Жителите на Горно Оризари добија бесплатна интернет точка...

Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Отворена првата канцеларија на Општина Велес во населено место и жителите на Горно Оризари добија бесплатна интернет точка.

Норимаса Шимомура, заменик постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Македонија, Јани Макрадули, претседател на Комисијата за информатичка технологија на Владата и пратеник во Собранието на Република Македонија и Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски со вклучување на компјутерските екрани ја отворија првата Канцеларија на Општина Велес и првата бесплатна интернет точка во село Горно Оризари. Опремена со седум персонални компјутери, конекција на Интернет мрежата и локална телефонска линија, првата канцеларија од овој вид во Република Македонија, на жителите на Горно Оризари, најголемото населено место на подрачјето на Општина Велес ќе им обезбеди пристап до сите административни услуги на општината, бесплатен пристап на интернет и можности за обука во областа на компјутерските вештини. Првата бесплатна интернет точка во Горно Оризари е отворена со финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации.

На свеченото отворање на канцеларијата, Норимаса Шимомура, заменик постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Македонија изјави дека ова е мошне важен чекор што Општина Велес го прави за жителите на Горно Оризари. „Програмата за развој на Обединетите Нации ги поддржува овие иницијативи затоа што тие придонесуваат за зголемување на знаењата на локалното население, намалување на сиромаштијата и економски развој“, рече меѓу другото Шимомура. Градоначалникот Аце Коцевски укажа дека отворањето на првата канцеларија на Општина Велес во едно населено место е само дел од заложбите на општината за подобрување на услугите за граѓаните. „Жителите на Горно Оризари веќе нема да бидат принудени да одат во Велес заради административните услуги, зошто сите услуги ќе можат да ги добијат овде во Горно Оризари“, рече Коцевски кој најави дека во наредниот период општината ќе отвори вакви канцеларии и во други населени места, а наскоро ќе започнат со работа едношалтерскиот систем за давање на услуги на едно место и првиот систем за електронско одвивање на седниците на Советот на Општината“.

Изразувајќи задоволство од овој чекор напред во имплементацијата на информатичко комуникациската технологија, Јани Макрадули, претседател на Комисијата за информатичка технологија на Владата и пратеник во Собранието на Република Македонија укажа на заложбите за подобрување на состојбите со пристапот до Интернет во Македонија. „Верувам дека степенот на користење на предностите на Интернет во Македонија веќе достигнува 20%“, рече Макрадули.

Првата канцеларија на Општина Велес и првата бесплатна интернет точка, за првпат во Република Македонија ќе ги опслужува физичко лице - вршител на делегирана надлежност.

Извор


Инаку не е убаво објаснето на вебстраната. Се работи за прва општина во Македонија каде што седиштето на општината е поврзано со нивната истурена канцеларија во едно село. Поточно главната општинска зграда на општина Велес е поврзана со wireless мрежа за нивни потреби со село Горно Оризари кое е оддалечено на 10-15 километри од Велес.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Јас на прво читање помислив дека цела Општина ја покриле со безжична мрежа, преку која луѓево би имале бесплатен интернет. Знаев дека е премногу добро за да биде вистинито. :wink:
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Тоа малку потешко. :) Ова е за интерни потреби на општината, значи на почеток само интернет и VoIP телефонија, а во иднина и апликации за online вршење на административни услуги (ќе нема потреба од лично одење во Велес за да се побара некоја дозвола). Инаку за почеток ова е пилот проект, а во иднина се планира да се поврзат и други истурени канцеларии во општината.
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Доста им е за почеток.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
vardarce напиша:
Тоа малку потешко. :) Ова е за интерни потреби на општината, значи на почеток само интернет и VoIP телефонија, а во иднина и апликации за online вршење на административни услуги (ќе нема потреба од лично одење во Велес за да се побара некоја дозвола). Инаку за почеток ова е пилот проект, а во иднина се планира да се поврзат и други истурени канцеларии во општината.
Одлично тогаш, само нека се множат ваквите примери. :wink:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.577
Поени од реакции
1.879
значи сега сите можат да крадат интернет од нив?
или не?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom