Египетска цивилизација, (почетничка) египтологија и ваши лични сознанија околу нив

Статус
Затворена за нови мислења.

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.990
Во ова време-невреме, во кое сите сме под принудна изолација, би било интересено да се отвори и ваква тема, која ја третира една од сè уште најинтересните и најенигматични човечки цивилизации. Сечиј придонес тука, поткрепен со документирани извори ќе биде ценет, па дури и теориите на заговори. Како членови кои негуваат интерес и поседуваат знаење од оваа проблематика, би ги повикала оние кои колку-толку ги познавам од форумов и чиешто мислење го уважувам - @Darling, @парва, @Bodhidharma, @BenDover да ја отворат темава, како и сите други ентузијасти кои би сакале да ни се приклучат тука нам.
 
Последно уредено:

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.199
Поени од реакции
3.520
Малку спам :) ама морам да споделам курс за заитресираните:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.629
Поени од реакции
7.947
Малку спам :) ама морам да споделам курс за заитресираните:
Колку гледам бесплатен е, освен ако не сакаш сертификат да ти дадат.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.199
Поени од реакции
3.520
Колку гледам бесплатен е, освен ако не сакаш сертификат да ти дадат.
Да, да. Затоа го поставив линкот. За тие што ги интресира е супер шанса да се добијат точни информации од археолози и историчари на уметност.
Добро е што не си временски обврзан едноставно кога имаш време може да ги следиш предавањата и да си ги исполниш задачите кои ги има курсот. Курсевите колку што прочитав ке бидат бесплатни до 2021.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.990
Бидејќи има и премногу нешта кои вреди да се третираат на оваа тема, а од некаде сепак мора да се започне, би започнала од обелисците. Изделкани монолитни камени блокови, со висина од повеќе метри, завршуваат со врв во облик на пирамида, која најверојатно била изворно позлатена, како симбол на примордијалниот камен Бенбен или пирамидион, на кој и се базира формата на пирамидите. Највисоките обелисци се подигнати во време на Тутмес III, инаку посинок на познатата владетелка Хатшепсут.

Пирамидионот од пирамидата на фараонот Аменемхат III, од египетскиот музеј во Каиро.

Pyramidion_of_the_Pyramid_of_Amenemhet_III_at_Dahshur.jpg

Претпоставениот позлатен врв на обелисците, онака како тој би изгледал изворно.

fa917e4245a66d1c9e0c553e9bd0be0d.jpg

Врвот на најголемата т.е. Кеопсова пирамида во комплексот во Гиза, која наводно била обложена со блокови од бел гранит, а врвот ѝ бил позлатен.

depositphotos_44886555-stock-photo-pyramid-with-gold-top.jpg

Најголемиот, нефиниширан и неиздигнат обелиск во Асван, кој бил нарачан од владетелката Хатшепсут, со висина од околу 42 метри и тежина од над 1000 тона.

unf-ob-larger.jpg
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.629
Поени од реакции
7.947
Логично е да почнеме со некоја хронологија на настани, и датирање на случувањата. Од аспект на еден артефакт, кралска листа од Торино...како и да е преводот.

Се смета дека потекнува од времето на Рамзес II негде 3300 год. старо.
Она што е фасцинантно, и оди контра сите прифатени модели кои официјалната историја ни ги кажува е што листата вклучува Богови, потоа спиритуални и митски кралеви за на крај да дојде до династиите.
Доста голем дел од информациите се изгубени, ама од она што го има на пр. може да се види владеење на
The Dual King Set ... 200 + x years
The Dual King Horus gods 300 years
The Dual King Djehuty (Thoth), life, prosperity, and health 7726 years
И така натака...
 

Sasa Ilic

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
2.152
Поени од реакции
4.730
- Египќаните најмногу се бавеле со посматрање на ѕвездите и бележиле која тачно се појавува по изгревање на Сонцето. Најважна ѕвезда им била Сириус, зошто?
Затоа што египетските земјоделци тогаш почнувале со работата, а по современиот календар тоа се дешавало во јуни.

- Египќаните меѓу првите дошле до сознание дека годината трае 365,25 дена, но во употреба бил помал граѓански календар кој траел 360 дена. Дури во 2400 година п. н. е. тие го коригирале на 365 дена.

