ЕХФ ЕВРОЛИГА

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Завршница на сезона 2023/24.
Хамбург е градот домаќин.


3 германски екипи и Динамо Букурешт, да ја спаси честа на останатите од Европа.

Горе, долу очекуван епилог со полуфиналистите, иако по мое на местото на РНЛ требаше да биде Спортинг, а доколку беа поконцентрирани лесно момците од НАНТ ќе го заземеа местото на Фуксе.
Но, сепак, штом успеале во гости РНЛ и Фуксе да одиграат добро, значи го заслужуваат пласманот на Ф4.

Полуфинални двојки.

Фленсбург-Динамо Букурешт од 15:00 часот и РНЛ-ФУКСЕ од 18;00 часот.

Во двата меча се очекува неизвесен ракомет.


Јас предност им давам на Фленсбург и ФУКСЕ, и прогнозирам нивни дуел во финале.

Фленсбург има доста јака екипа, но многу пехови со повредите.
Да не се повредеше Кај Смитс ќе беа супер квалитетни и ќе парираа и во Бундес лига.
Вака, без екстра десен бек не е лесно да се игра.
Во Европска лига доста солидно и константно играат, не се почуствуваа многу тие слабости од домашно првенство, можеби и очекувано, со оглед на тоа што речиси најголемиот дел од учесниците во Европската лига го немаат тој квалитет од бундеслигата.

Динамо е екипа у успону, сериозни пари се вложуваат, започнаа последните години да доаѓаат јаки играчи, шо беше незамисливо, дотогаш се задоволуваа со репрезентативци на Тунис, Иран итн, најпознато име беше Сендрик Сориандо.
Последните 2 сезони веќе стануват интересна дестинација за квалитетните играчи.
Чави Пасквал за тренер, Давид Баруфет спортски директор, не е ни чудно шо доста звучни имиња се решија да направат трансфер во послаба лига.
Циндриќ, Кукиќ на плеј. Роста на пикер, Кашпарек, Али Зеин, Цупара на гол, Акименко десно крило, неколку романски репрезентативци шо имаат пред се дефанзивни задачи ( Милитару, Ракотеа, Деду)..
Би требало да пружат отпор против Фленсбург, но не ми се верува до крај да издржат.
Ќе видиме за некој час.

РНЛ не е како оној тим на времето, ама знаат да направат белја.
Ако ги потцениш може скапо да те чини тоа.
Тоа на своја кожа го почуствува Спортинг на првиот меч.
Јури Кнор е прва звезда на тимот, најверојатно наредна сезона заминува во Алборг, за рекордна оштета.
Јагањац е одамна повреден, Геншајмер само на хартија се води сеуште играч на РНЛ, одамна нема играно.
Имаат доста интересни играчи, како Киркелоке на десен, Море на лево крило.
Доста непознати, но многу незгодни бекови, како Ахансу и Давидсон на лев, Линдехроне на десен бек.
Бирлем и Шпат доста ветуваат на гол линија, солидно се развиваат.
На пикер стандард Јаник Колбахер, тука се искусните Апелгрин на гол, десните крила Рајхман и Грецки.
Според имиња и форма немаат некои шанси со Фуксе, но сепак се е можно.

Фуксе од друга страна, пропуштија одлична, би рекол и историска шанса за титула во Бундеслига.
Немаа сили до крај, тој нерешен исход со Кил дома, кога прокоцкаа +2 на неполни 2 минути до крај ги поремети ептен.

Одлична екипа на сите позиции, освен на плеј.
Според мене им фали еден екстра среден бек, да ги поврзе Ласе Андерсон со Гидсел.
Лихтлајн не е лош играч за плеј, но му фали време за да се развие на нивото на другиот дел од тимот.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.064
Поени од реакции
2.011
Можеби очекувано беше Фуксе да играт финале,се надевав Романците да направат изненадување против Фленсбург читајги по спортски портали иако искрено немав гледано ниедна утакмица од нив.
Јури Кнор добар играч е,ама баткава е влезен во некој филм дека е Карабатич и фурат one man show...
Фуксе тепат гарант денес,да тие е милина да гледаш ракометари ко Гидсел,Андершон и еден од најдобрите голмани во светот Милосављев/кинески зид.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Ќе решаваат нијанси во финале.
Тука некаде се екипите по квалитет.
Мојот тип е денес на Фленсбург.
Ми делуваат како покомпактен тим од Фуксе, со подолга клупа.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.064
Поени од реакции
2.011
Ќе решаваат нијанси во финале.
Тука некаде се екипите по квалитет.
Мојот тип е денес на Фленсбург.
Ми делуваат како покомпактен тим од Фуксе, со подолга клупа.
Јас сум 100 сигурен дека Фуксе тепат,а Јоте,чоколадниот,мелер и исланџанецот се истрошени батерии, немат да се заприметат денес.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.263
Поени од реакции
5.076
Очекувано финале, можи и најдобрите две екипи во ЕЛ, треба да има одлично финале.
Јас предноста после би му ја препуштил на Фуксе, благ фаворит ми е некако пред Фленсбург, кој како шо кажаја погоре се со подолга клупа и онаа скандинавска колонија во екипата, од друга страна Фуксе ми е посимпатична екипа со позвучни имиња на дел од позициите.

Плус Фуксе во оваа ЕЛ, ми е исто како Севиља во фудбалот во ЕЛ :D Некако како само ова натпреварување да го играт, ако освојат и сезонава слободно можи додавка во името да има European League Fuchse Berlin :pos::pos:
Па во последните 10 години, 7-8 финалиња, 3 или 4 пати се шампиони, еднаш трето место, скоро секогаш се на завршница, дефинитивно му лежи ова натпреварување....
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.064
Поени од реакции
2.011
Одлично финале и заслужена победа на Фленсбург,нивна најдобра партија сезонава.
Играч на натпреварот голманот Мелер,лесно им ги прочита шутевите на своите сонародници.....хаха кога јас знам кај шутирет линдберг и ласе шо останвит за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom