Европски универзитет ќе додели 1.000 стипендии за студирање

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Првиот приватен Универзитет, Европскиот ќе додели 600 стипендии од по 500 евра за додипломски, и уште 400 стипендии од по 1.000 евра за постдипломски студии, на претстојниот саем на образованието. Ректорската Управа и претстедателот на универзитетот одлучиле дека секој оној кој од утре па се до сабота ќе склучи договор за студирање на Европскиот Универзитет ќе ја добие оваа стипендија.
Ова е прв пат една високо образовна институција во Македонија да доделува 1.000 стипендии за студирање. Договорите ќе се потпишуваат на штандот на Европскиот Универзитет на Скопскиот саем. Пред тоа идните студенти ќе можат да аплицираат и он лај преку интернет страницата на овој универзитет.
Инаку Европскиот Универзитет продолжува со усовршување на своите наставни програми. Во соработка со Мајкрософт, а во рамки на светската промоција на Виндоус сервер 2008 денеска и студентите на овој универзитет може да се запознаат со врвните компјутерски достигнувања. Покрај во Скопје, преку сигнал во живо предавањето можеа да го следат и студентите на Европскиот Универзитет од Охрид.

Ќе закачам и фотки за тоа како се следеше Мајкрософт семинарот во Охрид преку директен линк од Скопје
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Декстер,нели е ова ионака попустот што го даваш за плаќање во готово? :)

Лани нас од Еуроколеџ ни даваа стипендија вредна 3000 евра :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
WTF?

На ЕУРМ увек се плаќа во готово, нема никаков попуст незнам за Еуроколеџ кој BTW нели беше див и го затвори владава со закон :pos:?
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Значи 500 евра попуст а? Супер,веќе аплицирав
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.162
Поени од реакции
6.032
Што не им текна лани да даваат?
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Мораше да се врати ударот од кампањата на ФОН
 
C

cige

Гостин
супер
а ке вази ова и за наредните години
или ова е еднократна понуда?
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.162
Поени од реакции
6.032
Па негде у периодот околу саемот за образование ќе кажат дали и догодина ќе даваат.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Хахах добар бизнис, ти намалува 1000 еура и ти ги наплаќа во наредните неколку години (зависно од студиите) 10 пати повеќе : ))) И не е баш стипендија повеќе како попуст на првите 1000 души што ќе се запишат, стипендија се стекнува сосема на друг начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom