Зачестени пожари во земјава.

Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Останало одамна оти во суштина се пали (ако не е за друго) да се исчисти од ѓубре, микроби и штетници. Инаку треба да се заора, тој отпад да ја збогати земјата со хранливи материи, па да се третира и со пестициди (бактерициди, инсектициди, родентоциди...) итн. Пред тоа треба прибирање и за вишокот остатоци, па да го однесеш...а све тоа "чини пари и време". Ама затоа видете разлика приноси кај нас балканот и другите држави над балканот.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Вметни било кој МК проблем, одговорот зошто и како така е во една единствена слика



Секоја чест на исклучоците, ама огромен процент од популацијата ни е borderline retarded. За жал трендот оди на полошо наместо на подобро. Поранешниот систем, со сите свои недостатоци, иако го презирам, мора да признаам дека во споредба со денешниов продуцираше подобри кадри и работите одеа на подобро во тој сегмент. Денес...се е отидено во курац. Имаме нотари, адвокати, професори што незнаат да се потпишат. Што може да се очекува од држава и општество со популација поглупа од Тунис, Либан, Јордан, Молдавија, Албанија...палење, жарење, изживување врз животни, црни магии и врачови...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476
452029771_10221309967973810_7284101952110088263_n.jpg


... господин Столе од Маџир маало, во пензионерски денови е еден од пилотите кој се бори со огнените стихии на македонските планини, секоја чест и му посакуваме добро здравје!

:bravobe:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.278
Поени од реакции
15.402
Енормно зголемување на бројот на пожари во Македонија има во 2000, 2007-ма и 2024 година

НЗС:
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.923
Поени од реакции
2.162
Најди кој пали, опни го во затвор до 3то колено.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
260
Поени од реакции
783
Енормно зголемување на бројот на пожари во Македонија има во 2000, 2007-ма и 2024 година

НЗС:
НЗС Бранко е крив. Од секогаш имало пожари овој период. Што од неуки/безггрижни селани што од пиромани. Да беше организирана саботажа
ќе мобилизираа све живо за гасење.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476
... доброволецот Златко Димов бил повреден додека правел противпожарен појас да не дојде оганот до селото, при гасање на пожарот кај росоманското с.Сирково, тој освен што е херој на денот, тој е сопруг и татко на три малолетни деца и невработен, добри луѓе бизнисмени вие кои можете да го вработите и со тоа му помогнете на ваквиот храбар човек, нема да погрешите!


imagesссс.jpg Screenshot 07-21-2024 12.04.57.png


... повредениот Златко Димов се опоравува од изгорениците на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, му посакуваме побрзо оздравување!
:oeoeoe:
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Некна лозјето на Свето Пивара кај село Каласлари за влакно ќе изгорело.Огромна површина од околу 200 хектари.
Некој селанец рано наутро запалил стрниште и огнот излегол од контрола.

Треба ваквиот менталитет кај селаните да се промени, навистина има заостаната раја заглавена во 50'-те години од минатиот век која не е свесна каква штета може да и направи на природата и луѓето.
Строги закони и едукација се секако едно од решенијата меѓутоа да важи подеднакво за сите.
За намерно палење дефинитивно доживотен затвор.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.782
Поени од реакции
2.755
Едно мое мислење што не верувам дека е вистина кај нас во државава.

Мислење: Шумското ги пали намерно шумите за да ги покријат дрвата што ги искрадија.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.597
Поени од реакции
3.856
Некна лозјето на Свето Пивара кај село Каласлари за влакно ќе изгорело.Огромна површина од околу 200 хектари.
Некој селанец рано наутро запалил стрниште и огнот излегол од контрола.
Лозје не може да изгори ако е работено, ако е запуштено тогаш да може да се изгори.

Едно мое мислење што не верувам дека е вистина кај нас во државава.

Мислење: Шумското ги пали намерно шумите за да ги покријат дрвата што ги искрадија.
Ништо чудно да се избрише траг за украденото, ем тоа што ќе остане а е опожарено пак се тргува се лапаат пари
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476
Едно мое мислење што не верувам дека е вистина кај нас во државава.
Мислење: Шумското ги пали намерно шумите за да ги покријат дрвата што ги искрадија.
...и да е точно, а може да е точно според некои ситуации, треба да се фати поединецот, не крадат сите, ако веќе го прват тоа по некоја шема се неколкумина највероватно со тие на највисоки функции и тоа треба да се разбие со обвинителство што им е работа, а само причам ти причу, како што и самите кажуваат:

Цитирам:

„Работниците ги исполнуваа обврските кон подружниците, имаше продажба на дрва, но каде завршија парите треба да се праша во Дирекција. „Национални шуми“ години наназад се жали дека зимскиот период кога не работат луѓето е многу тежок, но тие се менаџери кои треба да обезбедат средства преку цела година. Вработените и во зимскиот период работеа. Голем дел од вработените и по 10 месеци се водат како сезонски работници, па два месеца не работат. Па повторно сега се погоди да имаме како партиски вработувања на 400 луѓе, а 1.800 луѓе да не земат плата. Ако немаше пари, не требаше да ги вработат тие луѓе“.

Поради започнатиот изборен процес, Владата е спречена да врши вонредни исплати и се бара начин од нивна страна како да помогнат, со оглед на новонастанатите околности, кои се тешко предвидливи и неочекувани“, одговорија од претпријатието за РСЕ,

На почетокот на 2024 година, „Национални шуми“ беше во фокусот на јавноста поради огласот за 355 вработувања. Се бараа шумарски работници, најмногу дрвосечачи и тоа доминантно Албанци во Малешевијата каде оваа етничка заедница според пописот во 2021 година има бројност на жители што се бројат на една рака.

Бирото за јавни набавки, покажува дека државното јавно претпријатие на 15 ноември 2023 склучило договор тежок 43.816.695 денари или 712,466 евра за набавка на 20 теренски возила Дачиа Дастер (Dacia Duster) произведени во 2023 година, подружниците и досега работеле со постари возила и механизација.

Смета дека приоритет мора да биде обезбедување на пари за плата, а подоа за нови возила.“

- затворен цитат.

...што да кажам, а да не заплачам, Рамковиот договор на овие со Договор на дело пари дадени за неработење е само резултат на капитулацијата на Македонија од 2001 година со главниот момент во Арачиново,

...сега новите генерации ќе учат и ќе работаат, а овие рамковите ќе си го држат во рака неписмени со купени по избор дипломи, а на конто парите ќе се слева, а сите тие до сега на власт наместо да го спречат сето тоа оти Рамковиот веќе е историја и таму треба да остане, овие на власт ќутат и се приклучуваат со тендерите па си лапат народни пари обезбедувајќи сопствени две три генерации со хациенди и банкарски конта, а тие сироти вистинските работници со долг работен стаж кои потта ја пијат на работа и живеат од плата, еееее тие се бунат со Синдикатот и на улица за своите права и неисплатена плата, овие другиве на готово си ги чекаат на трансакциона парите!

... оти знаете како иде, прво ги исплатуваат тие со Договор на дело на трансакциона сметка, па потоа тоа што ќе остане од купот ќе се чека да се дадат на вработените на неопределено време!

ете тоа е накратко!

...и наместо сите да идат да гасат пожари овие од Национални шуми, ете вакви херои како пензионери, невработени и доброволци си го жртвуваат животот за гаснење на пожарот, а јас можам толку, барем да ги спомнам тука да читат луѓето, оти заслужуваат многу повеќе како херои на денешницата, дури видов и некој тинајџер доброволец секоја чест и за него!
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Лозје не може да изгори ако е работено, ако е запуштено тогаш да може да се изгори.



Ништо чудно да се избрише траг за украденото, ем тоа што ќе остане а е опожарено пак се тргува се лапаат пари
Баш за запустеност се работи.
Дошла некоја нова директорка во М6 и значително го намалила бројот на вработени во фирмата со изговор дека премногу трошкови правеле.
Еден постар пријател што работи таму ми кажуваше дека лозјето прилично запустено било.
Ги терале тек-тук дури и шефовите да работат.
Македонски феудализам пуштен на најјако.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476
...само како можат да палат намерно за некој си таму терен? потоа пироманите искусни се учат на кој начин!
цитирам:
„Екипите вчера успешно го завршија палењето на 143 хектари од планираните околу 450 хектари северно од Гленвуд. Операциите се очекува да продолжат наскоро и да продолжат до петок.„

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom