Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
„Храмот на Кралот Соломон“ е дел од Еквинокс (главно гласило на „Кроулиевиот“ Ред A.'.A.'.) и тоа првиот том, кој што содржи 10 броеви.
На фб страницата на Хептаграм XI ќе може да најдете повеќе извадоци од книги и слики поврзани со Кроули, Телема и Езотерија. :)
Да знаете дека не Ве заборавам, споделувам со Вас ствари кои ни на сон немаше да насетите дека ги имало... ама ете, интернетот...


|

Ете и за таа „вистина“ што сите старо-еонски секташи зборуваат и се препелкаат наоколу на суво :)
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Кај Кроули, се се врти околу секс и сексуална магија, или криете зад нив поголеми перверзии?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Кај Кроули, се се врти околу секс и сексуална магија, или криете зад нив поголеми перверзии?
Ако за тебе сексот е перверзија, мислам дека треба да седнеш дома со твоите да разјаснете многу работи за и во животот...

Дефинирај перверзии за да можам да ти одговорам на другиот дел од „прашањето“, бидејќи и ти веќе пресуди за Кроули сигурно читајќи по форуми и 2-3 страници есеи кој што напишал за човекот :)
Тоа што ќе напишеш вакви глупости за Кроули - не му ја намалува важноста на неговите размисли за езотеријата и иницијацијата, знаеш тоа нели?

Читајте му ги книгите, луѓе - не бидете џелати од незнаење или суета :)
Темата е да, езотерија и луѓето кои зборувале за тоа и биле некаков авторитет преку својата работа за овие теми, но многу работи денес се јавни кои во тоа време биле тајни, но едно е останато - мрзливоста кај луѓето. Тие најмногу заморуваат и имаат негативен став, со цел брзо да им се каже се, за да не се помачат на патеката.

Не оди тоа така. Егзотеријата, или општото зборување за езотериските праски е за да му се олесни само на оној кој што, како да кажам, има внатрешен повик кон овие ствари, за кој општите работи му се добар патоказ за поголеми и поскриени ствари.

П.С.
Да продолжиш во подфорум „Мистерии“ да си пишуваш шкртаници за шупливи земји и тајни на НЛО, а да оставиш сериозни ствари за другите?
Најпаметно е така ;)
Има таму тема Алистер Кроули“, може да прочиташ за човекот што се е кажано. Има и линкови.
 
Последно уредено:

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Дали сексот е етички исправен или извртена перверзна дејност, зависи од аспектот. Човекот е интелектуално животно и ретко кој практикува јавен секс. Ако не е перверзија во прашање, зошто толку таинственост и срам?
Со магиката не сум доволно запознаен, но мислам дека е уште поголема перверзија.
Почнав да читам некои книги од Кроули и знаев дека пропуштам нешто многу поважно од површинскиот (егзотеричен) слој, кој често пати е без логика. Не ми се допаѓа кога прават теле од мене и не сакам да бидам дел од стадото. Кое е задоволството или придобивката за мене од читање кодиран текст ако клучот не ми е достапен? А знам дека се работи за книга или две, кои први се учат пред проучување на другите.
Во Христијанството и Јудаизмот е појасно. Прво Еврејски, па Зохар, па Тора, па потоа Библија.
Уште Големиот Арканум ви остана. Зошто толку таинственост?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Јавен секс? Не знам што ти е тоа... ниту јас не практикувам секс во кафич или ресторан пред други, иако не ми е грижа за другите, но секако ќе бидам исфрлен надвор од објектот. Бидејќи се имаат правила на игра, не може да правиме како ни текне и кога ни текне, како што и вели „Законот на Телема“.

“Сексот не е се во Животот, како и храната;
но, се додека луѓето не ги задоволат овие природни гладови,
бескорисно е да се очекува од нив да мислат на други работи!”
― Алистер Кроули

Зошто си опседнат со сексот?

Штом не си запознаен со Кроули и неговите размисли, небитно е што мислиш, дури и да е тоа позитивно мислење. Со причина е тајно... не е за да некој те прави теле или не... тоа е типично размислување на стадото.

Пред да ти се даде изворниот код, ќе научиш синтакса и правила на поврзување на работите правилно, за да подобро го разбереш она што подоцна ќе ти се каже... бидејќи од бладања ете кај сме, секој знае и осудува се - а нема трошка познавање ниту потрошено време во учење на работите и хиероглифите. Бесцелно се ви даваме и се е достапно, кога ве убедија дека е непотребно и бесцелно :)

Постојано повторувам: не може да се даде на дете кое не знaе да брои до 10 динамит и кибрит во рацете во исто време!

Ништо не е појасно во христијанството и јудаизмот - затоа настанаа религиите, затоа се појавија мирјани (верници, неиницирани) кои направија егзотериски пристап кон прастари тајни формули, кои денес се обновени. :)

И по ова како наброја книги, Тора, Библија... по се изгледа не разбираш што е што... но има тема за христијанство и прашај таму, во врска со ова :)
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ти до колку знаеш да броиш?
Хептаграм знае да брои до 11. А знае и до 93, знае и до 111 да брои, понекогаш знае и до 156 да изброи а не му е проблем ни до 418. Незнам само дали би ви броел до 718....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
@Ipsissimus :)
Да не заборавиме дека и 666 (ΤΟ ΜΕΓΑ ΘΗΡΙΟΝ) не е на одмет да добројам, 777 им е премногу далечно, сеуште до 93 тешко добројувам со овие тука :)

Кроули во своите „Исповеди“ пишува:
It is necessary to say here that The Beast appears to be a definite individual; to wit, the man Aleister Crowley.“
--- Confessions, A. Crowley

Бидејќи не сте внимателни што читате и што гледате, ете ќе Ве упатам малку така на „Книгата на Законот“:


Како што гледате, предадено од XCIII=418 на 666 ... што, ако погледнете погоре, од цитираното (а и на многу други места, за кои нема да ви зборувам, има зошто тоа е така и како е тоа всушност можно), тоа „не е“ Кроули кој што го знаеме како поет, уживател на дроги, уметник... со еден збор човек.

Затоа постојано зборувам дека Кроули мора да го разгледувате од премногу агли, немал тој едноставен живот како вашиот денес, единствено нешто со кое што можете денес да се идентификувате е вашата позиција на работа што ја имате и ништо повеќе!
Но тоа се мистерии кои тешко дека можам да Ви ги објаснам тука...
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
@Ipsissimus :)
Да не заборавиме дека и 666 (ΤΟ ΜΕΓΑ ΘΗΡΙΟΝ) не е на одмет да добројам, 777 им е премногу далечно, сеуште до 93 тешко добројувам со овие тука :)

Кроули во своите „Исповеди“ пишува:
It is necessary to say here that The Beast appears to be a definite individual; to wit, the man Aleister Crowley.“
--- Confessions, A. Crowley

Бидејќи не сте внимателни што читате и што гледате, ете ќе Ве упатам малку така на „Книгата на Законот“:


Како што гледате, предадено од XCIII=418 на 666 ... што, ако погледнете погоре, од цитираното (а и на многу други места, за кои нема да ви зборувам, има зошто тоа е така и како е тоа всушност можно), тоа „не е“ Кроули кој што го знаеме како поет, уживател на дроги, уметник... со еден збор човек.

Затоа постојано зборувам дека Кроули мора да го разгледувате од премногу агли, немал тој едноставен живот како вашиот денес, единствено нешто со кое што можете денес да се идентификувате е вашата позиција на работа што ја имате и ништо повеќе!
Но тоа се мистерии кои тешко дека можам да Ви ги објаснам тука...
Колку си сигурен дека е тоа така?
Некад човек гледа јаже на пат и од страв дека е змија бега и цел живот си мисли дека било змија.
На кој начин ти дозна дека е тоа вистина....преку сетилата, некој ти кажа, виде во сон.....како?
Исто важи и за @Ipsissimus
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Па начините ти ги пишував и на Телема темата и тука и секаде...
Сакаш отворено да ти зборувам... на форум?
Не може отворено... Посебно не на човек кој што еднаш ми рече дека е мрзлив, си седи и зјапа во сонцето и тоа му е доволно...
За тебе, нема одговор...

Скокаш кога ме читаш со цел да ја задржиш својата основа дека ништо не е реално, се е за сомневање, сетилата лажат, умот исто... сум те читал наоколу, доволно е.
И јас го велам тоа: умот е препрека кон спознанието. Философијата нема да ти помогне тука... философијата не помага никаде за да се стигне до крајниот одговор....
Затоа Магиката е Уметност и Наука... а не е философија!!!

Ми беше чудно кога тоа прв пат го прочитав од Кроули и други мистици... на многу теми... поврзани со езотерија, кабала, Телема, ама... има начини да се заобиколи тоа... како си сигурен пак ќе прашаш во праксите?
Сигурен сум, ги модифицирам :)

Како сум сигурен во себе си? Е што, во тебе да бидам сигурен или во @Ipsissimus или @Атеист ? Јас се сомневам дека 80% од вас ќе си ги продадат родителите ако загусти и потребно е да опстојат во живот и ниту сонце, ниту его ниту философија ниту пракса ќе ве интерериса...
Дали е тоа реалноста? :)

Ти постојано со години едно та исто прашуваш заглавен во тој магичен лавиринт... и сеуште не се нашол маж да ти одговори на она што ти треба да си одговориш преку искуство, знаење, разбирање... :)
А колку е лесно...


 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Колку си сигурен дека е тоа така?
Некад човек гледа јаже на пат и од страв дека е змија бега и цел живот си мисли дека било змија.
На кој начин ти дозна дека е тоа вистина....преку сетилата, некој ти кажа, виде во сон.....како?
Исто важи и за @Ipsissimus
Многу пати сум нагласувал дека симболите се и треба да бидат само линк во кој ќе ги препознаеш сознанијата и искуствата на оној што ги користи со оние до кои самиот си стигнал преку искуство, Разбирање, Осознавање. Во спротивно, симболите стануваат догма, расипан телефон, каде наместо суштината се толкува формата. Затоа на едно место се вели следново:

Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
 

Ровад

Анксиозен пациент и филозоф
Член од
28 август 2017
Мислења
15
Поени од реакции
44
Здраво!
Ме интересира каде кај нас можат да се купат тарот карти по можност Rider-Waite-Smith шпилот и ме интересира во кои книжари можат да се набават книгите на Кроули за чии преводи претпоставувам се "виновни" луѓето што пишуваат на оваа тема и на темата за Телема,па затоа и се обраќам овде.Однапред благодарам на одговорите!Поздрав!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Здраво!
Ме интересира каде кај нас можат да се купат тарот карти по можност Rider-Waite-Smith шпилот и ме интересира во кои книжари можат да се набават книгите на Кроули за чии преводи претпоставувам се "виновни" луѓето што пишуваат на оваа тема и на темата за Телема,па затоа и се обраќам овде.Однапред благодарам на одговорите!Поздрав!
Можеш да ги најдеш на интернет книжарницата kupikniga.mk или да контактираш едно од трите локални тела на ОТО во Македонија, за повеќе информации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom