Заеднички концерт на групите од АРЕНА Рекордс

Статус
Затворена за нови мислења.

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Скопје 12 Мај, 2006 - Со почеток од 20 часот во ноќниот клуб Ескејп за прв пат од своето 10 годишно постоење хип хоп издавачката куќа Арена Рекордс ги обединува своите најдобри адути за еден зборен концерт. Клан Исток , Пука Козметика и Единствена Опција се групите кои со своите најнови албуми ќе се претстават пред скопската публика која се очекува да биде во најголем број досега кога станува збор за настан од ваков тип.

Идејата за овој концерт е заедничка и е насочена највеќе за развивање на урбаната култура - хип хоп и рнб, музика која во моментов е во својот најголем подем, изјави човекот за односи со јавност Мартин Георгиески кој е воедно и член на Бугарско Македонскиот хип хоп состав Скопје виа Сифија.

На концертот ќе настапи со своја програма ДЈот на Арената БугиМан како и Бугарскиот ДЈ Станчо кој е и директор на издавачката куќа Снајпер Рекордс, како и членови од овој лејбл Димна Завеса и Бобо кои имаат постојана соработка со групите од Арена Рекордс.

Како загревачки групи на познатите њујоркши рапери Ву Танг Клан и Џеру д Демеџа, Клан Исток и Пука Козметика земаа и учество во Балканскиот хип хоп фест кој се одржа 2004 год во Софија, и на кој учествуваа артисти од целиот Балкан. Нај младите членови на Арената Едиснствена Опција беа лидери на концертот на њујоркшкиот рапер Афу Ра во Скопје оваа година. Во јуни се очекува групата Скопје виа Софија кои издаваат и за двете издавачки куќи Арена и Снајпер Рекордс да настапат како пред група на раперот Баста Рајмс во Бугарија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom