Живеење заедно без брак

Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
Nikogas ne mozes da znaes koj se moze da pomine na pazar i da ja vidi kravata, da dade bolje ponuda od tebe, toj sto treba uvek posleden doznava. Nema kravata tebe da ti kaze ako dobie ponuda, ednostavno kje ja vidis vo necija stala, slikana na Facebook, cela okezena so zvonecot na vrat :LOL:

Se dur ne ja kupat kravata stoi na tezga(nevidliva za tebe)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ahh ljubov, toa e vekje druga tema, imas brakovi - bez ljubov, imas i zaednicko ziveenje- bez ljubov, dokaz za ljubov spored mene e koga nekoj kje ti se najde vo najteskite momenti, i koga iskreno saka i pokazuva interes, da se grizi za tebe, emotivno i finansiski, i spremen e da se zrtvuva za tebe, ete toa e ljubov.

Zaednicko ziveenje bez ljubov e mozno, isto kako sto i brak bez ljubov e mozen, poentata e deka zaednickoto ziveenje bez sklucuvanje na brak, e glupost spored mene, i kako sto rekov pienje na mlekoto bez pari.

A dokolku nekoj zivee uporno so nekoj a ne saka da skluci brak, po odredeno vreme, toj nekoj ne e siguren vo svojot partner/ka, ili nema uslovi za da skluci brak, pa zatoa i go odlozuva, ne mora da znaci deka ne ja saka partnerkata/partnerot, ednostavno nema uslovi ili ne e dovolno siguren vo svojata ljubov, privrzanost, funkcioniranje na vrskata, i kako taa bi izgledala ponatamu vo idnina, ednostavno ne se gleda so taa licnost na dolgorocen plan........... toa e moeto mislenje.
Пред да браниш некој, прочитај барем што напишал, за да знаеш што браниш.
Девојката збореше дека бурмата, т.е. бракот е доказ на љубов.

Има општества во коишто бракот се смета за демоде, ОК? Како што е демоде имањето 10 деца, поделбата на машки и женски работи низ куќи итн. Не се работи за луѓе коишто живеат малку заедно, па после ќе се земат. Се работи за партнери кои немаат намера никогаш да стапат во брак.
Заедничкото живеење без брак ги наметнува истите обврски како и брачната заедница.
 
Justin Sidher

Bad Boy
Член од
15 јуни 2016
Мислења
83
Поени од реакции
26

Точно а и немораш да ги плаќаш адвокатските трошоци за развод на претходен неуспешен брак кои се многу вискоки таму каде што е бракот веке демоде.(одкога ке се скараш со претходниот партнер и поради тоа неможеш да си ја официјализираш врската која се вика= вонбрачна).
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Во било која врска е подобро да се живее со парнерот зошто многу подобро се запознава. Посебно ако покасно се запознаат во животот, и двајцата како зрели возрасни личности можат да одлучат да живеат заедно за поубаво да се запознаат, без правење голем циркус околу тоа.

Најчесто во нашава средина, а може и пошироко, уште одма сите роднини и познаници прават помпа од живеењето заедно и постојано ги прашуваат младите кога ќе има венчавка, како живеењето заедно да е само подготовка за венчавка. Не можат да разберат ако е тоа само живеење заедно. Дури гледам и сите коментари во темава се за и околу брак поврзан со живеењето заедно.

Сепак, може и тие се во право донекаде. Решавањето на живеење заедно е сносување одговорност за таа мала заедница што двајцата ја ствараат, е еден вид на обврзување. Потоа запросување и венчавка се само технички работи, бидејќи ја нема таа воодушевена изненаденост кај девојката и горделива одлучност кај дечкото кога пристапуваат кон нов живот. Партнерите веќе знаат дека другата страна сака со нив да го помине животот.

Можеби затоа е така традиционално, да не живеат заедно се до запросување, бидејќи запросувањето е поозбилен чин од прашувањето "ти се живее ли заедно". Озбилноста е во ризикот дека без разлика кои се "недостатоците" кај другата особа кои ќе се откријат во заедничкото живеење, одговорноста се презима да се влезе во тој заеднички живот до крајот на животот. Има нешто романтично во тоа.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Многу паметна работа(y).Ако не се партнерите еден за друг секој на своја страна,без да се богатат адвокатите!
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Вака.
Маж и жена невенчани живеат цел живот, 30години, мажот ненадејно починува. Станот да ти бил на име на мажот. Со тоа оди на неговите роднини. Жената невенчана, пред закон е никој и ништо. Станот отишол кај некои втори братучеди, што ниту ги знае, си го продале и на стари години останала на улица. Ова од реален вистински случај.

Да не спомнувам и дека жената може да ја наследи пензијата на сопругот ако е повисока од нејзината.
Значи брак не е мода или не мода. Многу важна работа е.
Си има цела серија права и закони што ги штитат брачните другари.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.915
Поени од реакции
25.303

Според законот за семејство, член 13, вонбрачна заедница која траела повеќе од една година е изедначена со брачната заедница кога станува збор за имотот. Да, замисли, во традиционална Македонија. Освен тоа можат да си остават тестамент. Има начини.
 
Не оставиле тестамент, и реално кој мисли на тестамент?
Не знам како оди и се докажува таа вонбрачна заедница, во случајот што го знам, жената го загуби станот, буквално како непоснат тугинец.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Ако се во регистрирана вонбрачна заедница важи исто како и во брак и ќе може да бара пола од целиот тој заедничкиот имот, само ако го стекнале додека им траела таа вонбрачната заедница, но не може да наследува ако тоа е негов личен имот, бидејќи таа не влегува во ниеден наследен ред, освен доколку нема оставено тестамент.
Доколку не склучиле брак, немаат деца, а пример мажот има наследен имот од родители и починал. Не оставил никаков тестамент, за да ја обезбеди вонбрачната партнерка, сега таа нема да може да наследува ни пак нема да може да бара издвојување на дел од заедничкиот имот. Ако имаат деца, тогаш тие ќе наследат, ако не некој роднина.

А таа нема да може ни да бара утврдување на право на сопственост ни по основ на одржувачка, затоа што е несовесен владетел кој никогаш нема да може да се стекне со право на сопственост по пат на одржувачка без разлика колку долго владее одреден имот.

Иначе лесно е да се напише партнерите да одат секој на своја страна. Не си одговараме и после неколку години видовме какви сме и двајцата, па решивме да си кажеме чао. :D Никакви судски трошоци ни трошоци за адвокати.

Позитивно е што со ова многу ќе се запознаат подобро и ќе се спречат многу разводи, но се ова има и последици. Некои добиваат трауми, а други се плашат повторно да се одлучат на ваков заеднички живот без брак, а трети остануваат без ништо.

Заедничкиот живот може да биде успешен 10 години, а после да е неуспешен. Луѓето се менуваат, немаме сигурност дали некоја личност ќе е истата после одреден период. Некои порано, а други покасно созреваат и го менуваат однесувањето. Денес ништо не е гаранција за долг и среќен брак. Не знам што ви менува еден лист хартија.

Ова живеење без брак ми е за оние мажи со пичка кои не знаат како да се соочат со проблемите и не инвестираат во бракот. Колку ќе инвестираш толку ќе трае.

Докажувањето ти е изјава кај нотар. И пак и тие се регистрираат, ставаат потпис и имаат официјален документ со кој се докажува од кога започнала таа вонбрачната заедница. Никој не дава без доказ. Исто како во брак со исти права, со потпис и документ, само што пократко ќе им трае постапката доколку одлучат да се разделат.
Се што е стекнато пред тој датум не го делат на пола и не го наследуваат.
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Според законот за семејство, член 13, вонбрачна заедница која траела повеќе од една година е изедначена со брачната заедница кога станува збор за имотот. Да, замисли, во традиционална Македонија. Освен тоа можат да си остават тестамент. Има начини.
Знам и јас за еден случај, кога човекот ненадејно починал, а неговата партнерка со која бил заедно повеќе од 20 години не добила ништо. Човекот имал дете од првиот брак и сиот имот го наследило детето.
Тој случај е одамна, мислев дека нешто се сменило, ама јок, ништо.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.915
Поени од реакции
25.303
Знам и јас за еден случај, кога човекот ненадејно починал, а неговата партнерка со која бил заедно повеќе од 20 години не добила ништо. Човекот имал дете од првиот брак и сиот имот го наследило детето.
Тој случај е одамна, мислев дека нешто се сменило, ама јок, ништо.
Затоа тие работи се средуваат навреме. Шлапам и јас ветер во магла, а абер немам да ги завршам. :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Затоа тие работи се средуваат навреме. Шлапам и јас ветер во магла, а абер немам да ги завршам. :D
Муабетот ми беше дека човекот немал ни 50 години. Во МК не е пракса да се пишува тестамент, а особено не кога е човек млад.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Ако се во регистрирана вонбрачна заедница важи исто како и во брак и ќе може да бара пола од целиот тој заедничкиот имот, само ако го стекнале додека им траела таа вонбрачната заедница, но не може да наследува ако тоа е негов личен имот, бидејќи таа не влегува во ниеден наследен ред, освен доколку нема оставено тестамент.
Доколку не склучиле брак, немаат деца, а пример мажот има наследен имот од родители и починал. Не оставил никаков тестамент, за да ја обезбеди вонбрачната партнерка, сега таа нема да може да наследува ни пак нема да може да бара издвојување на дел од заедничкиот имот. Ако имаат деца, тогаш тие ќе наследат, ако не некој роднина.

А таа нема да може ни да бара утврдување на право на сопственост ни по основ на одржувачка, затоа што е несовесен владетел кој никогаш нема да може да се стекне со право на сопственост по пат на одржувачка без разлика колку долго владее одреден имот.

Иначе лесно е да се напише партнерите да одат секој на своја страна. Не си одговараме и после неколку години видовме какви сме и двајцата, па решивме да си кажеме чао. :D Никакви судски трошоци ни трошоци за адвокати.

Позитивно е што со ова многу ќе се запознаат подобро и ќе се спречат многу разводи, но се ова има и последици. Некои добиваат трауми, а други се плашат повторно да се одлучат на ваков заеднички живот без брак, а трети остануваат без ништо.

Заедничкиот живот може да биде успешен 10 години, а после да е неуспешен. Луѓето се менуваат, немаме сигурност дали некоја личност ќе е истата после одреден период. Некои порано, а други покасно созреваат и го менуваат однесувањето. Денес ништо не е гаранција за долг и среќен брак. Не знам што ви менува еден лист хартија.

Ова живеење без брак ми е за оние мажи со пичка кои не знаат како да се соочат со проблемите и не инвестираат во бракот. Колку ќе инвестираш толку ќе трае.
Докажувањето ти е изјава кај нотар. И пак и тие се регистрираат, ставаат потпис и имаат официјален документ со кој се докажува од кога започнала таа вонбрачната заедница. Никој не дава без доказ. Исто како во брак со исти права, со потпис и документ, само што пократко ќе им трае постапката доколку одлучат да се разделат.
Се што е стекнато пред тој датум не го делат на пола и не го наследуваат.
Како мислиш дека живеење без брак е за мажи со пичка?Сметаш дека само мажите треба да инвестираат во бракот?:cautious:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Како мислиш дека живеење без брак е за мажи со пичка?Сметаш дека само мажите треба да инвестираат во бракот?:cautious:
Тоа се тие мажи кои се плашат од еден најмал проблем, а не пак од посложен како што знае да донесе бракот и тоа дека со документ си обврзан, само со една личност. Себични и самобендисани богаташи. Зошто да делам нешто со некоја, вака најубаво е да живееме заедно без официјализирање. Ќе ја користам додека можам после ќе ја фрлам без да ми донесе последици.

Оние кои немаат доверба во партнерката и не се сигурни дека ќе останат заедно. Се плашат од развод и целата таа процедура и мислат дека е крај на светот ако на крај тие испаднат поразени. Како што ти пиша и од трошкови за адвокати и судови. Ваквите можам да се кладам и дека после разделба нема да ги издржуваат децата.

Не само мажите, но во поголемиот дел токму тие не инвестираат во бракот.

Сакате да бидете современи, ама државата во која живеете е многу заостаната. Во поразвиени земји нормално е цел живот да се помине во вонбрачна заедница. И двајцата си имаат сопствен имот стекнат пред заедничкиот живот и ако се разделат секој си има покрив над глава. Татковците не ги признаваат децата, а мајките имаат многу големи бенефити од државата. Поради ова таму се повеќе има вонбрачни заедници и поубаво е вака отколку во брак.

Во Македонија повеќето парови живеат во имот кој мажот го има наследено или се` уште е на име на некој од родителите и на крај жената останува со празни раце.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
Вака.
Маж и жена невенчани живеат цел живот, 30години, мажот ненадејно починува. Станот да ти бил на име на мажот. Со тоа оди на неговите роднини. Жената невенчана, пред закон е никој и ништо. Станот отишол кај некои втори братучеди, што ниту ги знае, си го продале и на стари години останала на улица. Ова од реален вистински случај.

Да не спомнувам и дека жената може да ја наследи пензијата на сопругот ако е повисока од нејзината.
Значи брак не е мода или не мода. Многу важна работа е.
Си има цела серија права и закони што ги штитат брачните другари.
Тотално си во право. Само за овој наследно-правен момент ја оправдувам смислата на бракот како институција. Често велам бракот како граѓанско правна институција е чист бизнис. :D

Иначе сега со предбрачни договори кои постојат во повеќе форми, како и правни алтернативи за решавањето на проблемот со (со)сопственоста/наследувањето на имот се може да е така полесно. Но проблемот лежи во тоа што свеста не е баш на некое задоволително ниво за партнерите предвреме да седнат, да разговараат и да си го решат ова прашање.
Од друга страна ништо не е предвидливо крај краева, колку и предвреме да си средуваш имотно правни прашања.

Јас познавам партнери кои живееа 40 години заедно, мажот се разболе и тек тогаш се венчаа за да може жената да ја наследи пензијата.

Трето, секојдневие ми се разводи на бракови и мислам дека нема ништо полошо од тоа доколку има малолетни деца во истиот.
Затоа пред рипање у водиве размислување здраво, и коа се фаќаш за орото играј го, не да го растураш на секоја препрека.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom