Етика и право

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
481
Поени од реакции
17
Обично етичките прашања се причина на сменување на законите, за доброто на сите.

Јас имам еден случај на памет, од француското право. ’94та, во Франција имало закон кој велел дека право на помош при оплодување имаат само и единствено стабилните двојки, значи брачен пар (маж и жена), или невенчани кои ќе докажат стабилно функционирање.
Еден настан го ставил под знак прашање овој закон, и испровоцирал промена ( дури во 2004 ама:)).
Брачен пар, добиле право на вештачко оплодување. Процедурата била во тек, ембрионот бил создаден, прашање на ден било оплодувањето. Мажот доживува сообраќајна несреќа и е мртов на лице место.

Што ќе се случи? Ако се земе во предвид дека тековниот закон нема да дозволи продолжување со процедурата, а 300 асоцијации и правни структури ќе се повикаат на етичкиот аспект.

Ме интересира како Македонија се справува со ова прашање, па и одредени прашања, случаи, мислења ако имате на памет повелете. Кои се законите кои досега подлегнале на етички преиспитувања?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.717
Поени од реакции
613
Брачен пар, добиле право на вештачко оплодување. Процедурата била во тек, ембрионот бил создаден, прашање на ден било оплодувањето. Мажот доживува сообраќајна несреќа и е мртов на лице место.

Што ќе се случи? Ако се земе во предвид дека тековниот закон нема да дозволи продолжување со процедурата, а 300 асоцијации и правни структури ќе се повикаат на етичкиот аспект.

Ме интересира како Македонија се справува со ова прашање
Во правото постои поим ИНТЕРТЕМПОРАЛНО ПРАВО,кој се однесува на тоа што секој процесен случај, се довршува според законот со кој влегол во процедура.
 
На врв Bottom