Забранет турбофолкот по дискотеките во Скопје

Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Лудилото наречено турбо-фолк од неодамна не се слуша во летните дискотеки. Сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно одлучиле турбо-фолкот да престане да се пушта, а единствено диџеите и македонските пејачи ќе можат да настапуваат

Ноќниот живот во Скопје преку ноќ се измени. Нема повеќе џускање на турбо-фолк во летните дискотеки, а љубителите на оваа музика ќе можат да ја слушаат само во кафеани и по дома. Од неодамна, сопствениците на дискотеките во главниот град едногласно имаат одлучено турбо-фолкот да престане да се пушта во дискотеките, па затоа единствено диџеи и македонски пејачи ќе можат да настапуваат во нив. Па така, Цеца, Аца Лукас, Харис Џиновиќ единствено ќе можат да се слушаат на приватни забави, кафеани, низ дома, а во диско ќе се слуша сосема друг вид музика. Турбо-фолк лудилото кое го зафати главниот град и каде што се бараше карта повеќе за да се присуствува на концерти на некои од српските пејачи, па и на нашиот Жаре Бербер, кога од жешката атмосфера сите се гасеа со литри алкохол, гужвите и турканиците беа нормален дел од излегувањето. Љубителите на овој вид музика ќе бидат приморани да се преориентираат на друг вид музика ако се уште сакаат да бидат дел од градската шема. Во разговор со еден од скопските менаџери, тој истакна дека сопствениците на летните дискотеки решиле ниту во едно летно диско да не се пушта турбо-фолк и да не се носат српски пејачи. Целта за донесување на оваа измена во ноќниот живот е да се врати стариот сјај на Скопје, кога секој викенд доаѓаа некои од најдобрите светски диџеи.

Мораше да се измени нешто во градот, доста беше од турбо-фолк, скопјани сакаат да се врати времето кога доаѓаа врвни диџеи. Дискотеките продолжуваат да се полнат иако нема повеќе српско, прометот не опаѓа, а и онака многу скапо се плаќаа српските изведувачи кои чинеа и по десетици илјади евра, посочи еден од скопските менаџери.
[Реакциите на граѓаните кои се чести посетители на дискотеките во паркот се различни за новитетите во градот. Љубителите на турбо-фолкот не се согласуваат со промените и се жалат дека немаат каде да излегуваат, додека пак противниците на турбо-фолкот се радуваат што конечно после неколку години во диско ќе се пушта диско музика.
- Слушам само турбо-фолк и сега немам во која дискотека да излезам. Треба барем во една дискотека да има српско, па не сакаат сите да слушаат странски и домашни диџеи. Големо друштво сме, почнавме собиранки по дома да правиме, а и еден викенд отидовме до Велес да се извеселиме на српско, вели Магде К., една од засегнатите скопјанки.
- Скопје се исељачи со турбо-фолкот, секој викенд доаѓаше по некој српски пејач и ги труеја скопјани со нивната музика. Конечно скопјани ќе можат да се журкаат на квалитетна музика со светски познати диџеи, како што беше до пред неколку години, задоволно истакна Горан В.
Останува да видиме како скопјани ќе ги прифатат измените во ноќниот живот, и дали дискотеките ќе имаат повеќе ќар со носење на светски познати диџеи, отколку со турбо-фолк пејачите.

Извор ВЕЧЕР

Одличен потег од газдите !

Се надевам дека оваа вест не од оние ONION вести
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
magde K duri do veles odela za turbo folk da slusa. Dlaboko zasegnata i potresena od ovaa odluka
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Булшит е ова, што има да забрануваат бе. Чим се пушта српско и се пунат дискотеките значи има голем број на луѓе што слушаат српско и сакаат да идат на такви журки. Како може така строго да забраниш нешто да не се пушта... немале кај да излагаат тие што не слушале српско. А сеа со бранење на таквата музика тие што слушаат српско кај би излагале, м? Или тоа е for the greater good за некои да имаат кај да излагаат, а некои не. Глупост е да се забрани пуштање на одредена музика, ќе пушташ тоа што мислиш дека ќе им се свиѓа на повеќето, нема да забраниш пошто бие глас дека таквата музика била "сељачка". Што сеа ако доаѓаат константно диџеи три години по ред и почнат да се бунат останатите како немало ич српско, тогаш ќе ги забранат и диџеите? Глупости...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Така треба. В диско зе знае каков е редот. Треба класична музика од камерен оркестар. И никако алкохол служење, искључиво сокчиња со цевка и швецка маса да има. Култура треба да се има.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Така треба. В диско зе знае каков е редот. Треба класична музика од камерен оркестар. И никако алкохол служење, искључиво сокчиња со цевка и швецка маса да има.

Ништо без сељачкото не е интересно.... Туку ај биртииве што се низ град ќе си тераат по стара шема :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Уште да им наредат секој викенд да не ги пуштаат/свират/пејат истите песни и ноќниов живот ќе стане бомбона.:icon_mrgr:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.618
Поени од реакции
31.826
Не е до музиката, до менталитетот е. Ѓабе, ѓабе.........

Oдиш в кафиќ, влегуваш и гледаш сето скочането, стои и гледа едно во друго. Нема руке горе, руке доле, нема скокање, тажно и тивко ко гроб.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Булшит е ова, што има да забрануваат бе. Чим се пушта српско и се пунат дискотеките значи има голем број на луѓе што слушаат српско и сакаат да идат на такви журки. Како може така строго да забраниш нешто да не се пушта... немале кај да излагаат тие што не слушале српско. А сеа со бранење на таквата музика тие што слушаат српско кај би излагале, м? Или тоа е for the greater good за некои да имаат кај да излагаат, а некои не. Глупост е да се забрани пуштање на одредена музика, ќе пушташ тоа што мислиш дека ќе им се свиѓа на повеќето, нема да забраниш пошто бие глас дека таквата музика била "сељачка". Што сеа ако доаѓаат константно диџеи три години по ред и почнат да се бунат останатите како немало ич српско, тогаш ќе ги забранат и диџеите? Глупости...

Шефе, кај виде дека ќе забранат? Едноставно, тие што имаат дискотеки се договориле да не прават српски журки. Ако има интерес за српска музика - нека си отвори некој дискотека таква. Нели имаше една во Кадино или кај и да беше, Гранд. Си се знаеше порано, таму има турбофолк и си цепаа сите.

Иначе, искрено, би забранил јас со закон турбофолк музика, зашто...зашто е сељачки бе, не ме дупи, не била сељачка музика. Чест на исклучоци, едни од најрелаксираните и најурбани дечки и девојки знам ги знам слушаат таква музика али повеќето се асални дебили и глупачки. Не дека не ќе ги снема тие фаци, ќе се појавуваат сеа на „урбаните журки“ (не дека нешто со диџеи пак една јака музика, со ептен народ за забава. Повеќето дремат на сепариња и се гледаат) ама зашто да се има впечаток дека ноќниот живот во Скопје е турбофолк забави?
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Фала богу на ваквата одлука. Ај само да видиме дали ќе се применува како што е одлучено!
Сега почесто ќе излегувам по дискотеки, ВЕТУВАМ! ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom