Ете, ми се случи и мене.

Член од
18 септември 2009
Мислења
49
Поени од реакции
2
Постојано сме опкружени со приказни за партиски вработувања. Таа несреќа дојде и на моја врата. За среќа не директно мене туку на девојка ми која се обидува да си најде работа по струка. Имаше еден човек кој обеќаше дека ќе и најде работа. Можеби од почеток човекот се надевал на парична награда но бидејќи девојка ми и нејзината фамилија не се многу имотни не доби ништо. Еве после година дена дојде понудата, ќе мора да се извади партиска книшка, без неа тешко. Значи он не гарантира дека по вадењето партиска книшка одма ја чека работа, туку мора да ја има доколку сака воопште и да се надева. При тоа слушам муабети од типот дека сега е незгоден момент за вадење партиска книшка, најпогоден момент е пред избори. Потоа прикаски дека многумина членови се разочарани бидејќи до сега ништо не добиле од партијата. Но партијата не се откажува од мобилизирање што повеќе членови . Јас сум поприлично горд човек, но не горд на имотот, изгледот или слично туку горд на слободоумноста која ни под разно неможе да ја прифати денешницата. Што да правам, се помалку не има, дали може нешто да направиме ова зло да го промениме.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Се кажа,а се е општо познато.Мене ме учеа како мал па и сеа да не се мешам во политички работи и што добив?И девојка ми како во твојот случај ја учеле така и што добила?Времето на тие како тебе и мене пројде.Ние слободоумни,горди што сме дека ете не си го даваме да не речам задникот под кирија пројде.Едно време памтам кај мајка ми на работа имаше еден колега и тој и покажуваше од секоја партија по една книшка:uvo:Ќе речиме на крај не сме ние криви државата е крива.Па ние сме тие луѓе бе другар.Во едно мало градче каде што девојка ми треба да работи со факултет работа примаат некој дечко,замисли со средно?А да се биде кустос во музеј со средно некако не иде.Пак ќе се навратам СЕ Е ОВА МЕЃУ НАС.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom