- Член од
- 18 септември 2009
- Мислења
- 49
- Поени од реакции
- 2
Постојано сме опкружени со приказни за партиски вработувања. Таа несреќа дојде и на моја врата. За среќа не директно мене туку на девојка ми која се обидува да си најде работа по струка. Имаше еден човек кој обеќаше дека ќе и најде работа. Можеби од почеток човекот се надевал на парична награда но бидејќи девојка ми и нејзината фамилија не се многу имотни не доби ништо. Еве после година дена дојде понудата, ќе мора да се извади партиска книшка, без неа тешко. Значи он не гарантира дека по вадењето партиска книшка одма ја чека работа, туку мора да ја има доколку сака воопште и да се надева. При тоа слушам муабети од типот дека сега е незгоден момент за вадење партиска книшка, најпогоден момент е пред избори. Потоа прикаски дека многумина членови се разочарани бидејќи до сега ништо не добиле од партијата. Но партијата не се откажува од мобилизирање што повеќе членови . Јас сум поприлично горд човек, но не горд на имотот, изгледот или слично туку горд на слободоумноста која ни под разно неможе да ја прифати денешницата. Што да правам, се помалку не има, дали може нешто да направиме ова зло да го промениме.