- Член од
- 1 ноември 2012
- Мислења
- 100
- Поени од реакции
- 103
Времето е илузја...една интересна приказна. Приказна со многу ликови, настани и дела.
Не води насекаде, понекогаш не ни прашува. Тоа има идеја за нас која не секогаш ни се допаѓа. Најгорливото прашање на човекот е: како да го контролирам времето? Времето кој тој го создал за да си го олесни животот, сега не му е во контрола...избега! Зарем не си помислувате дека животот и времето си коваат завера. Дека сево ова е само една игра, една бледа сенка за нешто што одамна заминало. Што ако сме нечие минато, што ако сме нечива иднина? Што ако?
Понекогаш, дозволувам да ме однесат мислите до патот кој поретко се оди. И само размислувам. За животот. За времето. За луѓето. За едно време кога светот имаше смисла. Неретко се прашувам дали сево ова е само една голема илузија! Дали ЈАС постои, и ако да каде му е местото? Ако велиме дека „Судбина е“, тогаш од каде знаеме дека некој веќе не го знае нашиот живот или веќе го проживеал?
Си велам, зошто секогаш мора да веруваме дека така требало да биде. Во еден момент си неизмерно среќен, но во наредниот миг животот ти дава мал потсетник и ти кажува кој е главен. Те потсетува дека во оваа игра додека ги научиш правилата тие веќе се смениле-а исто и ти!
Дека секој човек што ќе го сретнеш ќе те научи на нешто ново. Ќе ти подаде рака оној кој не си го погледнувал, ќе те насмее оној кој си го презирал, ќе допреш до некој кој не знаел дека постоиш. А, за цело време те остава сам. Те остава да види до каде. Кога ќе залуташ во мракот на твоите мисли, ќе пушти мал зрак светлина. И повторно ќе те остави. И патуваш, талкаш. Несебично ја споделуваш својата животна приказна со секој случајно затекнат минувач. Некој ќе те слушне, некој ќе се насмее, некој пак ќе те турне на подот и ќе плукне на тебе. Ти продолжуваш. И оденаднеш...се случува. Ти чувствуваш. Чувствуваш љубов, среќа, занес, тага, омраза...ти си жив а не си ни свесен. Набрзина поминуваш, газиш врз соништата кои одамна ти се скршиле и по незнам кој пат крвариш
. А тие те гледаат со очи полни надеж дека можеби, само можеби повторно ќе се прикрадат додека спиеш и повторно да ги исонуваш. Да се потсетиш во времето кога соновите беа поинтересни од реалноста, а сега се суров потсетник за изгубеното детство. Да, животот си игра, сака да доминира.Еден ден мислиш дека имаш се, но утре се будиш во непозната соба со непознати луѓе. Слушаш вести кои не ти се јасни. Се прауваш каде си бил додека овие настани се случувале. Се прашуваш кој си! И очајно бараш начин како да ја вратиш онаа стара добра слика за тебе.
Но, за тоа време си научил многу. Луѓето бегаат од тебе кога треба да ти помогнат. Точно, сите сме луѓе но ретко кој е човек. А животот, тој стар итрец, седи на страна и сомнително се смешка. Ужива додека ни поставува сопки. Ужива да не гледа. Перверзно се смее во нашето лице. А ние слепо ја прифаќаме неговата игра со надеж дека утре се ќе биде во ред. Ќе се врати се што се изгубило. Ќе се вратат сите што заминале. А тој потврдно климнува со главата. Патот пред нас е темен. Не се гледа каде одиме. Само по некоја залутана човечка душа за миг ќе го осветли патот.
Животот е измислена фраза...приказна. Приказна која секое утро си ја повторуваме, а секоја вечер ја колнеме. И секој ден истата мисла: Животот има фантастична смисла за хумор!
Мој добар пријател извонреден човек, многу млад го надарила природата со вишок биоенергија па учејќи како да го канализира тој енергетски сноб решава да изучи дренви техники за да може да ја користи правилно био енергијата но затоа животот му се менува целосно.
Денес е тој што е за негови години прошол и превише и секад ми изгледа као 35 годишен коа праиме муабет, ми дозволи да споделам негов прв блог. Чест ми е доколку го прочитавте. Да и линк од блогот.. http://miveruvash.blogspot.com/2013/11/blog-post.html