- Член од
- 24 јануари 2008
- Мислења
- 1.135
- Поени од реакции
- 140
Енергетска слобода – уште едно нешто кое државата го крие од вас!
Потикнат од последните поскапувања на електричната енергија последица на недомаќинското работење на главните производствени капацитети во Македонија и погрешното водење на енергетската политика и протестите кои се реакција на овие поскапувања, се фокусирав на едно од барањата на граѓанската иницијатива АМАН, а тоа е :
Енергетската слобода се состои од повеќе елементи, но најбитен е либерализиран пазар на енергија во кој секој може да продава и купува електрична енергија, под услови какви им одговара на купувачот и продавачот. Системот на дистрибуција на енергија функционира на тој начин што услужителите кои ја одржуваат мрежат (ЕВН иМЕПСО), добиваат процент од пренесената енергија и на тој начин си наплаќаат за својата услуга. Тогаш зошто да неможе секој да се приклучи на електричната мрежа продавајќи ги вишоците од проеизведената енергија од сопствениот фотоволтаичен систем? Зошто во годината во која Германија го има милионитиот приклучок на фотоволтаичен приватен систем, Македонија нема ниту еден приклучок од индивидуално лице кон мрежата? Ако само ја поминете границата кон нашиот јужен сосед, ќе видете мали сончеви централи, поставени на неколку стотина метри квадатни, или на покривите на самите куќи.
Прашањето е во државата и поставувањето на енергетскиот систем, во кој само големите ѕверки можат да купат, продадат и препродадат електрична енергија. Во моментот моменталниот енергетски систем е поставен на затворен систем чии пропусти ги плаќаат крајните корисници – граѓаните.
Од последната „Анализа на последниот предлог за изменување и дополнување на Законот за енергетика од јули 2012“ на Analytica Think tank се заклучува дека:
Останува прашањето, што се треба да се направи да се либерализира пазарот до тој степен каде јас ќе поставам свој колектор и ќе го поврзам на мрежа, со што вишокот ќе го продавам на компанија која потоа ја продава на други? Не говорам за цената на оваа енергија бидејќи се е прашање на договор, туку единствено на можноста такво нешто да функционира. Потребна е поголема заложба на државата за вклучување на забелешките од експертите, организациите и граѓаните во законите за енергетика и креирање на можноста побарана од АМАН кое е доста издржано барање.
И на крај запаметете, слободата не се дава, слободата се зема!
Извор
Потикнат од последните поскапувања на електричната енергија последица на недомаќинското работење на главните производствени капацитети во Македонија и погрешното водење на енергетската политика и протестите кои се реакција на овие поскапувања, се фокусирав на едно од барањата на граѓанската иницијатива АМАН, а тоа е :
Владата да го поттикне инсталирањето на сончеви колектори кај домаќинствата и кај приватни фирми и да дозволи нивно вклучување во пазарот на струја.
Освен поттикнувањето кое воопшто не го очекувам од државата, можноста на приклучување кон пазарот на струја на домаќинствата и приватните компании е и те така битна работа, според мене на ниво на слобода. Може да зборуваме со денови во каква демократија живееме, кои се слободи ги имаме, но една битна работа која многумина од нас ја земаат како нешто недофатливо, а тоа е енергетската слобода.Енергетската слобода се состои од повеќе елементи, но најбитен е либерализиран пазар на енергија во кој секој може да продава и купува електрична енергија, под услови какви им одговара на купувачот и продавачот. Системот на дистрибуција на енергија функционира на тој начин што услужителите кои ја одржуваат мрежат (ЕВН иМЕПСО), добиваат процент од пренесената енергија и на тој начин си наплаќаат за својата услуга. Тогаш зошто да неможе секој да се приклучи на електричната мрежа продавајќи ги вишоците од проеизведената енергија од сопствениот фотоволтаичен систем? Зошто во годината во која Германија го има милионитиот приклучок на фотоволтаичен приватен систем, Македонија нема ниту еден приклучок од индивидуално лице кон мрежата? Ако само ја поминете границата кон нашиот јужен сосед, ќе видете мали сончеви централи, поставени на неколку стотина метри квадатни, или на покривите на самите куќи.
Прашањето е во државата и поставувањето на енергетскиот систем, во кој само големите ѕверки можат да купат, продадат и препродадат електрична енергија. Во моментот моменталниот енергетски систем е поставен на затворен систем чии пропусти ги плаќаат крајните корисници – граѓаните.
Од последната „Анализа на последниот предлог за изменување и дополнување на Законот за енергетика од јули 2012“ на Analytica Think tank се заклучува дека:
Се уште нема јасно одредени законски одредби кои ќе дозволат и физичките лица како индивидуалци без да мораат да регистрираат фирма да бидат повластени производители на електрична енергија како и правните. Се добива впечаток дека регулативата и бирократијата само се зголемуваат, со што само се отежнува функционирањето на пазарот на ОИЕ во Македонија.
Ова и не е толку чудно бидејќи како што наведов погоре, целта на државата во овој момент е да го контролира енергетскиот систем и од него максимално да профитира (дали како држава или поединци).Останува прашањето, што се треба да се направи да се либерализира пазарот до тој степен каде јас ќе поставам свој колектор и ќе го поврзам на мрежа, со што вишокот ќе го продавам на компанија која потоа ја продава на други? Не говорам за цената на оваа енергија бидејќи се е прашање на договор, туку единствено на можноста такво нешто да функционира. Потребна е поголема заложба на државата за вклучување на забелешките од експертите, организациите и граѓаните во законите за енергетика и креирање на можноста побарана од АМАН кое е доста издржано барање.
И на крај запаметете, слободата не се дава, слободата се зема!
Извор