- Околу математиката во Египет биле корстени аритметиката и геомтријата. При градење на иригационите канали и одредување на границите на номите (т. н. окрузи во Египет во тоа време), Нил секоја година кога се повлекувал во своето корито ги бришал меѓите од претходната година. Посебна умешност во градењето имале градителите на египетските пирамиди кога го рачунале нагибот на тие монументални гробници.

- Во III милениум Египќаните знаеле за циркулацијата на крвта, дека срцето го покренувало таа циркулација, дека постои пулс и промена на неговиот ритам. Се бавеле и со анатомија, нели бидејќи мумифицирале покојници, а и имале многу одлики на превентивната медицина, така што имале прописи околу исхраната и хигиената.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
1.152
Поени од реакции
8.259
Здрао дечки, ја би прво нешто опширно,нешто од почетак

The gift of the Nile!!!
Сфака стара цивилизација се гради и одржава около плодну земњу и пуноводну и пловну реку.
Древни кинези ги имаф плаву(Јангце)и жуту(Хоангхо),месопотамци Тигар и Еуфрат,стари индусти Ганга и Инд.
Фејмс Еџипт га има Нил
Дугачак 6650 км тече у 7 државе, составен од плаф и бел Нил,овај река е "крива"за нашу љубаф спрема нешто древно и вредно
"Ships sail for you,from the north to south,bringing barley... without end."
Ramses || rule(1279-1213 bce)

Осфен плодну земњу,добра клима,стабилност на овуј цивилизацију гу пружаф поданост спрема фараони кои се третираф како богови,религиски верувања,добар секојдневан живот,верување у афтерлајф.Владеење се дели на 31 династију,270 фараони од кои 6 жене(Мернејт,Собекнефру,Нефертити,Хатшепсут,Тфосрет и Клеопатра),три кралстфа(старо,средно и ново).У Египет има 360 божестфа, ама за богови ке дискутирамо покасно...
Менес(Нармер) или кинг Шкорпион е прф званичан фараон, около 3100 пне ги споија горен и долен Египет.
Олмајти Рамзес ||...
Иам предлог сги позначајни да ги дискутирамо оделно!
Главни градови се мењаф у зависност од династие(Мемфис,Амарна,Танис,Теба,Пи-Рамези,Александрија...)
Најголеми трговие ги праиф сс Нубијци(Кушити),Хетити(град Библос)а и сс Минојци и Микенци(бакар и вино)
Најголеми војне скоро сс исти осфен М на кфадрат,заради контролу на злато(Нубија), Хетити(битка Кадеш 1274 пне)Либија(1069 пне заземала га Горњн Египет)
Прва пирамида:Скалеста пирамида у Сакара 2700 пне,фараон Џосер.После Снефру и Дахшур у Гизу,ама онија мали што стоиф до три големи.
Кеопс,Кефрен и Микерин(трите големи)
Најпознати градбе
Абу Симбел,Карнак,Луксор кој е правен блиско до Тебу или добро познато место Валејс оф д кинг

Киду да ручам : D
Ке продужу друг пут.
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
813
Поени од реакции
2.008
Можеби прелетувам...

Функцијата на пирамидите е сеуште дискутабилна, но и да биле гробници, вредно е да се напомене дека најчесто фатаоните биле погребувано во Западни Тебански Планини - Долината на кралевиte....токму во гробници.

Една од моите омилени, можеби најмонументални, со чинам оригинално најголемиот еректиран обелиск ? - гробницата на Хатшепсут...
Ископана 1891, денеска реконструирана.

Hatshetsup-temple-1by7.jpg

Вредни за споменување ( а што нивно не е ) се двата храма во Абу Симбел, на Рамзес 2 и неговата кралица Нефертари, дислоцирани на повисока надморска височина во 1968 год. поради опасност од поплава - Изградена брана на езерото Насер.

1280px-Panorama_Abu_Simbel_crop (1).jpg
лево Рамзес 2 .... десно Нефертари....

IMG_0012-72.jpg

DSCF4089.jpg

Одлична тема, благодарам на покана!
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.990
Како што спомена и Парва, Нармер или Менес, во поново време наречен и „Кралот-Скорпија“, е основач на првата египетска династија, кој ги обединил Горен и Долен Египет.

Палета за мешање на шминка на фараонот Нармер, на сликите е прикажан нејзиниот аверс и реверс, со негова релјефна претстава како го покорува непријателот.

