Електронска Демократија

Дали мислите дека луѓето имаат капацитет да донесуваат одлуки за доброто на сите?

  • Вкупно гласачи
    13
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 февруари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
Започнувам тема со цел да се разработи и прошири идејата за Електронска Демократија во Македонија.

Краток опис

Моменталната технолошка развиеност овозможува премин од репрезентативниот политички систем во непосреден и вистински демократски систем.
Со интернетот како основен алат за комуникација секој граѓанин треба да ја има можноста да учествува дирекно во работата на Парламентот со предложување на нови закони, гласање за тековните закони и изгласување измени и дополнувања на постоечките закони.
Исто така во општество со воведена електронска демократија секој граѓанин го има правото да овласти човек кој би можел да гласа во негово име на истиот принцип на кој ги назначуваме политичарите со таја разлика што доколку довербата на граѓанинот е злоупотребена тој би можел во секое време да му го одземи овластувањето од назначеното лице без при тоа да мора да чека 4 години за нови избори.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

Па веќе има бе чоек.... мислам дека нацрт текстовите по предложен закон, а по веќе формирана граѓанска иницијатива, можат да се поднесат на сајтот на Собранието на Рм...

Исто така во општество со воведена електронска демократија секој граѓанин го има правото да овласти човек кој би можел да гласа во негово име на истиот принцип на кој ги назначуваме политичарите со таја разлика што доколку довербата на граѓанинот е злоупотребена тој би можел во секое време да му го одземи овластувањето од назначеното лице без при тоа да мора да чека 4 години за нови избори.
Не те сфаќам овде..
Која е поентата на некому да го овластам доверувајќи му го моето право на одлука, избор (глас), па доколку он нешо као злоупотреби, да му го одземам овластувањето, кога и онака истото го имаш (како што велиш) во моментот кога им даваме доверба - мандат на „политичарите“ да не претставуваат во законодавниот дом?! o_OТоа се вика дупла работа...
Впрочем истото го правиш и со политичарите, ако твојот мандат го злоупотребат (говорам за одземањето на мандатот). Имаш граѓански иницијативи, референдуми, предвидени со Устав и Закон, кои што мора да исполнат определен цензус за да бидат, ај да речам валидни... Нема поента и нема причина истото на два пати да се прави...

Интернетот е толку слободна и распространета етерично-електронска „територија“ така да лично мислам дека токму преку интернетот човекот постепено се учи да одлучува сам за себе и во заедница со други, многу повеќе него истото што го прави надвор од него - во работната заедница, и сл (што во суштина веќе низ светот има ефекти од сето тоа - Египет, Тунис, Либија, САД, Шпанија, Грција....па еве земи и кај нас за протестот што беше за Мартин Нешковски). Така да, зашто воопшто би морало и по електронски пат да се повторува истата „досадна“ уставно-законска процедура, кога и онака човекот постепено учи дека овие механизми можат и тоа како да се заменат, ако ништо друго барем да се модифицираат...
 
Член од
23 февруари 2013
Мислења
7
Поени од реакции
4
ОК, се кул :)
Во врска со прашањето, доколку ѓраѓаните имаат прилика (во овај случај преку интернет) во кое било време да ја повлечат довербата која им ја дале на своите политичари ќе настане зголемување на инцентивата за ефикасно работење на собранието и би требало да се намали корупцијата, замисли веб сајт на кој секој пратеник има приказ каде може да се виде колку гласови му припаѓаат него и доколку во даден момент бројот на луѓе кои гласаат за него се намали под минималната граница господинот/госпожата останува без работа, со други зборови секој пратеник мора константно да се докажува пред народот а не само на 4 години, од друга страна ако се зголеми бројот на поддржувачи на некој пратеник тој добива автоматски поголема моќ или може и некоја друга инцентива како на пример покачување на плата (иако од психолошки аспект тоа не е секогаш добра работа).
 
Вака сеа..
Околу првото болдирано, не знам колку е тоа изводливо, преку интернет граѓаните да вршат контрола.. па и онака има собраниски канал, кој сака гледа, кој не не....од друга страна, пратеникот е заштитен со имунитет, загарантиран со устав, кој може да се одземе преку посебна процедура во рамките на Собраниската комисија за мандатно-имунитетски прашања.. е сеа не сум сигурен колку граѓанинот може тука по негова поднесена иницијатива, комисијата да расправа по имунитетот на некој пратеник (особено на нашиве)... Тука, уставотворецот, можта ете направил превид што не направил таков механизам каков што велиш, а можда и го разгледал па си рекол дека е неизводлив. Неизводлив затоа што е многу тешко и заебано, затоа што замисли колку треба граѓанинот да биде вклучен во сета таа процедура на поставување под знак прашалник на нечиј имунитет (пратенички), па и сето тоа да го брани и докаже пред дотичната собраниска комисија. Тоа им е сјебано на членовите на комисијата, и се караат при таква поднесена иницијатива, а не па на обичен граѓанин.. Како што ни е прост и раскаран меѓу себе народецов у државава, Собраниската комисија ќе збрлави од секојдневни иницијативи... Веруј ми ова од лично искуство ти го говорам, сум дошол во контакт со такви ствари (не ме сфаќај погрешно, но колку само кривични пријави има што граѓаниев си ги плескаат едни на други, за банални и мизерни работи - кучето на комшијата лаело, а нему му сметалоo_O)..

И околу второво болдирано (и тоа под него), интересно.. добра идеја..ама.. пак иде некако спроти имунитетот на пратеникот.. јебеш, они се малтене као „богови“ (пизда им материна :pos:) ... мислам, веќе има годишен извештај на СОбранието за тоа кој колку бил присутен на седница, кој колку зборел, колку амандмани предложил и поднел, колку закони, реплики.. и сл исл... али па ни во тоа не е опентата - нели не е квантитет веч квалитет, јел да? А ова со бројот на гласовите шо велиш.. па не игра тоа некоја улога знаеш.. дали он гласал и колку гласал, пак е тоа лично убедување на пратеникот... не мислам дека се ова што го предлагаш би било изводливо..

Можда предлогов треба да се пренасочи кон друга точка.. На пример, погоре ти реков дека баш ова муабетиве на форумов, и интернетот као медиум придонесуваат и ќе придонесат кон поголема свесност на луѓето.. што е повеќе од факт.. мислам очигледно е.. Можда треба законски да се зајакне, поттикне и заштити граѓанската иницијатива као Уставен модус, а и Уставни измени и дополнувања во надлежностите на Уставниот Суд... Не може работата на Уставниот суд да биде регулирана само со проклет деловник.. мислам ФАК! :pos:.. А Уставот за кој курац им служи на Уставниве?
Вака, ем Уставниот суд ќе ги пердаши интелектуално и законски дебилине од пратеници, а и ќе го спречи носењето на лоши и непрактични закони, и ќе ги натера малце пратеницине поише да засукаат ракави.
А од друга страна и ќе се натераат граѓаниве, малце поише да учествуваат во правниот живот, да влијаат врз одлуките што се носат...
Ова со интернетов шо велиш, може само да се постави измеѓу као медиум на комуникација меѓу граѓаните, за да се договараат, расправаат за проблемите и директно да влијаат врз нив..

друг начин, вака не познавам.. ако знаеш, слободно предлагај.. и онака оваа тема е одличен почеток...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom