- Член од
- 28 јуни 2006
- Мислења
- 403
- Поени од реакции
- 0
„Пепси" првпат ќе го раководи жена-директор
Светскиот гигант за храна и пијалаци „Пепсико" ја именуваше својата прва директорка, Индра Нуи, Индијка. Оваа 50-годишна жена ќе ја преземе директорската функција на оваа компанија со седиште во Њујорк во октомври, заменувајќи го Стив Реинмунд, кој ќе се пензионира. Унапредувањето на Нуи од главен финансиер ќе направи „Пепсико" да биде втората најголема американска компанија што е предводена од жена. Нејзиното именување се случува во период кога и „Пепсико" и неговиот ривал „Кока-Кола" се борат против забраната на нивните производи на пазарите во Индија. Шест индиски држави прогласија парцијална или комплетна забрана за продажба на таквите безалкохолни пијалаци, по тврдењата дека тие содржат штетни пестициди. И „Пепсико" и „Кока-Кола" инсистираат на тоа дека нивните индиски производи се безбедни.
Нуи е во „Пепси" уште од 1994 година, а на функцијата главен финансиер од 2001 година. Нејзе ч се препишуват заслугите за преземањето на компанијата за сокови „Тропикана" од страна на „Пепсико". Таа е родена во јужниот индиски град Мадрас и е магистер за менаџмент во „Јеил" „Досието на Индра во трансформирањето на ’Пепсико‘ говори самото за себе, таа беше непроценлив партнер и сојузник во целиот период додека јас ја извршував најодговорната функција", изјави Реинмунд. „Работејќи рамо до рамо со Индра толку долго, убеден сум дека таа е повеќе од квалификувана и секако подготвена за нејзината нова улога - раководење со ’Пепсико‘".
Покрај главниот бизнис со пијалаци, „Пепсико", исто така, е сопственик на британскиот произведувач на чипс „Волкер". Најголемата компанија во САД што ја предводи жена е гигантот „Арчер Даниелс Мидленд" чиј извршен директор е Патриција Воерц. (Би-Би-Си)
Што мислите за ваквите деловни жени кои застануваат на чело на вакви гиганти,ако се знае дека економската војна во светот за превласт на светскиот пазар е немилосрдна.