Hooligan
..The President...
- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 2.359
- Поени од реакции
- 701
Текстот е преземен од блогот Маркетинг365
Интересна статија за една интересна акција

Прочитајте...
“Пред некој ден дојдов до една интересна информација во врска со најновата кампања која ја спроведува гигантот Google. За ова компанија нема потреба да зборуваме многу. Истата претставува вистинско гнездо на Чудаци кои на секојдневна основа се стимулирани па дури и присилувани да размислуваат поинаку во насока на унапредување на корисничкото искуство на своите клиенти. Ова иницијатива секако ме изненади поради тоа што почнав да добивам лични впечатоци а и коментари од многу лица во мојата мрежа на контакти дека Google jа губи иновативноста, својот идентитет и она што вистински ја прави да биде Google, и дека станува дебела стара дама со тенденција да почне да ужива во своите минати денови на слава пиејќи коктели во примамливото друштво на бирократијата. Следнава иницијатива секако ми ги разладува овие сомнежи. За што всушност станува збор?
Редефинирање на адвертајзингот – Project Re-Brief
Project ReBrief е иницијатива на Google за подобрување на дигиталниот маркетинг преку адаптирање на неколку епски кампањи од историјата на маркетингот на денешната дигитална доба. Соработувајќи со четири брендови – Coca-Cola, Volvo, Alka Seltzer и Avis, Google ќе се обиде да ги адаптира нивните најпознати маркетинг кампањи спрема модерниот потрошувач користejќи технологија која воопшто не постоела пред 10-15 години.
Зошто Google реши да ја спроведе ова иницијатива. Поради тоа што е Google секако. И не само поради тоа. Појавата на Интернет и Интернет маркетингот ова година ја бележи својата “ полнолетност” со навршување на 18 години од појавата на првиот адвертајзинг банер на Интернет. И покрај огромните иновациии во оваа област за која сведочевме во изминатата деценија, сеуште не можеме да речеме дека од корен го сменивме она што претставува маркетинг. Со други зборови, дигиталниот адвертајзинг претставува дополнување, уште една алатка за реализација на активностите на традиционалните маркетинг кампањи кои сеуште го имаат завршниот збор во секој маркетинг буџет. Во нивната основа сеуште лежи истата цел од пред 50 години – информирање/потсетување на потрошувачот. Google како поранешен пионер и сегашен предводник во технологиите и трендовите на дигиталното рекламирање го разбира ова и реши да иницира промена во соработка со претходно споменатите брендови. Поради тоа ги повика од своите топли домови тогашните креативци на овие 4 брендови кои ја осмислија пораката и идентитетот на брендовите кои и ден денес претставуваат наша мантра и дел од нашето секојдневие. Сега како старци, овие креативци се најдоа пред предизвикот повторно да ја осмислат адвертајзинг каппањата на своите брендови користејќи медиуми кои како што реков погоре беа научна фантастика во нивно време. Еве како го направија тоа…
- 1. Coca Cola
- Harvey Gabor
Сигурно не постои некој од нас кој барем еднаш досега го нема видено рекламниот спот со распеаниот Coca Cola хор. Ова беше идеа на Харви Габор а песната беше снимана од страна на познат Британски бенд во тоа време. (http://www.youtube.com/watch?v=Q8H5263jCGg)
Реакцијата на рекламата беше неочекуван. Спотот молскавично се прошири низ радио станиците во Америка и Coca Cola прими илјадници писма од целата земја, трансформирајќи го ова видео во една од највпечатливите реклами во историјата – истото стана движечка порака на толеранција и надеж.
Нов концепт.
На старчето Харви не му требаше многу време за да произлезе со идеа како да ја искористи денешната технологија за повторно да ја пренесе пораката на мир и толеранција на Coca Cola.
Неговата нова кампања им овозможува на корисниците “да му купат Coca Cola на светот” преку својот компјутер или паметен телефон и да се поврзат со некој од другата страна на светот преку магијата на емитувачко рекламирање. Корисниците можат да изберат локација, да прикачат персонално видео или порака и да гледаат како Coca Cola ја испорачува пораката до специјално дизајниран автомат за продажба на другата страна од светот. Примателот од другата страна кој се наоѓа пред автоматот може да испрати кратка порака со благодарност назад до праќачот директно преку автоматот. Уште еднаш, Добра работа чичко Харви!
Што мислите за иницијативата?