мислите...
Иначе не дека не сум се очукал скроз, ама тоа во ептен ретки случаи ми се има случено
:helou: