Е-Комерција во Македонија

Член од
18 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
7
Здраво дечки, веќе некое време се занимавам со проучување на е-комерцијата во Македонија. Најдов интересна информација за тоа (линк) но некако премногу е добро за да е точно. Што мислите дали е-комерцијата полека зема замав во Македонија. Јас мислам дека уште е потребно време барем не овој период сега ама сепак оптимист сум :D
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Здраво дечки, веќе некое време се занимавам со проучување на е-комерцијата во Македонија. Најдов интересна информација за тоа (линк) но некако премногу е добро за да е точно. Што мислите дали е-комерцијата полека зема замав во Македонија. Јас мислам дека уште е потребно време барем не овој период сега ама сепак оптимист сум :D
Зошто да не бе, луѓето веќе се научија за било шо и да им треба да пребараат на google дали ќе им излезе продавница од мк. Проблемот е со цените да можеш да бидеш конкурентен, а за тоа најубаво е да бидеш увозник(да не си трета рака).
И да имаш достава на врата следниот ден.
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Имам пријател што заработува околу 20 илјади евра месечно од ова. Да, продава во Македонија. :)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Мислам дека далеку сме ние од ова, посебно од производите кои може да ги понудиме и цените, едноставно царината+ддв не убива и добиваме многу поголеми цени од ЕУ и УСА. Со самото тоа не се исплаќа продавница со многу скапи продукти, како на пример електроника. За некои џиџи-миџи производи може да се успее секако со брза достава во секој град и поголемо село во државава (ова не би требало да биде проблем кога сме една шака место).
 
Член од
18 август 2010
Мислења
45
Поени од реакции
7
Зошто да не бе, луѓето веќе се научија за било шо и да им треба да пребараат на google дали ќе им излезе продавница од мк. Проблемот е со цените да можеш да бидеш конкурентен, а за тоа најубаво е да бидеш увозник(да не си трета рака).
И да имаш достава на врата следниот ден.
Сеуште верувам дека поголемиот дел од популацијата во Македонија сеуште не смее да употреби кредитна картичка за онлајн трансакција. Фејсбук продавниците ги научија луѓето да нарачуваат исклучиво преку телефонски повик и со плаќање при достава.
Имам пријател што заработува околу 20 илјади евра месечно од ова. Да, продава во Македонија. :)
Класична онлајн продавница?
Мислам дека далеку сме ние од ова, посебно од производите кои може да ги понудиме и цените, едноставно царината+ддв не убива и добиваме многу поголеми цени од ЕУ и УСА. Со самото тоа не се исплаќа продавница со многу скапи продукти, како на пример електроника. За некои џиџи-миџи производи може да се успее секако со брза достава во секој град и поголемо село во државава (ова не би требало да биде проблем кога сме една шака место).
Мислам дека во Македонија е потребна рекламна кампања со едукативна содржина за цела возрасна популација. Највеќе профит од ова ќе имаат банките. Засега ваков сервис нуди само НЛБ и можат многу да ќарат само доколку малце се свртат на онлајн трговијата во Македонија.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
По напорните и неуспешни обиди за онлајн заработка конечно пронајдов нешто пристојно. Се работи за нов онлајн бизнис кој тукушто започна и во нашата земја. Сите заинтересирани можат да се регистрираат на https://73038.jespernielsen.com/

Со регистрацијата добивате сопствен веб-шоп. Ваша задача е да ги продавате производите без потреба од физички контакт со истите. Нешто налик на dropshipping. Пратките се испраќаат директно од магацинот во Данска до купувачот, а вие добивате процент од продажбата. Се работи за високо квалитетен накит од брендот Jesper Nielsen, кој што е еден од поранешните основачи на брендот Пандора.
Христина, да бидеме реални, ова е класичен афилиејт со твој реферал линк, кој се карактеризира како досаден спам. Профитот оди кај нив, а ти добиваш трошки преку малтретирање на познаници :)

Сите 10 поста на форумов ти се за ова, затоа и ќе си кркнеш банче.
 
Член од
11 јануари 2022
Мислења
4
Поени од реакции
1
Луѓе постои разлика помеѓу Dropshipping store и Еcommerce store (Dropshipping е Ecommerce бизнис модел).
За Dropshipping ви се потребни туѓи продукти кои ги ПРЕПРОДАВАТЕ во замена за провизија.Додека кај Ecommerce продавате свои продукти - купувате производи од Kина(најчесто од alibaba) на големо (100+ производи) и ги продавате како свои.
Според мене не е многу паметно било каков Ecommerce бизнис модел во нашава држава од причина што нашиов народ е "стиснат" кога треба нешто да се купува или да се даваат пари.Подобро пробајте си ја среќата на странски пазар.Доколку мене ме прашувате подобро е да започнете со Affiliate Marketing затоа што профитните маргини се многу поголеми кај Affiliate Marketing - од 50-90% провизија за продаден производ,додека кај Dropshipping е во просек од 12-15%.
Ова е мое гледиште на работите.
Поздрав
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
51
Поени од реакции
13

дали си пробал affiliate marketing на странски пазари?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom