- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Неделникот Форум и неговата редакција упорно тресат глупост до глупост. Последната беше доловена од А1 (коишто не се попаметни ама ги бива бар за критика...) :
Дома > Вести > Македонија
„Форум” објави тајни сметки на Прчевски
Предраг Петровиќ
10.12.2005
Александар Прчевски
Јавниот обвинител Александар Прчевски има тајни сметки во швајцарските банки. Сега тврди „Форум”. Идентично на она што го објави „Фокус” за Црвенковски и Костов.
Сумата што ја спомнува неделникот од контото на Јавниот обвинител е 380 илјади долари. Банките се исти. Обид да се разводни аферата за Претседателот и екс-премиерот, или пак поттик за акција на најповиканиот.
Авторот на текстот Сашо Орданоски, прашува - дали тајната сметка на Прчевски е причина што одбива да се заинтересира во Женева за веродостојноста на сметките на Бранко Црвенковски и Хари Костов?
„Бидејќи тој одбива да реагира, ние решивме да ја објавиме неговата сметка во швајцарската банка и да видиме што ќе се случи и дали тогаш ќе најде доволно причини да се активира и оваа голема афера да добие некаква разрешница”, изјави Сашо Орданоски, главен уредник на „Форум”.
Решение за аферата на Црвенковски и Костов, во Јавниот обвинител гледа и поранешниот премиер Љупчо Георгиевски.
„Јавниот обвинител нигде го нема, а без јасна процедура тешко дека ќе дојдеме до крајот”, рече Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна.
Прчевски, кој самиот призна дека е зависен од власта, сега не сака да ја слуша. Иако јавно го повикуваат тие од кои зависи да покрене истрага, тој чудно се однесува. Не го прави тоа, а власта не го санкционира неговото однесување. Како и изминативе години кога забошоти многу афери на власта, а остана на местото Јавен обвинител.
Сега се чека на Антикорупција и барањето - двете банки да одговорат, дали Претседателот и екс-премиерот имаат тајни сметки.
И аргументот што убива :
Експертите уште остануваат на изречениот став - швајцарските банки се најмалку аматерски. Ако тие за секоја афера даваат лесно податоци, тогаш ќе пропаднат. Ќе се сруши системот на тајност. Тоа порачуваат, сигурно го знаат и сите актери во аферата за тајните сметки.