13394109_961454430636682_6157457713150623867_n.jpg

13418892_961454337303358_6886133792749077554_n.jpg

Двете круни, кои ги симболизираат Горен и Долен Египет, обединети во една, симболот на сплотениот под Нармер Египет.

pg18-1.jpg

Камена глава со ликот на Нармер.

narmer-07a11431-baf1-4b77-9634-2e059a2c11b-resize-750.jpeg

Главата на камениот боздоган на Нармер, со приказ на фараонот седнат на трон, кој ја носи црвената круна на Долен Египет и пред кого ги изнесуваат воените заробеници и плен, од левата страна е инскрибирано неговото име врамено од сокол, а на дното е претставена пљачка во форма на луѓе и стока.

Mace-head_of_King_Narmer.jpg

1280px-Narmer_Macehead_drawing.jpg

Видеоклип за Нармер.

 
Последно уредено:

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
345
Поени од реакции
489
Едно нешто шо треба да се напомени за древниот Египет, е дека, жената била најубо (најдобро/најарно) третирана од сите антички цивилизации шо постоеле, а можи и да се речи воопшто во цела историја. Биле рамноправни со мажите, а дури и отпосле че се бираат многу фараонки на престолите. Имале право на сопствен имот, трговија, бизнис, да бараат развод и т.н. Можеле да купуваат накити и се облекувале мн. убо. Статусот на жените во египетското општество бил толку бил толку битен шо правото на наследство т.е. на престолот (или круната, како и да е) било пренесувано преку царските жени, а не мажите. Черките на фараоните биле битни.

Ако идеалниот маж во Египет е воин, ловец или жрец, жената како да е оддадена на љубовта и ги исполнува сите улоги сврзани со женското начело. Таа предизвикува желба, приврзаност, но исто така и почит и доверба, и истовремено е љубовница, другарка, сопруга, како и мајка. Уште од своето детство, малото девојче е воспитувано да има свое место во едно општество, кое не гледа со потценување на него. Ако за младата Египќанка е важно да се чувствува корисно за општеството, тогаш да си најди сопруг, кој че ја сака и кога таа че го сака, останува првостепена работа. Кога че се дојди до брак, мора да има согласност од таткото на девојката. Шо се однесува на таткото на момчето, тој му предава на својот син неколку упатства (способни да ги фрлат во радост нашите феминистки): „Немој дај демнееш жена си во нејзиниот дом, ако знаеш дека е добродетелна. Не ѝ подвикнувај: 'Каде е ова или она?' 'Донеси ми го!', кога то е клаено кај шо му е местото. Окото нека ти се загледуав, додека ти молчиш. Цени ја според достоинството. Каква радост е да бидите двајцата рака во рака!“

Ваквата рамноправност и храмонија мејџу маш и жена е изгубена од тогаш, и до ден денеска не се има опоравено. Со падот на Египет под Римското царство, овие вредонсти, како и рамноправноста на жената засекогаш се губат.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.629
Поени од реакции
7.947
Апдејт да направам, со помош на креаторот на темата.....уствари станува збор за малку подобар линк, поедноставен. На кој има и други ствари поврзани со Египет....еве:

Column One
  • (Pre-Dynastic Horus God Kings)
  • Geb
  • Ausar (Osiris)
  • Setekh (Set)
  • Hor (Horus), Hor gods, 300 years
  • Djehuty (Thoth), 7,726 years
  • Ma’at, 100 years
  • Hor (Horus)
Column Two
Column Three
Forth Column
Fifth Column
Sixth Column
  • (Middle Kingdom)
  • Maakherure (Amenemhat IV)
  • Khutawyre (Wegaf)
  • Sekhemkake (Amenemhat V)
  • Amenemhatre (Amenemhat)
  • Sehotepibre
  • Iunfni
  • Sankhibre (Amenemhat VI)
  • Smenkare
  • Sehotepibre
  • Swadjkare
  • Nedjemibre
  • Sobek[hotep]re
  • m[?]nbw
  • Auibre
  • Sedjef[?]kare (Amenemhat (Amenemhat VII)
  • Amenemhat Sobekhotep
  • User[?]Re[?]djer
  • [?]kare
  • [?]re (intef IV)
  • [?]ibre Seth (Seth)
  • Sekhem[?]Re[?]Sobekhotep (Sobekhotep III)
  • Kha-[sekhem]-Re Nefer-hotep, 11 years
  • Hwt-Re-her-Hor-sa
  • Kha-nefer-Re Sobek-hotep
Seventh Column
  • (Middle Kingdom)
  • Kha-hotep-Hor-Re, 4 years
  • Uah-ibya-ib-Re, 10 years, 8 months, 28 days
  • Mer-nefer-Re, 23 years, 8 months,18 days
  • Mer-hotep-Re, 2 years
  • Sankh-nes-wadj-tu-Re, 3 years
  • Mer-sekhem-in-[?]-Re, 3 years
  • Sudj-ka-Hori-Re, [5] years
  • Mer-ka-Re, 2 years
  • [?]
  • [?]
  • [?]
  • [?]-mose
  • [?]-[?]-Maa’t-Re
  • [?]-Re-uben-Re
  • [?]-ka-Hor-Re
  • [?]-Re
  • [?]-Re
  • [?]
  • [?]-Hor
  • [?]-r-Re
  • Mer-kheper-Re
  • Mer-ka-[Re]
Column Eight
  • (Middle Kingdom)
  • Ne-hesy
  • Khaty-Re
  • Nebef-aut-Re, 1 year, 5 months, 15 days
  • Se-heb-Re, 3 years
  • Mer-djefa-Re, 3 years
  • Saa’-ka-Re, 1 year
  • Neb-djefa-Re-Re, 1 year
  • Uben-Re-Hor-Re
  • [?], 1 year
  • [?]-Re, 4 years
  • [?]-bin-Re-Hor-[?], 3 years
  • Aut-ib-Re
  • Her-ib-Re, life, prosperity
  • Neb-sen-Re
  • [?]-Re
  • Skheper-ren-Re, 2 year
  • Djed-Hor-kheru-Re, 2 year
  • Sankh-ib-Re
  • Nefer-tem-[?]-Hor-Re
  • Sekhem-[?]-Re
  • Ka-[?]-ut-kha-Re
  • Nefer-ib-[?]-Re
  • Ii-[?]-Re, life, prosperity, health
  • Khaa’-[?]-Re
  • Aa’-ka-Re
  • Smen-[?]-Re
  • Djed-djed-[?]-Re
Column Nine
  • (Middle Kingdom and Second Intermediate Period)
  • [?]-Re
  • [?]
  • [?]
  • [?]-Re
  • [?]-Re
  • Snefer-[?]-Re
  • Men-[?]-Re
  • [?]-djed-djed-[?]
  • [?]
  • [?]
  • [?]
  • Inek-[?]
  • Ii-neb-[?]
  • Ip-[?]
  • Hab
  • Sa [son]
  • Hapu-kha
  • Shemes-su
  • Meni-[?]
  • Wer-kai [great height]
  • [?]
  • [?]-I-ka
  • [?]-Hor
  • [?]-ren
  • [?]-ka-Hor
  • [?]-ka-Hor
  • [?]
Column Ten
  • (Second Intermediate Period)
  • I-[?]
  • Sutekh-Hor-[?]
  • Nu-[?]
  • Hor-[?]
  • [?]
  • Iw-ibi-[?]
  • Mer-[?]-peh-Hor
  • Penen-set-[?]-n-sepet
  • Kher-hemaut-[?]
  • Khui-hemet
  • [?]
  • [?]
  • [?]
  • Seket-[?]
  • Ar-[?]
Column Eleven
  • (Second Intermediate Period)
  • Sekhem-[?]-Re, 3 years
  • Sekhem-Hor-[?]-Re, 13 years
  • Sekhem-Hor-s-[?]-Re, 1 year
  • Swadj-n-[?]-Re, 1 year
  • Neb-iry-au-Re
  • Neb-it-au-Re
  • Smen-dja-Re
  • Suser-sir-[?]-Re
  • Sekhem-shed-Waset-Re
  • [?]-Re
  • [?]
  • [?]-Re
  • [?]
  • [?]
  • User-[?]-Re
  • User-[?]
  • [?]-heb-Re
  • [?]
  • [?]
  • [?], 3 years
  • [?]-n-Re-Hor, 3 year

  • Го сметам за крајно фасцинантен збир на податоци, кој ми пополнува доста дупки во моите верувања за положбата на човекот како го знаеме денеска во универзумов.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
5.690
па дури и теориите на заговори
Теориите на заговор ќе носат 10 поени.

Формурилај ја темата како што треба па ќе го едитирам воведниот пост, до тогаш :kluc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom