Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
МЕДИУМИТЕ ОД ЈУЖНИОТ СОСЕД РЕАГИРААТ
Грците се попалија и од Европскиот Универзитет
Еден од водечките грчки дневни весници - Елефтерос Типос е загрижен затоа што Европскиот универзитет од Скопје станал меѓународна високообразовна институција која има свој универзитет и во Лондон, на кој отворил и три факултети, при што Грците му оспоруваат право на приватниот Европски универзитет да одбере имиња за своите факултети, па со таа грижа весникот пишува: Скопје именува универзитетски факултети со името на Александар Велики и Филип Втори
Скопје именува универзитетски факултети со името на Александар Велики, пишува деновиве грчкиот весник "Елефтерос типос". Станува збор за Европскиот универзитет - Република Македонија, кој скоро отвори филијала во британската престолнина Лондон.
Во момент кога продолжуваат преговорите меѓу Атина и Скопје за името на републиката, еден од трите факултети ќе го добие името Александар Велики, се посочува во изданието.
Елефтерос типос, потоа, ги запознава грчките читатели со Европскиот универзитет во Скопје - Европскиот универзитет во Македонија ги отвори вратите на 1 јуни 2005 година. Филијалата во Лондон е прва таква во странство. По долгите преговори, Универзитетот од Скопје купи колеџ во Лондон и моментно преговара со Оксфорд. Целта е да се отвори филијала во најстариот универзитет во Велика Британија.
На почеток, во британската филијала ЕУРМ ќе има три факултети, за економски науки "Свети Никола", за информатички технологии "Александар Македонски" и за уметност "Филип Втори". По купувањето на британскиот колеџ, има договор околу 1.000 студенти и 20 предавачи да станат дел од Европскиот универзитет РМ, заклучува авторот на текстот во Елефтерос типос.
ОДГОВОР НА ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ
Европскиот универзитет Република Македонија, со седиште во Скопје, ја потврдува информацијата на Елефтерос типос дека по пат на купување удели е мнозински сопственик на Вестминстер колеџот од Лондон, и преговара за влез во Оксфорд. Со ова, Европскиот универзитет стана прва меѓународна високообразовна институција од Македонија.
Европскиот универзитет, притоа, изразува задоволство што овој развој и меѓународен настап на Универзитетот предизвикал внимание и во Грција. Во однос на имињата на факултетите да потсетиме дека Европскиот универзитет е приватна институција, и самостојно одлучува по тоа прашање.
Елевтерос типос: САД бара решение Скопје ... идентичност
Владата на Џорџ Буш би сакала да се збогува со светската заедница со дипломатски успеси во последен момент: уредување на Блиско источниот проблем, кипарското прашање и спорот меѓу Атина и Скопје за името на републиката, стои во вчерашното издание на грчкиот весник Елевтерос типосс. Во статиата насловена "САД бара решение Скопје ... идентичност". се посочува дека успесите по второто и третото прашање се сметаат за полесни. Заради тоа се очекува по летото да бидат направени обиди да бидат ставени потписи на договорите.
Во септември во Советот за безбедност на ООН, во присуство на американскиот претседател, ланира последно буткање за да се најде решение за проблемот за името на Македонија. Американската дипломатија може да се задоволи дури и со еден општ договор за примена на сложено име на републиката. На преговарачката маса е предложено "Северна Македонија", пишува изданието.
Извор : Вечер