Ако се во регистрирана вонбрачна заедница важи исто како и во брак и ќе може да бара пола од целиот тој заедничкиот имот, само ако го стекнале додека им траела таа вонбрачната заедница, но не може да наследува ако тоа е негов личен имот, бидејќи таа не влегува во ниеден наследен ред, освен доколку нема оставено тестамент.
Доколку не склучиле брак, немаат деца, а пример мажот има наследен имот од родители и починал. Не оставил никаков тестамент, за да ја обезбеди вонбрачната партнерка, сега таа нема да може да наследува ни пак нема да може да бара издвојување на дел од заедничкиот имот. Ако имаат деца, тогаш тие ќе наследат, ако не некој роднина.
А таа нема да може ни да бара утврдување на право на сопственост ни по основ на одржувачка, затоа што е несовесен владетел кој никогаш нема да може да се стекне со право на сопственост по пат на одржувачка без разлика колку долго владее одреден имот.
Иначе лесно е да се напише партнерите да одат секој на своја страна. Не си одговараме и после неколку години видовме какви сме и двајцата, па решивме да си кажеме чао.
Никакви судски трошоци ни трошоци за адвокати.
Позитивно е што со ова многу ќе се запознаат подобро и ќе се спречат многу разводи, но се ова има и последици. Некои добиваат трауми, а други се плашат повторно да се одлучат на ваков заеднички живот без брак, а трети остануваат без ништо.
Заедничкиот живот може да биде успешен 10 години, а после да е неуспешен. Луѓето се менуваат, немаме сигурност дали некоја личност ќе е истата после одреден период. Некои порано, а други покасно созреваат и го менуваат однесувањето. Денес ништо не е гаранција за долг и среќен брак. Не знам што ви менува еден лист хартија.
Ова живеење без брак ми е за оние мажи со пичка кои не знаат како да се соочат со проблемите и не инвестираат во бракот. Колку ќе инвестираш толку ќе трае.
Докажувањето ти е изјава кај нотар. И пак и тие се регистрираат, ставаат потпис и имаат официјален документ со кој се докажува од кога започнала таа вонбрачната заедница. Никој не дава без доказ. Исто како во брак со исти права, со потпис и документ, само што пократко ќе им трае постапката доколку одлучат да се разделат.
Се што е стекнато пред тој датум не го делат на пола и не го наследуваат.