Замена за житарки

  • Креатор на темата Hulse
  • Време на започнување
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Постои ли некоја поздрава алтернатива на житарките? Со повеќе протеини и масти на пример, или да не се составени од овес, пченка и слични варијанти. Благодарам однапред.
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
367
Поени од реакции
152
Има, секако дека има. Прашањето е дали ќе можеш да си дозволиш. Јаткасти плодови како: ореви, бадеми, лешници, ф“стаци... Маслинките и авокадото исто така содржат доста масти и спаѓаат во здрава храна. Морска храна за протеини.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Не можеш да ги замениш, само внесувај ги помалце и ќе биде океј, посебно белиот леб, тоа нека ти биде само како додаток на јадењето кришка две а не главно јадење пола леб.
 
Хм, повеќе мислев на таква алтернатива што би наликувала и би имала сличен вкус како и горенаведените житарици, само нели друг состав би имале. Инаку знам за јаткастиве плодови, си ги практикувам често нив. А морска храна секој ден јадам, со сардините на прво место.

Не можеш да ги замениш, само внесувај ги помалце и ќе биде океј, посебно белиот леб, тоа нека ти биде само како додаток на јадењето кришка две а не главно јадење пола леб.
Не јадам бел леб, не знам колку е поздрав ржаниот и интегралниот, но само нив ги практикувам во исхраната.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
житарките ти се најздрава алтернатива, земај мусли , место бел леб земи тонус леб , малку спорт и толку
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Постои ли некоја поздрава алтернатива на житарките? Со повеќе протеини и масти на пример, или да не се составени од овес, пченка и слични варијанти. Благодарам однапред.
Постои, ќе си печеш домашен леб од ржано, јачменово, хељдино брашно, без квасец, со кисела вода.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Постои, ќе си печеш домашен леб од ржано, јачменово, хељдино брашно, без квасец, со кисела вода.
Во ред тоа, ама повеќе мислев на некоја алтернатива во смисол на брза подготовка, и да биде замена за житарките кога ги јадам за доручек или помеѓу главни јадења. Не би јадел само леб наутро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom