Елитистички балон или Општествена движечка сила – Образование 2012

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Еве, декшава Перо, бонафајде. Што сакаш за бакшиш, да ти напра неколку миљони или во сингуларитетот да те зема?
Сполај ти синко Змејко. Не мора до толку арч да прајш. Ако мојш да ја заплакниш колана, госпо здравје да ти дајт! И најсетне прсни тро ливанто внатре, да замириса седиштана мискојна, оти на крштевка сум в недела, да не реча од кумо колана корнеше на потојна.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Интересна тема, многу дебатирана по високообразовните институции во последно време (иронично, знам).

Прво, проблемот на општествени науки и не е баш проблем според мене. Ако поентата е да го анализираме нашиот пазар на труд и од него да влечеме генерални заклучоци, тогаш нема далеку да стигнеме. Очигледна причина зошто се продуцираа толку кадри од овие факултети во минатото е зошто студентите сами одлучуваа да се запишат на нив, а одлучуваа да се запишат на нив зошто можностите за стабилен доход кои беа поврзани со тие дипломи беа многу поголеми од техничкиве науки. Тие кадри најчесто завршуваа во двата најстабилни работодавци во државава, државата и банките. Најчесто како дел од администрацијата, која не бара преголеми кфалификации, ни ствара притисок врз работниците. Младите и нивните се семејства не се глупи, си имаат свои ориентири по кои си ја планираат иднината и инвестицијата (како што стои во постот Луки Џуниор). За информираноста околу тие ориентири и нивната исправност може да се теоретски да се расправа до задутре.
Али треба да се има во обзир фактот дека, иако е можеби пријатно да се претпостави дека младите кога се запишуваат на факултет се водени од нивната интелектуална љубопитност, нивната желба сестрано да ја развијат својата личност, да ги откријат скриените потенцијали и да го најдат својот пат, сето тоа се линии на размислување и фрази корисни за некоја колумна. Или еве, можеби корисна да се опише некој мал дел од адолесцентите. Најголемиот дел од младото и генерално од целото население не е заинтересирано многу за интелектуална наобразба, туку во преден план ја има стабилноста на работата ( да може да планира полесно за останатото) и стабилноста на приходите. А изворите на информации за таа цел се неколку и се сосема доволни за најголем дел од населението.
Тоа е и работава мислам со оваа ренесеанса на техничкиве науки кај нас. Пазарот на крај ќе се балансира по некој период. Ќе се продуцираат кадри и за тие факултети додека не се засити пазарот, што ќе биде релативно брзо. Може да се влијае на големината на периодот на балансирање и на релативната ефикасност, како што се прави во развиените земји. Таму нема никаков проблем со општествените науки, ни со тоа какви и колку кадри излегуваат од тие факултет. Нема глобален проблем, а мислам дека и проблемот кај нас не е толку еднодимензионален. Ќе се види и кога за некоја година ќе искочат готови инжињери на број од нашиве технички факултети и кога ќе се соочуваме со слични проблеми, ама од друг аспект. Наивно е да се мисли дека фактот што само ќе извадиш поединци со диплома од такви факултети, дури и да се најкфалификувани и најдобро обучени, ќе придонесе по дифолт општеството да почне да произведува поголема додадена вредност.
Проблемот со структурната невработеност, не е во видот на "науката" туку во системот преку кој науката, било која, се трансферира и препознава од поединците во општеството. Затоа мислам дека многу посериозно е вториот дел, за квантитетот версус квалитетот.
Од друга страна ако дебатата е за кои науки се побитни, тогаш дискутирањето за тоа по мене нема никаква смисла и е комплетно безпотребно.

Е сеа вториот дел е таму кај што лежи проблемот, барем колку што ја сум запознаен со состојбите во нашево обрзование. Квалитетот на образованието е катастрофа. Почнувајќи од методите кои се користат, литературата која се користи, конципираноста на текот на студиите, практичниот дел од студирањето, заинтересираноста на кадарот, скоро се. Ние реално никогаш и не сме предничеле во академските кругови, ама доколку како начин да се поправи тоа се одбере да се спушти нивото на досегашното ниво на оброзавание, и да се оди по логиката дека од 50ина еден ќе се најде што ќе се заинтересира доволно и ќе биде доволно способен за да стане врвен кадар, место да се работи на кревање на стандардот на квалитет, дури и по цена да се преполови бројот на дипломирани студенти, за мене е пукање во нога. Тоа може само да биде корисно за популизам, лична сатисфакција и себепромоција, реални последици дури и низ призмата на економските концепти, нема.
Проблем е и што нашава наставна програма уште е во некоја форма карактеристична за другиот систем, дури и целокупниот начин на кој формалното обрзаование е конципирано е мотивирано од некоја планска логика, базирана на некои фиксни вредности. Тоа иде од најраната возраст и од основно школо, од тоа како се учат децата да обавуваат основни ментални операции. Начинот на кој меморираат информации, на кој асоциираат, колку им се дава слобода во конципирањето на работите што ги гледаат околу нив. Воопшто не се обрнува внимание на решавање на проблеми и не се ни учат децата да решаваат проблеми, единствено преку математиката, ама таа се предава на некој турнирски начин. Уште од мали не учат на механичко складирање на информации и способнст за брзо репродуцирање на истите. И тоа информации од некоја фиксна содржина на знаења, од точно административно определени области. Нема никаква интердисциплинарност, што е многу многу лошо. Уште полошо е што многу малку од кадрите по факултетите се нафаќаат во тоја правец. Ако нема интердисциплинарност, се забавува развојот на науката, па дури и држење чекор со светот.
Нормално има некои преднсти и ваквото образование, ама по светот има методи кои се докажано подобри за некои работи и кои мора да се воведуваат полека и кај нас, ако сакаме и од еконосмки аспект, тоа што е тема, да бидеме поконкурентни.
Да не зборувам и што кај нас практично се измамуваат студентите, зошто услугата за која плаќаат ни од блиску не ја добиваат. После 4-5 години излегуваат од врата со парче хартија со максимат -снајди се- во глава, спремни за во работа во друго време.
Има различни пристапи по светот, ние треба само да одлучиме што и како.

И за крај, дали се исплати воопшто образованието? Како генерална констатација, базирана најмногу за тоа како е во нормални услови, би рекол дека се исплати. Тоа е секогаш релативна оценка, што зависи и од социјалната страна.. Зошто? Зошто најголем дел од универзитетите со големо реноме и покрај критиките кои ги трпаат од оваа или онаа страна, ги даваат услугите за кои дебело наплатуваат. Имаат високи критериуми, имаат многу стимулативна култура изградено и знаат како да понудат знаење. А и покрај тоа што звучи онака излитено, има некоја вистина во таа фразата "економија базирана на знаење", во денешниов свет. Вишокот вредност скоро секогаш го продуцираат високообразованите кадри, без разлика дали се гледа на секотрско или национално па ниво. Плус што самото образување во некоја од проверените и институциите со голем углед има ефект на брендирање на кадрите кои искачаат од нив. Работдавците се ослонуваат на тоа зошто се сигурни од минато искуство и од пазарните услови , дека тој и тој универзитет има стандард до кој се држи и е гаранција за тоа дека поединецот што искочил со диплома од кај нив го нуди тоа што тој го бара.
Тоа е веројатно и најдобриот начин да си го направиш поефикасен системот, трагично е што ние баш овој дел тргнавме да го расипуваме.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.697
Поени од реакции
6.034
Да почнам од крајот.....
И прашањето за миљон долари:
- Исплаќа ли се у Македонија, Светот и Пошироко да завршеш школо? (Имајќи ги у предвид 3те горенаведени гранки)
Се исплати секаде :)
Образованието е закон.....
Квалитет версус Квантитет
У Штип прааме 15 минути пауза. Кој сака да оде у вц, да апне, да се разоде, да заврше факултет?
..........
Гоооолем проблем во државата ни....
Мислам дека нема ни да се реши во иднина....

Проблемо на општествените науки
..... Ама од друга страна, јас реално не гледам каков практичен проблем овија науки денеска решават кај нас. Произведуват ли нешто, подобруват ли нешто, измислуват ли некакви работи? Шо праат тија човеци?
Техничките науки барем решават некакви практични проблеми (иако и тук има ного кадри, дек у нашта економија простор да ја апсорбира наездата на инжинерите)
Поврзано со претходното....
Од една страна, не може без нив, од друга страна да ги извезуваш, на добивка си....:)
Мислам дека не може да се декларира како проблем. Не е прашањето дали ни требаат, пример, психолози , педагози и остали што ке ти ги воспитуваат децата, работата е КОЛКУ ги има во државата.
Дали ова општество има потреба од толкав број на дипломци од општествени науки? Што прават истите тие доколку не можат да најдат работа на струка?
И тука секако е прашање на квалитет Вс квантитет, нели....

Економска инвестиција
Образованието е скапа работа.....
Скапо е...И ракија во кафана исто , ама пиеме...
Не можеш да ги генерализираш работите баш така....

Која е цената на нешто ако ти пружи шанса за напредок во животот ?
Која е цената ако нешто ти отвори нови видици, ако те направи и нијанса подобар во нешто?

Мој став е дека секој што има шанса да се образува, да ја искористи....
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 18:42 ---
Не можеме да ја оспориме потребата од образование. Без наука нема развој...

Дека постои проблем во образовниот систем, постои.... Датира одамна, нели...Учи за да не работиш.....Непостоење на анализа за потребите од одделни кадри...неквалитетен наставен кадар, примен партиски, со непотизам...имаш полно факултети каде цели фамилии се вработени....само на мојот факултет имаше 4 или 5 случаи на татко/син/керка вработени....

Ама, самото образовании не би го сватил како трошок, туку како инвестиција. Е сега, од секое дрво не бива свирче, нели...
Друг проблем е подценувањето на занаетите и работата...
И некако премногу се цени факултетот...Факт е дека факултетот не те прави повреден човек.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.697
Поени од реакции
6.034
Она што осебено ме нервира што многу луге го преценуваат факултетот. Имам многу пати влезено во дуел со лице што завршило факултет пр. историја, и сега нема работа на струка, и после 10 години тој не работи ништо и кука.....И нема одговор што планира ако и во следните 10 години не најде работа на струка....

Кога мислам дека образованието е „закон “ ( не само факултет, туку и курсеви, обуки и сл.,), мислам дека во секој случај инвестираш во себе, добиваш плус можност за подобра работа, подобра кариера.....што не мора да е правило, нели....
Некогаш и добар занает носи напредок, кариера, пари....

Кога јас завршив факултет, и немаше абер да најдам работа на струка, почнав да работам занает....Со тек на време заработував сосема солидно, да не речем и повеке од многу вработени со факултет.
Е сега, кога после неколку години испадна можност да работам на струка, не се мислев воопшто. Памтам дека првите плати ми беа помалку од 1/2 од претходно.
Иако поради нашето “квалитетно “ образование на почеток бев тапа за работа ( не ми беше срам да признам дека првите месеци учев практични работи буквално од луге со 8 одд) сепак, тој факултет, со сите негови позитиви ( + некои други срекни случајност ) ми овозможи за брзо време да напредувам, да дојдам до солидни позиции, на направам некоја пристојна кариера.

Затоа сум на став дека секој што има можност треба дас е образува, но од друга страна да знае дека факултетот е само дополнителна шанса за подобар живот, а никако услов..
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.697
Поени од реакции
6.034
.....И ти оти си ми студентче, си ми малку у идеализирано балонче.. Идеалното е оти ќе научеш нешто, и ќе го применеш... Оште поидеално е, да научеш да мислеш.. Најчестата слика е куп студенти се научат как да го работат системо, кои редове да ги набубат, кои лекции да ги прочитат, професоро си добие умствен оргазам оти папагалите успејале да набубат, и на крајо ти дадат пусулче шо пише оти си учен и сите среќни и задоволни.... Ногу малку има шо ќе те инспирират да размислуваш... Ама стварно да размислуваш, без да си афектиран од стегите на едно општтествто..
Најчесто сите студенти се вака идеализирани за време на студирањето...и после ке сватат дека реалноста е малце поинаква и дека многу работи од животот не се учет на факултет.....
....Доволно е само да видам какви луѓе ми предаваат на факултет, и имаат титула доктор на науки, за да ми се разјасни зошто образованието оди во курац. .... порастот на магистри, од година во година. .... Професор не може да биде секој. Не може. Точка. Тоа што она имала 10-ки, ни малку не ја прави добар професор. ..Професорот треба да знае да го пренесе тоа знаење, ....., да те насочува, да те задлабочува, да те натера да си поставуваш прашања: "А чекај, зошто баш сега ова вака?, да ти кажува што би правел во некоја фирма, да ти дава информации за се и сешто....
Доста реален проблем ( и чест )
И тука е повторно поврзаноста со квантитетот. Се согласувам дека не може секој да биде професор.
Јас лично 2 предмети кој во суштина сум ги сакал и ме интересирале, поради професорите и нивнио начин на предавање, ми одмилеле...

офф
....прво да почнеме од најважното: цурите што те аресат тука. Јас оше еднаш би ги поканил тука да ги истакнат своите атрибути, буквално и фигуративно....
:):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom