Еднаш кога бев мал...

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
...Детството моЈе...​

by Jovan Ivanovski



Белешка за писателот

Роден на 04.10 во сега веќе далечната 1988 година, во градот Битола под планината Баба. Учел во основното училиште ЕлпиДа Караманди место каде започнале неговите згоди и незгоди...
(Забавиште ќе го скокниме ме мрзи сеа)

Први септември 1995, првиот школски ден. ПWваче, си ја запознав учителката, имав нови другарчиња, нова чанта, нова тетратка и ново стило/пенкало(Миризливо:pos:)... среќен, весел, насмеан. Интересно ми се виде столчето, и почнав да се клацкам (и ден денес си имам навика да се клАцкам). И онака оддеднаш трас, се лизна столчето, со главата во клупа, аркадата парче... крв насекаде(хорор од Хичкок). Несвесен што се случи ја кревам главата девојчето спроти мене цело во крв, клупата плива во крв, цела училница пишти(се надевам не ве згрозив и мирно ќе спиете, плус помина 12 така да ќе продолжам да пишам:pipi: ).
На болница ме носеа директорката и мојата учителка(уште прв ден со врски:pos:), таму испаничени моите абе лудила. Ај помина тоа ден денес ме памтат учителките во Елпида за тоа.

Имаше уште милион згоди и незгоди во основно, ајде уште една две ќе издвојам. This one time, at band camp... :pos: професорката по музичко,LOOOL секогаш ме тераше да и варам кафе и еднаш на грешка наместо шеќер и турив сол. Географија: Професорот Лука по географија(еден од најдобрите во училиштето), секогаш имавме обичај да се инаетиме... но откако му најдов доказ(скроз офтопик со географија) дека тојота е подобра/поекономична/продавана кола од Мерцедесот, во сите класови ме однесе и кажуваше дека конечно за нешто го надмудриле(плус имав петка доживотно и ослободен од писмени). МакедонскиКласен ми беше, закон професор(нон-стоп ме ослободуваше) цела недела не одев на училиште и ќе се оправдав со 5 тулумби, за секој ден неодење на училиште 1 тулумба. Биологија Иди професорот на час и само: Koj од вас е најдобар спортист?- И сите викаат Јас јас!!! и ми вика...епа Јован ти брзо трчаш? И јас епа да...ај тркни купи две гевречиња од пекара!!!:pos::pos::pos:


Утре ќе пишам за во гимназија, и онака случки од детство.


to be continued.
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ми текнува еднаш у „хотелче“ се качувавме горе на покривот, ќе идевме со лифтот до 5-ти кат и после по скалите горе уште еден кат и имаше една врата која искачаше на покрив и одевме така често да глеаме поглед одозгора.
И еднаш отидов сам горе на покрив и си глеав надоле, и ме виде еден чоек и дигна паника меѓу луѓето дека ќе се фрлам одозгора и се собра цела багра луѓе и да викаат по мене да се вратам од кај шо сум дошол. Тоа испаничени луѓе. А ја само онака отидов да видам шо е како е. :pos:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А башка шо ми ја пееја песната Никола, Никола, ме потсети Гаго. Ужас ми било таа песна :mad::mad::mad: :pos:
За среќа или несреќа имаше две вакви песни од златно славејче, и за среќа или несреќа моето име беше во рефренот на другата, и сите ми пееја: Еј Дејане , Дејане. Исто како и на Гижо и мене оваа песна ми беше ужас.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Аууу ова бруки се:) Ми текнува кога во школското WC си ги меревме некаде во прво второ одделение:) да се видеше кој е поголем фраер а што се вика уште ни влакна немавме:pos2:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
секогаш кога бев немирен седев во кош, кај кантата за ѓубре, и пошо таму па бев мирен, со хартија у џеб набутана ги мавав другите,
ги факав женските за гз, хахахаха кршев столчиња менњавав ташни , прибори за школо, палев макети што не правев.
знам на мали години парите што ми ги даваа да јадам у школо ги чував и таму 2-3одд, одев да купам риби за аквариумот, и ги чував у школо, хахаха у лабавото :) леееееееј коа ке ми текне после и риби продавав
копиљ глуп
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Еднаш у село кај дедо ми и баба ми ги начекав на попладневна дремка и му украдов на дедо ми цигара и ќибрит. Ем-те пушеше во тоа време. :pos: Се скрив кај тоа што го викаат „вада“ (а всушност е некое ко изворче, ама со фекалии од канализација :icon_lol:) и ја палам цигарата онаква узбуџена, срце лупа сто, ко којзнае што да правам... Зимам дим, се угушив, се раскашлав, ме слушна еден роднина на дедо ми, ме фати и ме истаста дека сум пушела цигари и за казна баба ми ме тераше да јадам кисело млеко со кајмак. :pov:

Исто у село, со двајцата братучеди, ни здосади да играме камај-камај и индијанци-каубојци и решивме „илегално“ да се џитнеме у тоа рекичката, Крива Река, која патем е длабока 10 сантима во најголемиот дел и најмногу пола метар во најдлабоките свои делови. :pos: Ама ние копиљана, од земја не се гледавме. Нашите не ни даваа да се бањаме зошто беше прљава и фекална реката. Ама ние нешто се уфилмавме нинџи и се расџиткавме во тоа гадната вода, а алиштата ги оставивме покрај реката, на брегчето... Братучед ми нешто се глупираше, си ги џитна гаќите во водата и реката ги однесе, не успеавме да ги спасиме. :pos: Се вративме дома смрдливи, мокри, калливи и без гаќите на братучед ми и за малце ќе изедевме ќотек. :pos:

Исто со тој Иван, најдобриот мој другар од детството, карши-карши ни беа куќите, какви се глупости не сме правеле... Инвентивни бевме многу :pos: Имавме изградено мала куќичка од неупотребливи цигли што ги крадевме по дворови, испоземавме од дома черги, столчиња, перници... Се сеќавам дека импровизираниот прозор на куќичката всушност беше врата/капак/тоа со кое што се затвара рерната, од некоја стара рерна што сме ја ископале по подруми. :icon_lol: Многу ни беше јака куќицата, имавме и транзисторче на батерии, и дека беше ептен фраерска сите копиљаци од маало сакаа да ни ја видат, па кога увидовме дека можеме и бизнис да правиме од тоа, почнавме да им наплаќаме по 10 денара влез. :pos: Глупи деца, парите за сладолед ги фрлаа на нашата куќа, бе.

Еднаш се нафуравме од еден филм, ќе сме правеле телефон од пластични чаши поврзани со конец од мојот балкон до неговиот. :pos: Тоа не дека се слушаше гласот преку чашките, туку дека бевме на мала далечина, и без чашки се слушавме. :pos:

Исто кај баба ми у село, си игравме кај една стара аут оф употреба воденица, до која има еден јаз, вода во која меле каменот... И да не го објаснувам целиот процес на работа на водениците. :pos: Си игравме таму со братучедите и јас се лизнав и паднав во јазот кој ми беше преку глава длабок... Ќе се удавев за малце да не ме спасеше тетин ми. :pos:

Кај мене у маало, првиот ден кога научив да возам точак, се чувствував ко да сум го освоила врвот на светот. :pos: И таква фраерка, знам да возам точак без помошни, возам низ улица и кога ми залета воланот лево-десно, изгубив контрола и се истумбав во гаражата на комшијата, на удолница. :pos: Каква бев цела крвови, после ролшуи ми купија, точак бил опасен за мене... :pos:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
хммм,епа вака...
кога имав 6-7 години,некаде требаше да одиме кај едни роднини ама јас се плашев од жената и нејќев да одам,ама ме спремија со сила,фармерчина+501 чевли+бетмен ФаНеЛа и таман да тргниме јас изтрчав надвор и се качив на црешата...и таму седев цел ден овие почнаа да ме барат,па викаа комшии по телефони барај барај...и на крај слегов..и дедо ми ме бранеше да не ме масакрират моите :pipi:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
тууууу сите немирни биле бе
ја до 8мо бев божја бубалка мирен учев абе дете за пример
е сеа у средно надокнадувам :zlo:

п.с. на едно момче у 8мо му ја расчукав главата со дрво па го однесеа на шиење (он беше крив)
колку убаво си живееме ден-денес
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Втор дел:

Сеа дур ме маваат флешови...

Му ја секов кабловската на комшијата...добив шамар, следниот ден доби 5 петарди на балкон:pos:, сметките на сите станари од зградата ги украдов, после... на класниот му ги исдишав сите гуми од колата(1 ми пиша!), ми украдоа 500 денари(за хранарина)... цел клас беше претресен ги соблекоа до чорапи:pipi: В гимназија пренесувавме плакарите од еден во друг кабинет, ми падна плакарот цел ходник беше со срчи, кога спомнав срчи - туркав на врата со стакларник(со рацете на скалото) се скрши но јас не се секов туку другар ми од другата страна беше дроп направен. Со другарите градевме кукичка во маалата, уште првиот ден си отидов дома со посинати прсти(чеканот) и шајка во нога. Имав цреша во дворот, секогаш се пентерев на неа, повеќе пати паднав на земја, еднаш кај комшијата од први спрат на балкон:pos:. Друго, имам обичај секој ден да возам со велосипед. Како помал нормално брзав се силев и не ме чукна кола тука јас ја чукнав неа. Се удрив во врата, си заминав човекот изнервиран ќе плукаше по мене, ама заборави дека му е прозорот затворен па си плукна на прозор. Има и уште милион други ствари ама не за на форум:kesa:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
се сеќавам кршев дрва во дворот, дома ги делкав и правев чатали со камења и исто и тие ги продавав во школо, со лепак ги лепев столовите и коа ке седне некој, знам имаше едно женско у 3 одделение нова беше, ама глумеше пичка ипол и и залепив мастика у косата хахахаха мораа да ја шишаат, беше како офца
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Трето одделение имавме една наставничка психопат ме мразеше мене бидејќи сакав паметен да се правам пред нејзе и еднаш ме зезна со една писмена тема по македонски. Добив тројка (бев единствен што добив послаба оценка) и ми рече само на мене да се потпишат моиѕе на тестот. И како што ме дал господ за фалсификување прв пат го фалсификував потписот на татко ми. Моите не дознаа никогаш :pos: :pos:.
Еднаш истотака кај истиот психопат погрешно ми ја оцени задачата па морав пола саат да и докажувам дека грешката е нејзина. Боже колку ја мразев - на крај кога си отиде (на полугодие) го викнав друштвото на прослава пред школси двор на јадење бурек и јогурт.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Третиот ден откако тргнав нашколо си го изгубив Букварот.Во трето ми ги скршија забите.Во осмо фалеше само еден повик на директорката и ке учев во Оризари,со ментални...Исто во осмо почнав да пушам цигари и бегав од една девојка шо сакаше нешто со мене...Мислам се е ОК тоа,ама ја избегав низ џам,и ме виде професорката и па казна...Освен тоа,имав многѕ интересно детство...:smir:
 

Fallen`Angel

Im Gotham's Reckoning
Член од
26 мај 2007
Мислења
5.658
Поени од реакции
75
ми текнуе дека као копиљ неможев да смислам ни едно јадење ако немаше мед во него .. и така еден ден моите направија џигер за ручек и мајка ми ме вика да седнам на маса да јадам .. али ја НЕ БРЕЕ каков џигер одвратно е тоа .. и ме седна мајка ми со сила у скут кај неа и нонстоп ми викаше дека несмеам да станам од масата ако не го изедам .. а ја го глеам тоа џигерот и ми се повраќа .. и после 15 минути седење на масата со пун тањир пред мене почнав да вриштам дека сакам со мед да го јадам .. САКАМ СО МЕД .. САКАМ СО МЕД .. САКАМ СО МЕД ... :pos: .. и мајка ми некако се осуди да ми ја донесе теглата со мед .. и така го изедов цел џигер со мед .. :pos::pos::pos:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Прво одделение, прв школски ден, прво одење на игралиштето... И ја право на дрво, до врвот! На една маслинка се качив, учителката се утепа од дерење, не се симнав. :pipi:
Дури откако ми вети едно дете чоколадо – се симнав. :pos:


Доаѓав на школо и тоа прилично каснев, а пошто наставничката редовно не` караше ако не сме на време, си дојдов до училницата од надвор, подадов ранецот на другарчето, и кога женската се сврте да пишува на табла, влегов низ прозорот. Нормално, поминав со модрици и гребаници од глупата рамка. Ме слушна кога треснав на подот, па откако ме крена и избаци, ми се дереше.


Голем одмор, полн дворот, и гледам едно дете малтретира едно кученце... Викнав друго дете од четврто да го измлати, и после тоа со кучето надвор од школо, тек кога заврна и ми застуде се сетив да се вратам. Си влегов сосе кучето во училница, наставничката почна хистерично да урла, што дури го исплаши кутрото. Претвртев со очи, или направив некоја фаца, не се сеќавам баш... И си излегов надвор. :pos:
После тоа следеше нова епизода дерење. :pipi:


Некои деца од класот се качуваа по оградата, па наставничката сметаше дека е тоа незамисливо ужасен престап, што веднаш свика вонредна родителска средба уште истото попладне. И океј, останавме десетина деца, а не не` пуштаа во училницата. Пошто ќе умрев ако не дознаев што уствари меле тоа глупачата од наставничка, низ клучалката ништо не се гледаше, па ставив увото на врата и им се заканив на децата дека ако ме кажат ќе ги бутнам во фонтана и ги избркав. Збореше нешто за дисциплина, збореше, збореше, и туку едно време стана тивко, ја уште толку сум го стсиснала увото врз вратата, кога одеднаш ја отвори така силно што ме залепи за ѕидот од другата страна и тоа со рацете во вис. Кога се увери дека “нема никој” во ходникот и пак ја тресна вратата, се слизнав по ѕидот на подот и останав така како од бура избацена додека мајка ми не излезе. Имав модрица од кваката. :pipi:


Требаше состав да пишуваме, нешто за милата ни есен. И сите се распишале со тоа моливите, шкрипат по тетратките, наставничката на катедра, тишина... А сељанката до мене препиша малтене сВе. Станав, ја заокружив целата редица (средна), дојдов до клупата од другата страна, и онака ладнокрвно и ја собрав тетратката, скинав листот со составот, и без мува да ме полази, ноншалантно го искинав на пола, па пак на пола, па уште на пола... Уште ми ѕвнои во уши тоа звукот од кинењето на хартијата, и уште ги памтам децана како ме гледаа... :pos:
Ме караа, ми викаа... Око не ми трепна. Одговорот цело време беше “препиша од мене” и ништо друго не кажав. :pos:


Другарот што ме свиѓаше, ја имаше убедено наставничката да го седне до мене. Толку ме изнервира еден ден што му го пукнав носот. Немав намера да го треснам онака, ама претера малиот. Не му беше доста, на физичко го дотепав со баскет и медицинка. Ме караа мене, аф корс.
Кратко после тоа станавме најдобри другари. :pipi:


Имавме некој натпревар... Игри без граници. И ја бев у тимот од нашето одд., играта беше нешто со вода... Требаше од пластична чаша со вода, со лажиче да ја пренесувам во шише, и кој повеќе вода за една минута. Пошто дечиштана од другото одд. мамеа, си дотураа вода без да ги видат, џитнав лажицата, зедов чашата и му ја истурив врз глава на девојчето што се натпреваруваше со мене. Дисквалификувана, наравно. :pipi:



Дел од глупостите до 4 одделение. :)
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58
ама ја избегав низ џам,и ме виде професорката и па казна...Освен тоа,имав многѕ интересно детство...:smir:
и мене така неколку пати во основно кога имавме физичко или голем одмор ме мрзеше да излегувам низ врата да вртам цело школо за да одам на час или одмор.. одма од џам излегував и се почесто ме гледаа како скокам, и ајде кај педагог, директор........

еден ден игравме една игра 3-2-1 и ако каже некој збор го тепавме кај ни дојде... едно дете мирно беше многу малко говореше.. кажа нешто тие другите го истепаа додека јас дојдам наред.. ме виде мене и уште некој други не кажа на директорот.. и одиме горе кај директорот, мене една професорка ме прашува мене како највисок "ти чиј син си" ја и викам на мама и тато на кој да бидам, тие шо беа околу мене пукнаа од смеење......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom