Да во најголемиот дел од земјава нема затоа што сме континентална земја опкружена со планини, и просечната брзина од ветрот изнесува 4m/s, но не на цела територија. Според географската локација и релјефната конфигурација, погодни локации во Македонија за градба на ветерни електрани (ВЕ) се долината на р. Вардар, односно Повардарието, Овче Поле околу Свети Николе, како и повисоките планински делови каде има високи брзини на ветрот. Од овие 15 локации, само 3 се на надморска висина до 1000 метри, а останатите се лоцирани на планинските делови од земјата, од кои 6 локации се на надморска висина над 2000 метри, што секако не се поволни за градба на ВЕ.
За сите локации е претпоставена градба на ВЕ со инсталирана моќност од околу 25 MW и со оперативен капацитет на работа или CF (Capacity factor) од 0,27 до 0,39. Соодветно на атласот, избрани се најповолни локации за понатамошни истражувања на ветерната енергија. Од нив избрани се четири локации на кои од 2006 година континуирано се вршат мерења на брзините на ветрот, насоката, како и други метереолошки параметри. Во тек се подготовки за мерења на уште пет локации.
Избраните локации каде се инсталирани мерни станици се
Ранавец (Богданци) на 472 мнв,
Шашаварлија (Штип) на 857 мнв,
Богословец (Свети Николе) на 733 мнв,
Флора (Кожуф) на 1730 мнв
Просечните брзини на разгледуваните локации за градба на ВЕ во Македонија изнсуваат од 6,7 m/s до 8,5 m/s, што според искуствата можат да бидат погодни за градба на ВЕ. Изборот на локацијата секако зависи и од други услови, како: конфигурацијата на теренот, сопственоста на локацијата (приватна или државна), инфраструктура и пристап до сообраќајници (за транспорт на опремата), одалеченост од високонапонската или среднонапонска мрежа, економската страна за заинтересираност на инвеститори, и др. Според мапата на ветрови, како и според мерените вредности на 4 локации, предвидената инсталирана моќност по локација е од 20 MW до 30 MW. Тоа значи дека очекувано годишно производство за ВЕ со инсталирана моќност од 25 MW е во граници од 30 GWh до 55 GWh. Реалните можности во Македонија е изградба на ВЕ на 6 најповолни локации во Македонија (прва група), со вкупна моќност од околу 150 MW до 180 MW што изнесува околу 10% од сегашната вкупно инсталирана моќност во ЕЕС на Македонија. Очекуваното годишно производство од овие 6 локации изнесува од 300 GWh до 360 GWh.