Законот на Телема

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881

Ги слушам семинарите и емисиите на Марк Пасио последнава недела и мојот прв впечаток е дека не се работи за класична conspiracy будалетинка туку поседува суштинско разбирање на работите и знаење. Како поранешен припадник на Сатанистичката Црква на Лавеј има доста што да каже а забележувам дека гаи симпатии кон Телемата. Иако темата е Телема видеото што го поставив е за Алистер и перспективата на Марк за Алистер, вели го поставил патот но не одел по него, тука направете преседан и не се водете според тоа што гледате, туку според тоа што слушате - во врска со Кроули. Не знам баш се за животот на Кроули, знам за неговите зависности, бисексуализам и слично, не знам дали воопшто и има врска ова со дрогата и бисексуалноста со тоа што го кажува Марк, но баш би сакал да знам дали е вистина тоа дека Кроули тоа што го проповедал - сепак не го живеел, и ме интересира делот дека Кроули на моменти бил медиум и како таков пишувал а на моменти пишувал низ призмата на своето его. Мислам дека Кроули бил голем егоист но поставил и оставил добар систем и учење и тоа мора да се почитува.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Мене ми е ок човеков што зборува на видеово :) По се изгледа се заморува со Кроули доволно...

За Кроули дали го одел или не патот на иницијацијата, можете да му ги читнете Исповедите... таму на пример пишува, парафразирам: со години има одбивност кон Liber AL, ја избегнував итн итн... Но потоа и те како застанува цврсто на нозе и создава се што е создадено според Liber AL. Бидејќи ако не прифател што е дадено во Книгата на Законот, како ќе опстанел A.'.A.'. или O.T.O. како прв од старо-еонските Редови кој го прифати Законот? :)

Ете одговор со видео, слушни го Anton Wilson :)


Кроули кога се чита, мора да се разгледува како поет, философ, окултист, Пророк. Кога ќе му читате размисли, погледнете од тој агол и ќе знаете за самата длабочина на напишаното. И небитно е Кроули или било кој што како одел - не може да знаете со сигурност! По делата се познаваат - а за да ги знаете делата, треба работа :)

Не би рекол дека бил медиум... но не знам (ниту пак сметам дека е во ред на форум да расправам за ова) накратко да објаснам за мистичните искуства што се случуваат при одредени пракси ниту пак мистериите на Телема и новиот еон.
Може да се каже медиум, но тоа медиум е... не знам, многу негативна конотација влече според мене и не би го користил, потсетува на сеанси, на спиритуалисти од почетокот на XX век, шарлатанство - што и самиот Кроули се гадел од сета таа циркуска престава на ефтини трикови.
Кроули користи Higher self итн итн, но никако его. Егото мора да се соедини со повисокото, повнатрешното...

Во Телема постојат „класи на книги“ - тука може да прочиташ како се делат. Во „Магика“ пак има доволно за да се разјасни ова „медиум“ и „кој тоа пишувал“ :)

П.С. Погледни колку има изнапишано Кроули дела и тоа, се мислам дека не се баш многу едноставни книги, во својот живот! Има нешто :)
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Дали Бездната може да се премине единствено и исклучиво доколку постојат иницијација и пракси? Прашувам бидејќи сретнувам информации дека во одредени околности, како природни катастрофи и несреќи на цела една заедница, поединец може да се соочи и искуси со преминувањето на Бездната.

Ако е Бездна во Телемата, што е тогаш во Будизмот, Хиндуизмот, постои ли воопшто како концепт и процес?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Каде сретнуваш информации за „минување на бездната“, поврзано со Телема и иницијациите во A.'.A.'. ?
Обично користам Телемапедиа, но таму нема информации ниту искуства за преминување на Бездната, сем една страна која оскудно дава општи информации за тоа што таа претставува. Конкретно за претходното прашање еве од каде читав:

https://theomagica.com/on-crossing-the-abyss/

Затоа и прашувам затоа што претпоставувам дека има и доста шпекулации и погрешни информации.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Не читајте само веб страници и блогови. Не може никој да ви каже повеќе од она што можете вие сами при читање на Светите Книги на Телема, праксите и философските објаснувања дадени во официјални книги да разберете и интелектуално да ги поврзете симболите според вашата умешност!

Да, моето размислуавње може да помогне некому кој што има слични интереси со моите, но само ако имате увид во оригиналните записи дадени во нашите книги!

Според мене, не постои начин да се искажат искуствата при ова „преминување на Бездната“ и сметам дека е апсолутно непотребно да се расправа за сопствените искуства во врска со оваа ствар. Затоа и нема на Телемапедиа... а и нема да најдеш кај ниту еден сериозен магичар да глагола за овие ствари.

Ова што следува подолу е извадок од Една Ѕвезда на Видикот, која дава увид во A.'.A.'. :

„The general characteristics and attributions of these Grades are indicated by their correspondences on the Tree of Life, as may be studied in detail in the Book 777.
... овде имаш листа на Grades пред овие...
И потоа:

Adeptus (without). —is expected to perform the Great Work and to attain the Knowledge and Conversation of the Holy Guardian Angel.
Adeptus (within). —Is admitted to the practice of the formula of the Rosy Cross on entering the College of the Holy Ghost.
Adeptus (Major). —Obtains a general mastery of practical Magick, though without comprehension.
Adeptus (Exemptus). —Completes in perfection all these matters. He then either (a) becomes a Brother of the Left Hand Path or, (b) is stripped of all his attainments and of himself as well, even of his Holy Guardian Angel, and becomes a babe of the Abyss, who, having transcended the Reason, does nothing but grow in the womb of its mother."


За она што спомна дали треба да си инициран и да имаш пракса: одговорот е погледни ја Една Ѕвезда на Видикот, тука. Ќе ти разјасни многу ствари.
И ќе можеш да пресудиш што значи ова „преминување“ и со што се друго е поврзано...
Бидјеќи, да навистина денес секој шарлатан зборува за просветленост, искуства над разумот итн итн... но кога си запознаен со системите како функционира нештото - малку е подруго :)

Нормално, доаѓа прашањето како ќе знае некој што поминал, дека и другиот поминал? По начинот на кој се споделуваат искуствата, што научил некој низ тие искуства. Според моето искуство кога расправам за она што јас сум поминал, понекогаш не ни се зборува за искуствата внатре во себе што се случиле сите трансформации, а се разбира што е кажано бидејќи има превојни точки кои се исти за секој. :)

Не ми се допаѓа лично текстов што ми го прати , како да ни вели дека преминувањето на Бездната во системот на A.'.A.'. е од а кон б. Но, тоа е мое расудување.

П.С. И погледни ја Liber Cheth , A.'.A.'. Издание во Класа А! Бројот на Книгата е CLVI
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
93 момци и девојки :)

Кој е заинтересиран за едно мое предавање, да се дружеме?
Ако има такви повелете на линков за да Ви бидат појасни работите околу предавањето за Истокот.
Не е скапо предавањето, се зависи дали го имате тоа со што може да се плати истото!

Се гледаме :)

93 93/93
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157

„Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш.“
- Книга на Законот, II:57-58


"This, and the first part of the next verse demonstrate the inviolability of Hadit our Quintessence. Every Star has its own Nature, which is 'Right' for it. We are not to be missionaries, with ideal standards of dress and morals, and such hard-ideas. We are to do what we will, and leave others to do what they will. We are infinitely tolerant, save of intolerance. It is not good, however, to try to prevent Christians from meddling, save by the one cure: The Christians to the Lions'.

It is impossible to alter the ultimate Nature of any Being, however completely we may succeed in transfiguring its external signs as displayed in any of its combinations. Thus, the sweetness, whiteness, and crystalline structure of sugar depend partly on the presence of Carbon; so do the bitterness, greeness, and resinous composition of hashish. But the Carbon is inviolably Carbon. And even when we transmute what seem to be elements, as Radium to Lead, we merely go a step further; there is still an immutable substance – or essence of Energy – which is inevitably Itself, the basis of the diversity."
- The New Coment, 1921
[DOUBLEPOST=1531779930][/DOUBLEPOST]„Не следете никого.
Само вие самите можете да се водите себеси.
Бидете отворени и подготвени да одбиете секакво туѓо влијание.
Користете ги сопствените сили.
Не зборувајте; оставете ги другите нека зборуваат. Не им обрнувајте внимание, ниту нив ниту мене.
Одбегнете ги и нив и мене со вашата самодисциплина.
Ценете ја својата слобода во однос на оковите од лудачката кошула.
Розата е роза, без оглед на нејзината положба на грмушката.“

- Препород на Магика и Други Есеи, С.А. Јакобс
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
Мислам дека Алехандро Ходоровски бил под силно влијание на Телема. Ви го препорачувам ова негово ремек дело:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.881
По што го заклучи тоа?
Јас мислам дека не е....
Има, гледај го. Има сцени со тарот картите во позадина како декор на ѕидовите, има кадри со 93/93.

Сепак имам впечаток дека Зен филозофијата преовладува, барем во овој филм.

Па пиши твое мислење :)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Има, гледај го. Има сцени со тарот картите во позадина како декор на ѕидовите, има кадри со 93/93.

Сепак имам впечаток дека Зен филозофијата преовладува, барем во овој филм.

Па пиши твое мислење :)
Го гледав... :)
Да не е тоа заради соработката со Kenneth Anger ? Сите тие симболи, тарот итн итн?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Да се потсетиме за Законот на Телема и книгите во Класа А :

„Јас сум пламенот што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.
Јас сум Магичарот и Егзорцистот. Јас сум оска на тркалото, и коцка во кругот.
“Дојдете кон мене” е будалест израз: зашто јас сум тој што оди.
Кој го обожуваше Херу-па-краат ме обожуваше мене; погрешно, оти јас сум обожувателот.
Запомнете сите вие дека постоењето е чиста радост; дека сите таги се само како сенки; тие поминуваат и завршуваат; но постои нешто што останува.“
- Книга на Законот, Liber AL vel Legis svb figura CCXX, II:6-9

Коментарот на Liber AL, познат како „Законот е за Сите“ може да го најдете тука, на англиски - но го има и како книга преведен на македонски јазик, достапен во нашите книжарници или преку контактирање на некое од трите О.Т.О. Тела во Македонија (ако имате храброст) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom