Заштита на своето по секоја цена?!

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, мислам дека насловот на темата кажува се.

Колку цврсто се држите со она што е ваше? Колку го заштитувате она што е ваша сопственост по секоја цена?
Колку знаете многу грижливо да ги чувате работите што се ваши?
Колку цврсто ги чувате и браните своите интереси, вашето мислење, вашите идеи?
Колку сте внимателни во негувањето на она што го носи вашиот идентитет?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Колку цврсто се држите со она што е ваше? Колку го заштитувате она што е ваша сопственост по секоја цена?
Она што е мое, без разлика дали се работи за идеја или нешто материјално е мое и не дозволувам никој да навлегува во него. Се борам за тоа што сметам дека ми припаѓа и не дозволувам некој тоа нешто неправедно да ми го одземе.

Колку знаете многу грижливо да ги чувате работите што се ваши?Колку цврсто ги чувате и браните своите интереси, вашето мислење, вашите идеи?
Моето мислење, моите идеи, ставови и слично се мои и не ги менувам за ништо на светот. И кога ќе проба некој нешто од тоа да чепне или обиде да промени, бурно реагирам на целата таа ситуација. Она што си е мој идеал, она во кое што верувам, не давам ни под точка разно да биде ставено воопшто како предмет на дискусија.

Колку сте внимателни во негувањето на она што го носи вашиот идентитет?
Не знам што се мисли под негување. Ама во секој случај јас сум тоа што сум. И мојот идентитет е таков каков што е. Дури некогаш и мене ме буни, но сепак тоа е што е.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да, мислам дека насловот на темата кажува се.

Колку цврсто се држите со она што е ваше? Колку го заштитувате она што е ваша сопственост по секоја цена?
Колку знаете многу грижливо да ги чувате работите што се ваши?
Колку цврсто ги чувате и браните своите интереси, вашето мислење, вашите идеи?
Колку сте внимателни во негувањето на она што го носи вашиот идентитет?
Најчесто она што е мое го почитувам доста, и како што јас го почитувам туѓото сакам и барам да се почитува моето.
Работите кои се мои ги чувам онолку добро колку што се чувам себе си.
Интересите и ставовите се менуваат. Меѓутоа оние за кои сум сигурен ги бранам се до оној момент додека не приметам дека имаат некое влијание на некого. Доколку моите ставови и нивното бранење на личноста со која комуницирам не и значат ништо, тогаш прекинувам да ги бранам, затоа што не ни чувствувам дека има нешто за кое би требало да ги употреам токму нив.
Работите кои со себе ги носи мојот иднетитет, се повторно мои работи и ги негувам онолку колку што се негувам и себе си... А тоа е повеќе од доволно.:smir:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
нека бркат работа...и да ми го земат моето ми е гајле...ако сум смислил едно ке смислам и друго...не може секогаш некој да ми зема нешто....кога тогаш ке си дојдат мојте минути...
 

Wannabemceez

Welcome to my WORLD!
Член од
17 јули 2007
Мислења
909
Поени од реакции
20
Моето си е само мое и на никој друг..Доста е попуштање и негирање..Ќе си го чувам тоа што е мое по секоја цена.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Свое не давам, туѓо не барам.

Кој си го најде, негово си е.

Кого удрам, не жалам.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Многу општа тема. Какво свое - материјално или пак....:toe:

Ај ке кажам за материјалното. Како во Америка - ти иде некој со цел упад во твојот имот ти можеш да извадиш пиштол и да го убиеш. Е тоа е заштите на своето по секоја цена.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Да, мислам дека насловот на темата кажува се.
Колку цврсто се држите со она што е ваше? Колку го заштитувате она што е ваша сопственост по секоја цена?
Без разлика што е доколку е мое па и ми е многу драгоцено нема да дозволам никој и ништо да му наштети на тоа што е мое. Без разлика какво и да е материјално или нешто друго.
Колку знаете многу грижливо да ги чувате работите што се ваши?
За тоа поле можам да кажам дека сум експерт. Ако предметот или нештото ми значи многу. Го пазам постојано, проверувам дали е се во ред, ако забележам нешто чудно одма проверувам што е како е и најчесто не дозволувам туѓи раце по него да посегнат поради тоа што може да наштетат.
Колку цврсто ги чувате и браните своите интереси, вашето мислење, вашите идеи?
За мисли и идеи до крај ги бранам. Ако не ги бранев и не застанував црвсто зад нив ќе бев како што беа порано луѓево кај нас со политикава. Што им кажеш тие ќе ти поверуваат. Таков нејќам да сум одма некој нешто да ми предложи, а јас на слепо во тоа да верувам па дури и ако сватам дека во мојата идеа има некоја грешка или не држи вода не се откажувам одма поради тоа што нејќам да покажам дека толку лесно прифаќам туѓи работи.
Колку сте внимателни во негувањето на она што го носи вашиот идентитет?
За ова негување и јас не те разбрав што мислиш ама мојот индентитет си го знам. Личен, Име презиме и слично, но тука да кажам и национален.
 
M

MIL

Гостин
Se sto e moe e samo moe ne delam so nikoj samo so edna osoba sto najveke si ja sakam bi podelil nesto :baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom