Екстремни МТБ патеки

  • Креатор на темата Креатор на темата el_rusius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 февруари 2013
Мислења
10
Поени од реакции
4
Македонија бележи подем во полето на МТБ (mountain biking) велосипедизмот, постарите тури прераснаа во традиција, различни друштва низ македонија си исцртаа нивни, комерцијални тури. Претежно лесни до средни по тежина, со што би биле достапни за пошироката маса учесници. Откако ќе се заситиш со се што таквите тури нудат покрај добра вожња, гужви, музика и пијанки почнуваш да се тргаш на страна и да си го бркаш својот филм. Овде би сакал да ги споделиме нашите искуства, за малку поинакви, поекстремни тури, каде што се лизгаш покрај провалии и на места мораш да го мкнеш бајкот на грб по карпи или да го туркаш по прејак наклон, да ги подмитуваш овчарските кучиња за да не те гледаат толку злобно и на крај да уживаш во најубавите погледи што може земјава да ги понуди од 2000 и нагоре нмв. Од лично искуство ќе ги наведам Солунска Глава и Салаковски езера. Солунска ја олабавивме малку, ја поделивме на два дена, со преспивање во домот Караџица, а Салаковски ја возиме веќе по трет пат како еднодневна тура. На двете тури имам гурано од прилика по 200 метри, по стрмен и технички терен. Нареден проект ми е да се извози Љуботен од Косовска страна, а да го симнеме од наша, а после планирам да ги испитам патеките до Караниколички езера (доколку некој возел, споделете искуства) Овде ќе ја закачам патеката до Салаковски, до Солунска си е мапирана на мапс.
 
Attachments

Поекстремни патеки од оние што ги вози Горан Рашо - не сум видел... Сигурно ќе најдњш нешто што ти се допаѓа во неговата историја на возење.

https://www.strava.com/athletes/4277221
 
Поекстремни патеки од оние што ги вози Горан Рашо - не сум видел... Сигурно ќе најдњш нешто што ти се допаѓа во неговата историја на возење.

https://www.strava.com/athletes/4277221

Фала, ќе разлистам. Но сепак се надевав на лични искуства, кога ќе ти опише некој од прва рака, друго е. :)
 
Не знам кои се поекстремни, ама опасно ме курчите кога возите по пешачки патеки на Водно. Ако сте мераклии, побарајте си дозвола и направете си сопствени коридори по кои нема да одат пешаци. Преку стојан ми е од напалени копиљаци шо се пуштаат по Цветкова, по која не може ни да се улеташ, ни да возиш, туку само пиздиш луѓе шо тргнале пешки и спортуваат.
 
Пелистер downhill стазата.
Ако сакаш за ендуро, пак Пелистер (има многу патеки). Препорака Големо езеро и надолу по дебел рид.

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 
Епа планинарите не дозволија изградба на дх стаза со проект со се беше спремно ама на седница на град скопје не дозволија изградба од неколку друштва така да од ваша страна ја ебаа работата. А од друга страна и незнам зошто се пиздите колку се тие стази за пешаци толку се и за точаци нема закон во Македонија за ова така да не сте во право. А цветкова незнам стварно кој ја користи за спустови најверојатно некој нови деца што не ги знаат добро стазите инаку најчесто се користи Карпи (стазата под жичара кај што беа ставени знаци да се внимава дека има велосипеди, ама паметни планинари ги тргнаа :tapp:) поретко се користат пензија и црвената а гунда се вози за загревање полека. Со 90% од луѓето немаме проблеми има простор и за нив и за нас така доста мал процент сте тие на кој им сметаме така да ве занемаруваме.
 
Токму така. Една е стазата што најчесто се користи за DH, секој што е редовен на Водно го знае тоа (нередовните си цепаат најчесто по асфалт или фаќаат жичара). Освен што се тргнати знаците, редовно се разурнува стазата, намерно се ставаат препреки (гранки, купишта камења), што на некој начин може да се смета како обид за убиство.[DOUBLEPOST=1537616189][/DOUBLEPOST]
Пелистер downhill стазата.
Ако сакаш за ендуро, пак Пелистер (има многу патеки). Препорака Големо езеро и надолу по дебел рид.

Во план ни беше годивнава да се извози Пелистер во склоп на настанот "Ај да возиме на Пелистер" и да ја пробаме ендуро стазата, но поради променливото време организаторите беа на раб да го откажат настанот, па решивме да не одиме за да не испадне вицот - џабе дојдовте. Дента времето се стабилизираше и евентот се одржал. Јебига.[DOUBLEPOST=1537617317][/DOUBLEPOST]Во неделата го извозевме Љуботен. Планот беше да се оди од Косово, ама човекот што ја знае патеката не можеше да не води, па си тргнавме регуларно, од Старо Село. Турата е преубава и не е толку екстремна до самиот крај. Се вози скоро се без гурање, но на крај - километар и пол точакот на грб. Спуштањето по делот кој што се гура/носи е лудница, на доста делови немаш некоја патека па сам си бираш кај тераш. И останатиот дел од спустот е прилично интересен. Има и пешачки патеки се до Старо Село, но не ги пробавме, имавме човек со повреда па моравме да се спуштаме по покомотниот пат. Во прилог неколку слики и рутата.
 
Attachments

  • IMG_128_.jpg
    IMG_128_.jpg
    1,2 MB · Прегледи: 25
  • IMG_154.jpg
    IMG_154.jpg
    596,7 KB · Прегледи: 24
  • IMG_162.jpg
    IMG_162.jpg
    2,7 MB · Прегледи: 24
  • IMG_200_.jpg
    IMG_200_.jpg
    357 KB · Прегледи: 24
  • IMG_218_.jpg
    IMG_218_.jpg
    553,5 KB · Прегледи: 24
  • IMG_225.jpg
    IMG_225.jpg
    3 MB · Прегледи: 25
  • IMG_233.jpg
    IMG_233.jpg
    2,5 MB · Прегледи: 27
  • IMG_236.jpg
    IMG_236.jpg
    2,6 MB · Прегледи: 29
  • IMG_245.jpg
    IMG_245.jpg
    1,4 MB · Прегледи: 26
  • IMG_246.jpg
    IMG_246.jpg
    1,5 MB · Прегледи: 22
  • IMG_254.jpg
    IMG_254.jpg
    2,1 MB · Прегледи: 22
  • IMG_259.jpg
    IMG_259.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 22
  • Старо село - Љуботен.zip
    Старо село - Љуботен.zip
    16,6 KB · Прегледи: 2
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom